Облешево

село во Општина Чешиново-Облешево

Облешево — село и административно седиште на Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.

Облешево

Воздушен поглед на Облешево

Облешево во рамките на Македонија
Облешево
Местоположба на Облешево во Македонија
Облешево на карта

Карта

Координати 41°52′17″N 22°17′21″E / 41.87139°N 22.28917°E / 41.87139; 22.28917
Регион  Источен
Општина  Чешиново-Облешево
Област Кочанско Поле
Население 887 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2301
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13028
Надм. вис. 305 м
Слава Спасовден
Облешево на општинската карта

Атарот на Облешево во рамките на општината
Облешево на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед во селото

Селото се наоѓа во средишниот дел на Кочанското Поле, на патот Кочани-Штип, сместено во источниот дел на Општина Чешиново-Облешево, чие седиште е во самото село.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 305 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 8 километри.[2]

Низ селото поминува патот Кочани-Штип, кој сега е заменет со новиот експресен пат Штип-Кочани на А3.[2]

Облешево е големо село во средишниот дел на Кочанското Поле, низ кое минува патот Кочани-Штип, а во непосредна близина и железничката пруга Велес-Кочани со посебно сопствено железничко стојалиште. Поради местоположбата и поволните стопански прилики, Облешево станало локален стопански центар со пазарен ден (вторник). Од 1955 до 1962 година претставувало седиште на општинскиот одбор за околните 16 села.[3] Селото повторно било административно седиште на сопствена истоимена општина во периодот 1996-2004 година, а во периодот по 2004 година е административно седиште на новата Општина Чешиново-Облешево.

Во минатото, мештаните имале проблем со питката вода: вода пиеле од неколку бунари и од Кочанска Река, која течела низ селото. Во 1936 година, државните власти поставиле една пумпа, а во 1955 година уште четири пумпи. Со нивна помош сега се добива многу добра питка вода.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Џелиница, Лозје, Прогон, Стара Река, Гладно Поле, Еѓупка, Црна Земја, Бел Камен, Подлашки Пат, Ѓерен, Стари Оризи, Машков Ѓол, Завој и Бањски Пат.[3]

Селото има збиен тип, чии поединечни делови носат називи како Партал, Кратовско, Аџиско, Соколарско, Шабанско или Шопско и Корнетско Маало. Во првото маало живеат Роми, додека Аџиско и Шабанско се наречени по поранешните мештани (Турци). Во Кратовско Маало, на времето кратовски бег имал чифлиг, додека во Корнетско Маало чифлиг имал некој Влав Корнети од Кочани.[3]

Историја

уреди

На месноста Бањски Пат при ископување на каналот во 1954 година биле пронајдени праисториски гробови во кои имало прстени, обетки и гривни. Гробовите биле свртени во разни насоки.[3]

Кога било создадено денешното село не се знае. За ова не постои народна традиција, ниту некакви остатоци од старини. Во XIX век, селото било мешано турско-македонско село. Турците се населиле кон крајот на XVIII век и во првата половина на XIX век, додека Македонците дошле подоцна: доаѓале како слуги кај Турците или како чифлигари на земјата на чифлизите.[3]

При ослободувањето од Турците, селото имало 45 турски, 13 македонски и 1 ромско домаќинство.[3]

Турците од селото се иселиле околу 1925 година. Дел од турските родови биле Чачаризови, Омерови, Јусуфови, Алијатови, Кадри-оџини и други. Во селото имало џамија на сретсело, која била срушена во 1912 година.[3]

По Првата светска војна, селото забележува брз пораст. На местото на иселените Турци дошле нови доселеници (најчесто Македонци). Помалку доселеници дошле и по Втората светска војна. Еден дел од мештаните дошле како колонисти.[3]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 6,3 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште, па затоа селото има полјоделска функција.[2]

Во него има ветеринарна станица, лупилница за ориз, земјоделска задруга, продавници и угостителски објекти.[2]

Пред крајот на отоманскиот период во селото имало пет чифлици, чии сопственици живееле во Кочани, наречени Аџи Амди Риза, Сафет-бег, Шаќир-ефенди и Бајрам-бег.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948673—    
1953798+18.6%
19611.011+26.7%
19711.118+10.6%
19811.228+9.8%
ГодинаНас.±%
19911.206−1.8%
19941.206+0.0%
20021.131−6.2%
2021887−21.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Облешево живееле 350 жители, од кои 175 Македонци и 175 Турци.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Облешево имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]

Облешево е големо село, со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 1.011 жители, од кои 982 биле Македонци, 10 Срби, двајца Албанци и 17 жители останати. Во 1994 година, бројот се зголемил на 1.206 жители, а селото било населено исклучиво со македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, селото имало 1.131 жител, од кои 1.129 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 887 жители, од кои 832 Македонци, 2 Албанци, 1 Влав, 1 Србин и 51 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 160 673 798 1.011 1.118 1.228 1.206 1.206 1.131 887
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Облешево е македонско село, но во минатото имало и други народности. Сите жители потекнуваат од доселеници.[3]

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

Иселеништво

уреди

Околу 1903 година од турските зулуми од Облешево во Кочани се иселиле 6-7 македонски домаќинства. Некои од нив припаѓале на родот Барјактарци. Други македонски иселеници од Облешево има во околните села: Долни Подлог (Димишковци, 3 к., Јаќимовци, 3 к.), Горни Подлог (Маријини, 3 к.) и Теранци.[3]

Во 1925 година селото го напуштиле турските родови, додека за време на бугарската окупација во 1941 година, Облешево го напуштиле 8 српски колонистички семејства.[3]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди
 
Грб на поранешната Општина Облешево.

На крајот од XIX век, Облешево било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Облешево.

Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Облешево, во која покрај селото Облешево се наоѓале селата Бања, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци, Спанчево, Тркање и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Облешево, во која влегувале селата Бања, Облешево, Спанчево и Чифлик.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0882 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 923 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 922 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[16]
Споменици
  • Споменик на НОБ

Редовни настани

уреди
Слави[3]

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Облешево

Култура и спорт

уреди

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 217. Посетено на 5 јануари 2025.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 135-138. OCLC 16745284.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  5. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 јануари 2025.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 5 јануари 2025.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди