Доброшани
Доброшани — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Доброшани | |
Координати 41°44′33″N 22°04′36″E / 41.74250° СГШ; 22.07667° ИГД | |
Општина | Штип |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 30011 |
Надм. вис. | 240 м |
Доброшани на општинската карта Атарот на Доброшани во рамките на општината | |
Доброшани на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на крајниот западен дел на територијата на Општината Штип, од десната страна на Брегалница, а чиј атар се допира со територијата на Општината Свети Николе. Селото е рамнинско, на надморска височина од 240 метри. Од градот Штип населбата е оддалечена 15,5 км.[2]
Бидејќи селото се наоѓа во местото каде што се спојуваат алувијанска рамнина и значително суво земјиште на запад, населението со вода за пиење се снабдуваат со извори во коритото на реката Брегалница.[3]
До самото село води земјен пат, кој се двои од локалниот пат до селото Сушево, кој пак започнува од регионалниот пат 1204 во селото Три Чешми.
Доброшани граничи со селата: Криви Дол и Сушево на север и североисток, Тестемелци на исток, Богословец на запад, и Скандалци и Јамуларци на југ и југоисток.
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Баир Ардана, Кори Чешма, Авреш, Костомар, Капанташ, Лозја, Бајрам Трла, Слатина, Ѓерман, Скеле, Тиса и други.[3]
Историја
уредиПодрачјето на Доброшани е населено барем од средниот век, за што сведочат остатоци на некрополи на наоѓалиштето Гробишта.[4]
Доброшани е едно од постарите села во долниот слив на Брегалница. Селото најпрвин живееле православни македонски родови. Подоцна, во селото почнале да се доселуваат Турци од Мала Азија, а Македонците се иселиле. Кога е извршена оваа смена на населението не се знае.[3]
На смената на населението сведочат и остатоците од манастирот и старите гробишта. Манастирот се наоѓал западно од селото, на месноста Скала. Гробиштата исто така се наоѓале на запад, на месноста Јаниќерек, која зафаќа површина од околу 1 хектар. На нејзината површина се познаваат дупки и надгробни камења од некогашните гробови.[3]
Во 1912 година пред отпочнувањето на Балканските војни, селото било чисто турско. Тогаш, тоа имало 50-60 куќи со турско население, кое целосно се иселило од селото за време на Првата светска војна. Последното турско семејство се иселило во 1962 г. во селото Тополница кај градот Радовиш.[3]
Од иселените Турци во селото останале голем број куќи со споредни градби, џамија, две теќиња и гробишта. Џамијата, која се наоѓа на сретсело, е добро зачувана, додека едно од теќињата е срушено.[3]
По иселувањето на турското население, на нивно место се доселиле православни македонски и влашки родови, од околината на Македонска Каменица и Кочани.[3]
Стопанство
уредиАтарот на селото е голем, зафаќа простор од 23,3 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 878,9 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 543,1 ха. додека на шумите само 21,7 ха.[2]
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
уредиСпоред податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Добришани имало 300 жители, сите Турци.[5]
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 227 жители, сите Турци.[6]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци и 100 Власи.[7]
Населбата е мала, во фаза на наполно раселување, бидејќи од неа се иселил голем дел од турското население. Така, во 1961 година селото броело 273 жители, а во 1994 година само 13 жители, од кои 11 се Власи, а двајца жители Македонци.
На пописот од 2002 година, селото имало 8 жители, сите Власи.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 1 Македонец и 2 Власи.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 290 |
1953 | — | 1 | 224 | 5 | 103 | — | ... | — | 333 |
1961 | 92 | — | 7 | ... | ... | — | ... | 174 | 273 |
1971 | 41 | — | — | — | ... | — | ... | 147 | 188 |
1981 | 1 | — | — | — | 62 | — | ... | — | 63 |
1991 | — | — | — | — | 27 | — | — | — | 27 |
1994 | 2 | — | — | — | 11 | — | — | — | 13 |
2002 | — | — | — | — | 8 | — | — | — | 8 |
2021 | 1 | — | — | — | 2 | — | — | — | 3 |
Родови
уредиСпоред истражувањата од 1963 година, родови во селото се:
Македонски
- Доселеници: Таневци (3 к.), Стоевци (2 к.), Лазаровци (2 к.), Богатиновци (1 к.), Манасиевци (1 к.), Маневци (1 к.), Стојановци (1 к.), Димитровци (1 к.) и Ставревци (1 к.) доселени се во 1955 г. од делчевското село Саса и од кочанските села Кучичино и Теранци.
Влашки
- Доселеници: Зикови (4 к.), Ташкови (3 к.), Костови (2 к.), Караѓорѓеви (2 к.), Чунгови (1 к.), Ѓорѓеви (1 к.) и Митреви (1 к.) доселени се во 1927 г. и непосредно по тоа. Терзиеви (2 к.), Апостолови (1 к.), Пурови (1 к.), Николови (1 к.), Брезови (1 к.), Мијалови (1 к.), Пушеви (1 к.), Кочеви (1 к.) и Минови (1 к.) доселени се во 1955 г. Жителите порано биле номади.[3]
Самоуправа и политика
уредиКон крајот на XIX век, Доброшани било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Штип.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Три Чешми, во која покрај селото Доброшани, се наоѓале и селата Батање, Врсаково, Долно Трогерци, Криви Дол, Сарчиево, Судик, Сушево, Тестемелци, Три Чешми и Чардаклија. Селото припаѓало на Општина Црвена Ѕвезда во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врсаково, Доброшани, Криви Дол, Сарчиево, Судик, Сушево, Тестемелци и Црвена Ѕвезда.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 2289 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на Приватен објект на селото Сушево.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[4]
- Гробишта — средновековна некропола.
Редовни настани
уредиСелски слави[3]
- Спасовден — главна селска слава
Личности
уредиРодени во или по потекло од Доброшани
- Димо Н. Димчев (р. 9 јули 1952) - македонски поет, раскажувач и преведувач од влашки јазик.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 99.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски, Јован; Нетков, Васил (1964) [1962-1963]. Денешни села и население во долниот слив на Брегалница. III. Штип: Зборник на Штипскиот народен музеј. стр. 50–51.
- ↑ 4,0 4,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 435, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 241.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.