Леништа
Леништа или Лениште — село во Општина Прилеп од збиен тип, се дели на одавде и оданде маало. Се наоѓа североисточно од Прилеп, десно од патот Прилеп-Кавадарци. Од 1912 година за време на Првата балканска војна селото постепено се раселувало, најчесто во Прилеп. Масовно иселување се случило во периодот од 1961 до 1971 година.
Леништа | |
Црквата „Св. Петка“ во Лениште | |
Координати 41°21′37″N 21°37′23″E / 41.36028° СГШ; 21.62306° ИГД | |
Општина | Прилеп |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20059 |
Леништа на општинската карта Атарот на Леништа во рамките на општината | |
Леништа на Ризницата |
До селото води асфалтиран пат. Над самото село се наоѓа манастирот „Св. Петка“. Соседни села се селата Плетвар и Селце.
Порано на гребенот источно од Леништа имало орман, имало истечни води кои повремено ги движеле селските воденици. Во дворот на манастирот се наоѓаат воденички камења.
Историја
уредиСпоред едно предание, кое го запишал Марко Цепенков, селото Леништа го добило своето име според ленот кој го сееле жителите.[2]
Според преданијата Леништа го основале жителите на соседното раселено село Заполошко пред околу 170 години. Обработливото земјиште на Леништа во поголемиот дел се наоѓа во атарот на тоа раселено село. Во турско обработливата земја претежно им припаѓала на селаните.
Во XIX век, Леништа било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Географија и местоположба
уредиЛеништа се наоѓа на Дрен Планина, североисточно од градот Прилеп.
Топоними
уредиДолни мост, Караманица, Врвот, Ливада, Бели камења, Ѓупски преслап, Ѓуле, Устрелец, Манастириште, Илино, Топташ, Ѓогдере, Маркова Чешма, Чумкот, Ралев Камен, Заполшки мост, Пешкојца, Плетварска река, Требеница, Крива Река, Коњарник, Сталеа Пештера, Попова нива, Заволчец, Црквиште, Шаторов Камен, Сарика, Гробот, Бара, Корија, Шута Врба и Мал Дом.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Леништа живееле 380 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лопатица имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Леништа се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 53 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]
- 1921 година — 44 домаќинства
- 1948 година — 75 домаќинства — 442 жители
- 1954 година — 74 домаќинства — 449 жители
- 1961 година — 92 домаќинства — 419 жители
- 1971 година — 66 домаќинства — 265 жители
На пописот во 1994 биле попишани само двајца жители Македонци, а на пописот од 2002 година во селото Леништа не биле забележани жители.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 380 | 320 | 442 | 449 | 419 | 265 | 40 | 6 | 2 | 0 | 2 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиЛеништа било чисто македонско православно село, во селото имало и староседелски и доселенички родови.
Родови во селото се: Аџијовци (8 куќи), Димовци (6 куќи), Терзиовци (4 куќи), Анѓелевци (4 куќи), Апостоловци (2 куќи) Кочовци (2 куќи), Трајковци (1 куќа), Трпчевци (8 куќи) и Будевци (5 куќи) доселени се од соседното сега раселено село Заплошко, во родот Будевци се знае следното родословие: Ѓоргија (жив на 84 г. во 1950-тите) Петре-Ристе-Јовче-Трпе, предокот кој се доселил; Стојановци (10 куќи), Богојевци (7 куќи), Шишковци (3 куќи) и Митревци (2 куќи) некогаш биле еден род, доселени се од мариовското село Вепрчани; Белушани (11 куќи) доселени се од сега албанското село Белушино кај Крушево, доселени се во 1878 година, дошол Стојче со неговите 5 синови; Домазетовци (1 куќа) најмлад род во селото, потекнуваат од домазет доселен од селото Беловодица.[12]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1425 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[14]
Леништа е едно од трите избирачки места во Македонија со најмал број запишани избирачи само тројца. Дури и тие не живеат во селото, туку во Прилеп[15][16].
Општествени установи
уреди- Селската црква „Св. Атанасиј“, изградена е пред околу 100 години. Покрај црквата се наоѓаат и гробишта.
- Манастир Св. Петка, во чиј состав се наоѓа црквата посветена на Св. Петка. Иконите во манастирот ги има изработено Благоја Атанасоски[19].
- На патот кој води од селото до манастирот Св. Петка во август 2005 поставена е спомен плоча од страна на МО на РМ (инженериски полк) по иницијатива на здружението на резервни воени обврзници.
Настани
уредиСелскиот панаѓур е на Св. Атанас Летен.
Акција за пошумување[20].
Личности
уреди- Ѓоре Спирков (1870 - 1907) - македонски револуционер на ВМОРО
- Методија Андонов - Ченто (18 август 1902 – 24 јули 1957) - македонски национален борец, политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ кој има потекло од Леништа
- Јоска Јорданоски – Сандански (7 април 1921 - 3 мај 1942) − македонски комунист, учесник во НОВ, првоборец.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ К. Цепенков, Марко (1989). Македонски народни приказни. 5. Скопје: Македонска книга. стр. 133. ISBN 8636900425.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.244.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Канал 5[мртва врска], Најмало и најголемо избирачко место, 31.05.2008
- ↑ А1 телевизија, Во Македонија има 145 сосема испустени села, 13.04.2005
- ↑ Вечер, ОДБЕЛЕЖАНА ШЕСТГОДИШНИНАТА ОД КОНФЛИКОТОТ КАЈ КАРПАЛАК, 9.08.2007
- ↑ Здружение на резервни воени обврзници 2001-2002 Архивирано на 2 октомври 2010 г., РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ, пристапено на 05.04.2010
- ↑ Нова Македонија[мртва врска], Живописувањето е божји дар, пристапено на 05.04.2010
- ↑ Министерство за животна средина и просторно планирање[мртва врска], Акција за пошумување во с. Лениште - Прилеп, 25.09.2005