Јакимово
Јакимово — село во Општина Виница во околината на градот Виница.
Јакимово | |
Координати 41°54′05″N 22°30′59″E / 41.90139° СГШ; 22.51639° ИГД | |
Регион | Источен Регион |
Општина | Виница |
Население | 827 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2310 |
Повик. бр. | +38933 |
Шифра на КО | 05008 |
Надм. вис. | 385 м |
Мреж. место | Јакимово |
Јакимово на општинската карта Атарот на Јакимово во рамките на општината | |
Јакимово на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа 1,5 км под градот Виница, сместено помеѓу реките Брегалница и Осојница, на надморска височина од 385 м. Околината на селото е опфатена со оризни полиња. Со урбанизирањето на земјиштата и новградбите, Јакимово полека станува дел од градот Виница.
Историја
уредиСпоред легендата селото го добило името по човекот Јоаким. Тој во летните периоди кога во селото немало вода, направил бунар. Со тоа ги снабдел селаните со вода и нарправил голема добрина на луѓето, па затоа било донесена одлука селото да го носи неговото име.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јакимово живееле 310 жители, од кои 260 Македонци и 50 Турци.[2]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во Јакимово живееле 215 жители, од кои 106 Македонци, 95 Турци и 14 Роми.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 150 Турци.[4]
Турското население од Јакимово е иселено во Турција во 50-тите и 60-тите години на XX век.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.101 жител, од кои 1.088 Македонци, 10 Власи и 3 Срби.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 827 жители, од кои 647 Македонци, 2 Албанци, 11 Власи, 6 останати и 161 лице без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 282 |
1953 | 115 | — | 120 | — | 6 | — | ... | 47 | — | 288 |
1961 | 267 | — | 27 | ... | ... | 1 | ... | 16 | — | 311 |
1971 | 550 | — | — | — | ... | 98 | ... | 12 | — | 562 |
1981 | 704 | — | — | — | 17 | — | ... | — | — | 722 |
1991 | 978 | — | — | — | 10 | 1 | — | — | — | 989 |
1994 | 915 | — | — | — | 12 | 1 | — | — | — | 928 |
2002 | 1.088 | — | — | — | 10 | 3 | — | — | — | 1.101 |
2021 | 647 | 2 | — | — | 11 | — | — | 6 | 161 | 827 |
Родови
уредиЈакимово е македонско село, а имало и други народности во селото.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се
Ромски
- Фаик (1 к.) стар род во селото. Останат од турско време.
Влашки
- Ѓоргијови (1 к.) и Николови (2 к.) доселени се во 1923 година, а пред тоа биле номади на Плачковица и Осогово.
Македонски
- Алексови (2 к.) доселени се во турско време од селото Драгобраште.
- Јосиф (1 к.) и Јованчо (1 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица.
- Коле (1 к.), Циме (1 к.) и Маринко (1 к.) доселени се од селото Пресека
- Арсови (3 к.) доселени се од селото Грљани.
- Јордан (1 к.), Миткови (1 к.) и Сокол (1 к.) доселени се од селото Драгобраште.
- Клинчарови (3 к.), Мишеви (2 к.), Борис (1 к.) и Павле (1 к.) доселени се од селото Калиманци.
- Фиданчо (1 к.) доселени се од селото Цера.
- Комарци (4 к.), Ѓоргијови (2 к.), Јаневи (2 к.) и Цано (1 к.) доселени се од селото Безиково.
- Алексови (4 к.) од Безиково се населиле во селото Црн Камен, па во Јакимово.
- Петрушеви (1 к.) доселени се од селото Дулица кај Македонска Каменица.
- Арсови (1 к.) и Ристо (1 к.) доселени се од селото Црн Камен.
- Филипови (2 к.) и Ананија (1 к.) доселени се од селото Грљани.
- Тодосиеви (1 к.) доселени се од селото Милутинци кај Крива Паланка.
- Миркови (1 к.) доселени се од Кривопаланечко.
- Ѓоргеви или Пилаци (1 к.) и Стојко (1 к.) доселени се од Делчевско. Првите од Разловци, а вторите од Млаштица.
- Драгутин (1 к.) Драгутин по потекло бил од Куршумлија во Србија. Бил џандар во селото Цера. А потоа таму и се оженил. Па после Втората светска војна со семејството се населил во селото Јакимово.
Турски
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои изборното места бр. 320 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 953 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
уредиНа врвот на селото се наоѓа прекрасна црква посветена на св. Јоаким, која дава прегледна гледка на цела котлина. Црквата е познато туристичко одредиште, изградена во 2002 година на остатоци од поранешна црква.[11]
- Археолошки наоѓалишта[12]
- Амбарица — населба од римското време. Во нивите на северниот крај на селото, на простор од околу 100 × 60 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал (камен, покривни ќерамиди и сл);
- Блатечки Пат — населба и некропола могили од римското време. На 2 км источно од селото, недалеку од утоката на Сушичка Река во Осојница, во нивите на Н. и Т. Арсови, со површина од околу 6-7 декара, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Сопствениците на нивите при орање наидувале на темели од објекти, питоси и монети. Во западниот дел на наоѓалиштето се издига мало ритче, наречено Булите, на кое доминираат две делумно оштетени могили. На ритчето, во северниот крај, лежи уште една многу пооштетена могила, со пречник од околу 10 м. Наодите не се зачувани;
- Купелот — населба и могила од римското време. На 1 км западно од селото, на десниот брег на реката Осојница, во нивите на С. Стојанов се среќава множество фрагменти од керамички садови. При обработувањето на нивите, сопственикот наоѓал темели од ѕидови ѕидани со кршен камен и варов малтер. На наоѓалиштето се констатирани и две помали могили оштетени во поголема мера;
- Селски Гробишта — средновековна некропола. Во југоисточниот дел на денешните гробишта, сместени во подножјето на ридот Баир, се гледаат гробни конструкции од средновековна некропола; и
- Ќерамидница — некропола од доцноримското време. Северозападно од селото има мала долинка низ која минува селскиот пат од селото Јакимово за селото Истибања. Според информациите од Ф. Трајчев, овде при градењето на шталата биле откопани повеќе гробови со конструкции од камени плочи.
Редовни настани
уреди- 29.08. Свети Јоаким Осоговски, храмова и селска слава.[13]
- 19.01. Водици
Галерија
уреди-
2006
-
олтарот
-
2011
-
2011
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов („Македония. Етнография и статистика“)
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ Музеј Теракота Виница Архивирано на 13 мај 2012 г./
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 97. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ храмова слава