Чегране

село во Општина Гостивар

Чегране (албански: Çegrani) — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.

Чегране
Chegrane GV 02.JPG

Улица во селото

Чегране во рамките на Македонија
Чегране
Местоположба на Чегране во Македонија
Чегране на интерактивна карта

Координати 41°50′20″N 20°58′32″E / 41.83889° СГШ; 20.97556° ИГД / 41.83889; 20.97556Координати: 41°50′20″N 20°58′32″E / 41.83889° СГШ; 20.97556° ИГД / 41.83889; 20.97556
Општина Гостивар
Население 4.022 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1237
Шифра на КО 07088
Надм. вис. 555 м
Чегране на општинската карта
Чегране во Општина Гостивар.svg

Атарот на Чегране во рамките на општината
Commons-logo.svg Чегране на Ризницата
Џамијата „Ќемал Ефендија“.
Новата џамија
Тенките минариња на џамијата „Локе“

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во подножјето на Сува Гора, во областа Горни Полог, оддалечено 7 километри северно од Гостивар.

ИсторијаУреди

Во XIX век селото било дел од Гостиварската нахија во рамките на Тетовската каза, во Отоманското Царство. Од 1996 до 2004 година селото било седиште на истоимената Општина Чегране.

СтопанствоУреди

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19482.474—    
19532.825+14.2%
19613.216+13.8%
19714.317+34.2%
19815.639+30.6%
ГодинаНас.±%
199164−98.9%
19946.743+10435.9%
20026.748+0.1%
20214.022−40.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чегране живееле 800 жители, сите Албанци.[2]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото имало 234 куќи и 1.364 жители, сите Албанци.[3]

Според пописот од 2002 година, Чегране има 6.748 жители и претставува најголемото село во областа Горни Полог.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4.022 жители, од кои 3.832 Албанци, 1 Влав, 1 Бошњак и 188 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 800 2.474 2.825 3.216 4.317 5.639 64 6.743 6.748 4.022
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови:Уреди

Чегране е албанско село. Како еден од најстарите албански родови во селото се среќава родот Мујарлар, кој потекнува од Суви Дол во околината на Пешкопеја, а се доселил кон крајот на XVIII век. Потоа во селото живее и родот Бичак (5 куќи), кој се доселил во првата половина на XIX век од околината на Елбасан.[10]

Според истражувањата од 1940-тите, родови во селото се: Лике (27 к.), Бализе (26 к.), Мујалар (33 к.), Ане (10 к.) Љапе (13 к.), Гуре (7 к.), Токе (4 к.), Пере (17 к.), Жупање (12 к.), Селиште (7 к.), Кољовере (3 к.), Пелелесе (9 к.), Веше (18 к.), Љуше (6 к.), Љоке (4 к.), Карај (5 к.), Салак (7 к.), Ратаје (4 к.), Кече (2 к.), Коме (6 к.), Чорокан (7 к.), Веш (1 к.), Џеле (6 к.), Цане (5 к.), Сефере (3 к.), Бакље (6 к.), Гуде (4 к.), Грк (1 к.), Хоте (1 к.), Фида (1 к.), Чинке (3 к.), Сакол (10 к.) и Баке (9 к.). Најголемиот дел од родовите се доселени од разни места во северна Албанија (Дебар, Булчица, Пешкопеја, Љума, Лушње). Сите се доселени до средината на XIX век. Единствено родот Грк е со непознато потекло, можеби се од Грција?; Ќосевци или Диневци (13 к.) се поалбанчени Македонци. Гранка се од православниот род Ѓокевци кои живеат во селото Волковија. Право потекло им е од Крушевско; Кољовци (9 к.) и за нив се зборува дека се поалбанчени. Потекло имаат од некаде од Албанија (Лушње) во Албанија и биле православни; Оџа (1 к.), Маџаре (3 к.), Дане (2 к.) и Љанге (6 к.) тие се од турско потекло. Родот Маџаре е дојден од Бугарија; Резан (1 к.) и Џемаил (1 к.) се од ромско потекло. Доселени се од Тетово.[11]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Избирачко местоУреди

Во селото постојат избирачките места бр. 504, 504/1, 505, 505/1, 506, 506/1, 507, 507/1, 508, 508/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6.987 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитостиУреди

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.214.
  3. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.26.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014. стр. 11
  11. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  12. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Мерсел Биљали“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-04-17.
  15. „Arsimi“. macedonianfootball. Посетено на 2013-02-18.

Надворешни врскиУреди