Будинарци
Будинарци — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Будинарци | |
Поглед на селото Будинарци | |
Координати 41°45′51″N 22°46′32″E / 41.76417° СГШ; 22.77556° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Берово |
Област | Малешевија |
Население | 469 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2332 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01002 |
Надм. вис. | 848 м |
Будинарци на општинската карта Атарот на Будинарци во рамките на општината | |
Будинарци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во Источна Македонија, во северозападниот дел на територијата на Општина Берово, до самиот десен брег на реката Брегалница и тоа на местото каде реката ја напушта котлината и навлегува во клисурниот дел кон селото Митрашинци. Атарот на селото е мошне голем и се протега до југоисточната падина на планината Плачковица, зафаќајки простор од 46,4 км2. Селото е рамничарско, на надморска височина од 780 метри и се наоѓа на самиот регионален пат Берово-Виница, а од градот Берово е оддалечено 12 километри. На него преовладуваат шумите на површина од 2.703,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 927,9 хектари, а на обработливото земјиште 771,9 хектари.[2]
Историја
уредиЗа настанокот на селото има легенди со мала веројатност. Пишуваните податоци датираат од турскиот период, а такви се пописните тефтери од 1579 и 1570 година со име „Будинашци“. Во тефтерот од 1519 година, Будинарци има 45 домаќинства, а 1570 година има 52 семејства. Според статистиките на Косовскиот вилает од 1894, Будинарци имало 90 македонски куќи, а во 1900 г. има 800 жители христијани.
Во XIX век, Будинарци било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за селото Будинарци запишал дека е село со 80 македонски куќи е расположено на десниот брег на Брегалница ½ час на југоисток од Митрашинци[3]. Жителите се издржувале најмногу од земјоделство и сточарство, а некои оделе и во туѓина како столари[3]. Во Будинарци, Митрашинци и Мачево се зачувало предание дека нивните прадедовци живееле во куќички направени над реката за да се чуваат од дивите ѕверови со кои изобилува околината[3]. Куќичките биле градени на колци во водата и од нив до сувото на брегот имало подвижни мовчиња кои ноќно време ги дигале, а преку денот ги поставувале[3]. Се хранеле повеќе со риба која ја ловеле со „саци“[3].
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втроата светска војна.[4]
Стопанство
уредиСелото во основа има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Будинарци имало 800 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Будинарци имало 640 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[7]
Во 1961 година селото броело 881 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 714 жители, од кои 711 Македонци и 2 Срби.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 682 жители, од кои 627 Македонци и 1 Србин.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 469 жители, од кои 462 Македонци, 1 останат и 6 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 800 | 640 | 839 | 861 | 881 | 857 | 783 | 732 | 714 | 682 | 469 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до IX одделение[14], подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
- Детска градинка „23 Август“[15], клон на градската градинка од Берово
- Пошта (2332)
- Амбуланта
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Будинарци, каде Будинарци било единствено село во општината.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Будинарци се наоѓале градот Пехчево и селата Митрашинци, Негрево, Робово, Умлени, Црник и Чифлик.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0008 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 465 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[18]
- Авлија — некропола - могила од римското време;
- Градиште — градиште од римското време;
- Каменица — населба од доцноантичкото време;
- Лаките-Селиште — населба од римското време;
- Поповица — некропола - тумули од железното време;
- Присој — населба од доцноантичкото време;
- Селиште — населба од римското време; и
- Чука — могила од римското време.
- Цркви[19]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, изградена во 1854 година; во црквата се наоѓало ќелијно училиште
- Споменици
- Биста на Јован Козовски, народен херој
- Споменик на Бранко Стефански, загинат во војните на ЈНА во 1991 година
- Споменик за НОБ
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Родени во Будинарци
- Глигор Смокварски (1914-1984) — познат композитор
- Глигор Поповски (1928-2007) — писател за деца
- Починати во Будинарци
- Андреј Докурчев (1880-1907) — македонски револуционер
Галерија
уреди-
Поглед на Будинарци
-
Споменик на Јован Козовски
-
Споменик на Бранко Стефански
-
Споменик за НОБ
-
Спомениците на сретсело
-
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 43. Посетено на 18 февруари 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 425. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 февруари 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ОУ „Дедо Иљо Малешевски"“. македонски: Општина Берово. Посетено на 8 јануари 2017.
- ↑ „Клон с. Митрашинци“. Градинка 23 Август Берово. Берово. Архивирано од изворникот на 2016-10-29. Посетено на 18 февруари 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.