Град Скопје
Град Скопје — посебна административна единица во Република Македонија која го покрива главниот град Скопје, но и 31 село во Скопско. Се состои од 10 општини. Дел е од Скопскиот Регион.
Град Скопје | |||
---|---|---|---|
Административна единица | |||
Карта на општините во Град Скопје | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Дебар Маало, Скопје | ||
Општини | Список
| ||
Управа | |||
• Вид | Собрание/Совет | ||
• Орган | Совет на Град Скопје | ||
• Градоначалник | Данела Арсовска (независна) | ||
Површина | |||
• Административна единица | 659,87 км2 (254,78 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Административна единица | 526.502 | ||
• Густина | 800/км2 (2,100/ми2) | ||
• Градскo | 422,540 | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +02 | ||
Регистарски таблички | SK | ||
Мреж. место | skopje.gov.mk |
Поделбата на Град Скопје како посебна единица на локална самоуправа е дефинирана во Законот за Град Скопје[2], донесен на 16 август 2004 година.
Град Скопје се граничи со Општина Чучер-Сандево и Косово на север, Општина Јегуновце и Општина Желино на запад, Општина Сопиште и Општина Студеничани на југ и Општина Илинден, Општина Липково на североисток, и Општина Арачиново на исток.
Општини
уредиДесетте општини во Град Скопје се:
Општина | HASC[1] | Седиште на општината | Површина (км2) |
Население (2021) |
---|---|---|---|---|
Аеродром | MK.AD | Јане Сандански | 21,85 | 77.735 |
Бутел | MK.BU | Бутел | 60,79 | 37.968 |
Гази Баба | MK.GB | Гази Баба | 110,86 | 69.626 |
Ѓорче Петров | MK.GP | Ѓорче Петров | 66,93 | 44.844 |
Карпош | MK.KX | Карпош III | 105 | 63.760 |
Кисела Вода | MK.VD | Кисела Вода | 46,86 | 61.965 |
Сарај | MK.AJ | Сарај | 229,06 | 38.399 |
Центар | MK.CE | Дебар Маало | 7,52 | 43.893 |
Чаир | MK.CI | Чаир | 3,52 | 62.586 |
Шуто Оризари | MK.SO | Шуто Оризари | 7,48 | 25.726 |
Град Скопје | Вкупно | 659,87 | 526.502 |
Демографија
уредиНа пописот од 2002 година, Скопје има 506.926 жители. Најбројна етничка група се Македонците со 66,75% од населението, а потоа Албанците (20,46%), Ромите (4,63%), Србите (2,82%), Турците (1,70%), Бошњаците (1,50%) и Власите (0,50%).
97,5% од населението над 10-годишна возраст е писмено.
- Народности во Град Скопје
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Останати | Вкупно | Навод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | 51.819 | 5.209 | 13.928 | 5.796 | 665 | 5.872 | 405 | 3.960 | 87.6541 | [3] |
1953 | 74.686 | 3.166 | 22.562 | 7.829 | 438 | 8.650 | ― | 4.812 | 122.1432 | [4][5] |
1961 | 120.467 | 13.130 | ― | 10.652 | ― | 13.341 | 526 | 24.153 | 182.2693 | [6] |
1971 | 245.529 | 53.946 | ― | 17.068 | ― | 21.426 | 381 | 50.612 | 388.9624 | [7] |
1981 | 320.562 | 86.462 | ― | 24.027 | ― | 21.342 | 13.905 | 38.634 | 504.9325 | [8] |
1994 | 356.535 | 113.426 | 12.827 | 20.979 | 2.230 | 20.085 | ― | 19.146 | 545.2286 | [9] |
2002 | 332.778 | 71.483 | 8.549 | 23.202 | 2.546 | 14.251 | 6.465 | 7.983 | 467.2577 | [10] |
2004 | 338.358 | 100.891 | 8.595 | 23.475 | 2.557 | 14.298 | 7.585 | 8.167 | 506.9268 | [2] |
2021 | 309.107 | 120.293 | 8.524 | 18.498 | 2.778 | 9.478 | 7.365 | 50.459 | 526.5029 | [11] |
1 Бошњаците во оваа табела се заведени во графата „Неопределени муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (986), Словенци (425), Црногорци (770), Бугари (275), Чеси (74), Словаци (11), и останати (1,419).
