Церово (Демирхисарско)
Церово — село во Општина Демир Хисар.
Церово | |
Координати 41°12′59″N 21°5′27″E / 41.21639°N 21.09083°E | |
Регион | Железник |
Општина | Демир Хисар |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 10038 |
Надм. вис. | 916 м |
![]() |
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиСтопанство
уредиНаселбата се наоѓа на јужниот дел на општина Демир Хисар, на границата со општина Ресен, издигнувајќи се на срт на Плакенска Планина. Се работи за планинско село, чиј атар зафаќа 7,7 км2, од кои шумите зафаќаат 364 хектари, пасиштата 213 хектари, а обработливото земјиште 175 хектари. Селото е планинско, изградено на 970 метри надморска височина.
Население
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Церово живееле 195 жители, сите Македонци.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Церово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 22 куќи.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Церово имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]
Во 2002 година во селото имало 2 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 195 | 160 | 259 | 291 | 211 | 153 | 67 | 13 | 10 | 2 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиЦерово е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
- Староседелци: Дуковци (6 к.); Шалевци и Илиовци (2 к.); Белевци (10 к.); Трајковци со Крстевци, Стојковци, Здравевци и Јосифовци (10 к.)
- Доселеници: Гроздевци (13 к.) и Србиновци (3 к.) доселени се, но не знаат од каде.[10]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 657 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект куќа на владо митревски.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Петка“ — црквичка на 500 м западно од селото
- Црква „Св. Илија“ (селска) — црква во самото селото
- Црква „Св. Илија“ (манастирска) — црква на Церовскиот манастир, на 1,5 км северозападно од селото
- Манастири
- Церовски манастир на 1,5 км северозападно од селото
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Врагутница — црква од средниот век
- Крушје — црква и некропола од средниот век
- Св. Петка — црква од средниот век
- Црквиште — црква од средниот век
- Церово;
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Илија Наумов Лазевски — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Спиро Наумчев Лозановски — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Танаско Стефанов Марковски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиДо 1952 година од селото имало иселеници во Романија (3 семејства) и во Русија (1 семејство).[10]
Иселеништвото било посилно после 1960 година, денес селото е целосно иселено.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 140.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 172-173.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к-5, АЕ 97.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 14,0 14,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.