Нистрово
Нистрово — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.
Нистрово | |
Панорама на селото | |
Координати 41°44′6″N 20°38′9″E / 41.73500° СГШ; 20.63583° ИГД | |
Регион | Полошки |
Општина | Маврово и Ростуше |
Област | Горна Река |
Население | 32 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1256 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07054 |
Надм. вис. | 1170 м |
Слава | Петковден |
Нистрово на општинската карта Атарот на Нистрово во рамките на општината | |
Нистрово на Ризницата |
Потекло на името
уредиСелото најпрвин запишано како Нестрова се сретнува во 1583 година во турски документи. Потеклото на името веројатно доаѓа од личното име Нистро, што е варијанта на грчкото Нестор, што означува „мудар, чесен човек (старец)“.[2]
Географија и местоположба
уредиОва село се наоѓа во областа Горна Река, во северозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е во горното сливно подрачје на Радика.[3] Селото е планинско и е сместено доста високо на 1.180 метри надморска височина.[3] Оддалечено е 34 километри северно од Дебар и 37 километри југозападно од Гостивар.
Нистрово се наоѓа во клисурата на Длабока Река, од нејзината лева страна. Селото се наоѓа на висока тераса над реката. Низ селото тече малата река Буљница. Над селото се наоѓаат шуми, додека под него се наоѓаат одредени обработливи површини.[4]
Во атарот на селото се сретнуваат следниве месности: Кишевица, Мост, Попова Ливада, Рибничка Скала, Мљака, Дере Корабит, Пиргу Радомирос, Ѓафа, Аданица, Алданица, Дубово, Лескова, Осој, Струнг, Ливадет и Габрова.[4]
Селото е сместено, недалеку од границата со Албанија, во подножјето на Кораб. Соседното село Бибање (Бибај), кое се наоѓа од другата страна од Длабока Река, некои го сметаат за нистровско маало.
До Нистрово се стигнува по земјен автомобилски пат, кој се исклучува од регионалниот пат Маврово-Дебар на второто исклучување десно после Трница, кога се оди накај Дебар.
Историја
уредиВо XIX век, Нистрово било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 15,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина 870 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 413 хектари, додека на обработливите површини отпаѓаат 134 хектари.[3]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]
Населението главно се занимава со сточарство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нистрово било село со 40 домаќинства и 110 жители.[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нистрово живееле 380 жители, сите Албанци, од кои 150 христијани и 230 муслимани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нистрово имало 120 жители.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Нистрово се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 80 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци и 50 Македонци.[9]
Нистрово е мало село, коешто во 1961 година броело 259 жители, од кои 146 биле Албанци, 106 Македонци, а 5 жители Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 153 жители, сите Албанци.[3]
Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Нистрово, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 121 жител, сите Албанци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 32 жители, од кои 27 Албанци, 1 Бошњак и 4 лица без податоци.[11]
Во минатото, делот на изјаснети Македонци, може да се поврзе со етничката група Шкрети, распространета во оваа област.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Нистрово:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 229 |
1953 | 114 | 135 | 0 | 1 | — | 0 | — | 250 |
1961 | 106 | 146 | 5 | 1 | — | 1 | — | 259 |
1971 | 56 | 139 | 33 | 0 | — | 0 | — | 228 |
1981 | 11 | 151 | 14 | 0 | — | 2 | — | 178 |
1991 | 0 | 37 | 0 | 0 | — | 0 | — | 37 |
1994 | 0 | 153 | 0 | 0 | — | 0 | — | 153 |
2002 | 0 | 121 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 121 |
2021 | 0 | 27 | 0 | 0 | 1 | 0 | 4 | 32 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
уредиВо Нистрово живеело мешано население. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Нистрово живееле следниве родови:[4]
- Во маалото Ципул: Папаз (муслимани);
- Во маалото Раван: Митра, Голит, Пеќет, Монет и Пуреј (мешано).
Општествени установи
уреди- Основно училиште
Самоуправа и политика
уредиСелото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Нистрово се наоѓале Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на Општина Нистрово, во која влегувале селата Бибање, Жужње и Нистрово.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0481 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место влегува и селото Жужње.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 87 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[14]
- Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква
- Џамии[14]
- Џамија — главна селска џамија
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Родени во Нистрово
- Јосиф Багери (1870-1916) — свештеник, еден од најистакнатите албански културни дејци
- Глигор Јовановски — академик
- Здравко Рафаиловски — архитект
Култура и спорт
уредиОд селото има патека која води до најголемиот водопад во Македонија, Корапскиот Водопад.
Иселеништво
уредиОд селото се иселени голем број жители, најмногу во европските држави и во САД, како и во Турција.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Поглед на селото
-
Напуштена стара куќа во село Нистрово
-
Поглед на Нистрово
-
Куќи во село Нистрово
-
Разрушена куќа во село Нистрово
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 114-115. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 209. Посетено на 1 мај 2020.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 264.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.184-185.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 50.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 април 2020.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 1 мај 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-11-11. Посетено на 1 мај 2020.
- ↑ 14,0 14,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Празнувања на Горнореканците поврзани со народната религија“ (PDF). Институт за етнологија и антропологија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-06. Посетено на 14 септември 2010.
- Забелешки
- ↑ Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.