2 Бошњаците биле заведувани во графата „Неопределени Југословени“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (1,351), Словенци (552), Црногорци (1,064), Југословени неопределени (203), останати Словени (784), и останати несловени (858).
3 Турците и Власите биле заведувани во службената графа „Останати“. Бошњаците биле заведувани во графата „Муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (1,910), Словенци (636), Црногорци (1,761), Унгарци (112), Југословени (521), и останати (19,213; вклучувајќи ги Турците и Власите).
4 Град Скопје тоа време имал голема бројка на население бидејќи ја покривало целата територија на Скопско, согласно територијалната поделба од 1965 година. Турците и Власите биле заведувани во службената графа „Останати“. Бошњаците биле заведувани во графата „Муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (2,252), Словенци (496), Црногорци (1,889), Унгарци (119), Југословени (2,135), и останати (43,721; вклучувајќи ги Турците и Власите).
5 Град Скопје тоа време имал голема бројка на население бидејќи ја покривало целата територија на Скопско. Турците и Власите биле заведувани во службената графа „Останати“. Бошњаците биле заведувани во графата „Муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (1,981), Словенци (401), Црногорци (2,494), Унгарци (150), Југословени (8,193), и останати (25,415; вклучувајќи ги Турците и Власите).
6 Град Скопје тоа време имал голема бројка на население бидејќи ја покривало целата територија на Скопско. Бошњаците биле заведувани во графата „Останати“.
7 Според административната поделба од 1996 година, територијата на Град Скопје била намалена, а со тоа била намалена бројката на жители.
8 Бројките се од пописот од 2002, но прераспоредени според променетата територијална поделба во 2004 година. Со новата територијална поделба, дошло до зголемување на албанското население во рамките на Град Скопје. На пример, во 2004 година била укината Општина Кондово и нејзината територија била припоена кон Општина Сарај - општина која веќе постоела и која тогаш била припоена кон Град Скопје.
9 Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Други неспомнати (народности) (5,777), Не се изјасниле (255), Непознато (252), Лица за кои податоците се преземени од административни извори (44,175).
- Број на жители во Град Скопје по општина
Општина | 1921 | 1931 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 | 2004 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аеродром | Општина Скопје е унитарна едмини. единица |
Град Скопје е унитарна едмини. единица |
Окружен Народен Одбор Скопје е унитарна едмини. единица |
Град Скопје е унитарна едмини. единица |
― | ― | ― | ― | ― | 72.009 | 77.735 |
Бутел | ― | ― | ― | ― | ― | 36.154 | 37.968 | ||||
Гази Баба | ― | ― | 92.472 | 100.259 | 72.222 | 72.617 | 69.626 | ||||
Ѓорче Петров | ― | ― | ― | ― | 41.490 | 41.634 | 44.844 | ||||
Идадија | 52.279 | 117.953 | ― | ― | ― | ― | ― | ||||
Кале | 41.215 | 163.478 | ― | ― | ― | ― | ― | ||||
Карпош | ― | ― | 121.746 | 127.462 | 59.810 | 59.666 | 63.760 | ||||
Кисела Вода | 44.025 | 107.531 | 114.176 | 146.746 | 125.379 | 57.236 | 61.965 | ||||
Саат Кула | 44.750 | ― | ― | ― | ― | ― | ― | ||||
Сарај | ― | ― | ― | ― | ― | 35.408 | 38.399 | ||||
Центар | ― | ― | 93.614 | 85.021 | 82.604 | 45.412 | 43.893 | ||||
Чаир | ― | ― | 82.924 | 85.740 | 68.395 | 64.773 | 62.586 | ||||
Шуто Оризари | ― | ― | ― | ― | 17.357 | 22.017 | 25.726 | ||||
Вкупно | 40.666 | 68.334 | 87.654 | 122.143 | 182.269 | 388.962 | 504.932 | 545.228 | 467.257 | 506.926 | 526.502 |
Навод | [12] | [13] | [3] | [4][5] | [6] | [7] | [8] | [9] | [10] | [3] | [11] |
Администрација и политика
уредиВо 2017 година, администрацијата на градот Скопје ја сочинувале 642 вработени, а вкупниот број вработени, заедно со јавните претпријатија, изнесувал 7.618. Од нив, најмногу биле вработени во ЈСП „Скопје“ (1.356), како и во ЈП „Водовод и канализација“ (1.164), во ЈП „Комунална хигиена“ (1.097), во ЈП „Улици и патишта“ (251) итн.[14] Градоначалничка на Град Скопје е Данела Арсовска. Таа бил избрана на локалните избори во 2021 година за мандат од четири години. Советот на Град Скопје е составен од 45 члена. Според последните локални избори година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:
Историја
уреди- Во 1945 со закон, Македонија територијално се организира во 4 области, 32 подобласти и 894 народни општини.
- Од 1949 до 1952 се донесуваат шест закони за територијална организација.
- Во 1952 бројот на општините паѓа од 223 на 86, а на подобластите од 18 на 7.
- Во 1955 градот Скопје добива посебен административен статус, составен од 4 општини: Идадија, Кисела Вода, Саат Кула и Кале.
- Во 1957 има 7 подобласти и 73 општини во 1965.
- Во 1965 со законот кој ги дефинирал границите на општините во СРМ, подобластите се укинуваат и бројот на општините станува 32. Во подрачјето на Град Скопје, општината Саат кула се припојува кон општината Кале. Со тоа, бројот на општини кои го образуваат градот Скопје се намалува на 3.
- Во 1969 општините на градот Скопје се обединуваат во единствена општина под назив Општина на Град Скопје.
- Од 1976 до 1996 Скопје е организирано како посебна социо-политичка заедница од 5 општини: Гази Баба, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир.
- Од 1996 до 2004 Скопје се дефинира како посебна единица на локална самоуправа и има 7 општини: Гази Баба, Карпош, Кисела Вода,Центар, Чаир, Шуто Оризари и Ѓорче Петров.
-
Записник на 20 заседание на Град Скопје од 1945 година.
-
Решение за грб на Град Скопје за време на бугарската окупација.
Белешки
уреди- ^ Хиерархиски кодови на административна поделба (HASC): поврзани со поддржавни ISO-кодови (сѐ уште недефинирани за македонските општини)
- ^ Резултати од пописот на македонски и англиски (PDF)
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ Закон за градот Скопје - “Сл. весник на Република Македонија”, бр. 55/04 од 16.08.2004 година
- ↑ 3,0 3,1 Стално становништво по народности (PDF). Белград. 1954. стр. 6. Посетено на 3 октомври 2024.
- ↑ 4,0 4,1 „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 28 септември 2024.
- ↑ 5,0 5,1 „Ethnic Composition of Yugoslavia 1961“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 28 септември 2024.
- ↑ 6,0 6,1 „Ethnic Composition of Yugoslavia 1961“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 16 март 2016. Посетено на 28 септември 2024.
- ↑ 7,0 7,1 „Ethnic Composition of Yugoslavia 1971“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 16 март 2016. Посетено на 28 септември 2024.
- ↑ 8,0 8,1 „Ethnic Composition of Yugoslavia 1981“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 6 април 2016. Посетено на 28 септември 2024.
- ↑ 9,0 9,1 „Ethnic Composition of Macedonia 1994“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 23 ноември 2011. Посетено на 27 септември 2024.
- ↑ 10,0 10,1 „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 година (Книга 10)“ (PDF). Државен завод за статистика. стр. 18, 62. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 март 2012. Посетено на 26 септември 2024.
- ↑ 11,0 11,1 Ѓорѓиевска, Татјана, уред. (2022). Вкупно резидентно население, домаќинствата и становите во Република Македонија, Попис 2021 (PDF). Скопје: Државен завод за статистика. стр. 34–35. Посетено на 25 септември 2024.
- ↑ „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 112. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 3 октомври 2024.
- ↑ „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 105. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 3 октомври 2024.
- ↑ „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Портал на Град Скопје
- Скопје на Министерството за локална самоуправа Архивирано на 13 ноември 2006 г.