Покрвеник
Покрвеник — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро.
Покрвеник | |
Панорамски поглед на селото Покрвеник (третото на сликата), во предниот дел се гледаат селата Шурленци и Волкодери | |
Координати 41°01′00″N 20°57′23″E / 41.01667° СГШ; 20.95639° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Ресен |
Област | Горна Преспа |
Население | 70 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7310 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 23032 |
Надм. вис. | 857 м |
Слава | нема |
Покрвеник на општинската карта Атарот на Покрвеник во рамките на општината | |
Покрвеник на Ризницата |
Потекло на името
уредиВо врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка смета дека е изведено од глаголската придавка „покривен“ образувано со додавање на наставката „ик“. Покрвенци имаат своја легенда која говори дека името на нивното село настанало од зборот „крв“ во тешките времиња на македонскиот народ под османското владеење, кога во ова село било пролеано многу крв. Меѓутоа, под поимот „покрвени“ може да се подразбере и крвна смешаност (на пример на жителите на селото).[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во југозападниот дел на Ресенското Поле, на околу 1 километар северно од брегот на Големото Преспанско Езеро, на надморска височина од околу 857 метри. Селото е сместено од десната страна на патот Битола-Корча.[2]
Селото Покрвеник било преместено. Негова претходна местоположба била месноста Старо Село (Старо Покрвеник), на околу 2 километри северозападно од денешната, меѓу потоците Жарешка (од западната) и Бучалка и Мифтарица (од источната страна), на надморска височина од 990 метри. Второто преместување на селото настанала околу седумдесеттите години на XX век, заради потребата од приближување до патната мрежа и плодните обработливи површини.[2]
Покрвеник се граничи со следниве села: со Прељубје и Лавци на север, со Перово на исток, со селата Волкодери и Шурленци и самото Преспанско Езеро на југ и со подрачјето на Општина Охрид (во тој склоп со селото Елшани) на запад.[2]
Атарот на Покрвеник зафаќа површина од 1492 (околу 14,92 км2) и зафаќа рамничарско плодно и ридско-планинско земјиште обраснато со листопадна шума (даб, бука, јавор, леска, дрен, габер, смрека и др.) и помали пасишта во поширокиот реон на месностите Вршина, Лачник, Висока Стрна, Гроѕјано и Церадол. Од вкупната површина на атарот: 225,3 хектари се обработливо земјиште, 262,4 хектари пасишта и 216,1 хектар шума.[2]
Денес, Покрвеник е село со околу 40 големи куќи, повеќето изградени на волкодерски атар, во поново време и во современ стил, разновидно и современо фасадирани и наредени од двете страни на единствената асфалтирана улица, која селото го дели на две маала: Горна Маала (од источната) и Долна Маала (од западната страна на улицата). Околу куќите постојат разновидно оградени дворни места, во кои се наоѓаат стопански и други објекти (гаражи, магацини, летни кујни, бунари, и др.). Околу селото се наоѓаат и повеќесортни овошни насади.[2]
Историја
уредиПокрвеник е старо христијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Под различни облици на денешното име (Покарвеник, Покервеник и Покрвеник) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди.[2]
Во XIX век, Покрвеник се наоѓало во Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство.
До 1912 година, Покрвеник било под турска власт, но не и беговски чифлик. Во текот на подготовките за Илинденското востание учествувало со своја востаничка чета раководена од војводата Петруш Стрезов (од Ресен). Во текот на востанието, повеќе покрвенци загинале, а селото било целосно изгорено.[2]
Во Првата балканска војна (ноември 1912), селото се нашло под српска власт, а во текот на Првата светска војна под бугарска окупација. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на Антантата. Во текот на војната, покрвенци биле мобилизирани во војските на спротивставените страни. Имало ранети и загинати.[2]
По завршувањето на Првата светска војна, Покрвеник повторно се нашло под српска власт. Во еден период помеѓу двете светски војни, Покрвеник било општинско седиште за селата Прељубје, Волкодери, Отешево и Шурленци, а потоа влегло во состав на општината Стење.[2]
Во Втората светска војна селото паднало под окупација на фашистичка Италија (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. Голема Албанија. По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) паднало под окупација на фашистичка Бугарија, под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година. Загинале тројца жители.[2][3]
Својата прва училична зграда селото ја добило во 1923 година, во која подолго време учеле и децата од соседните села: Волкодери, Прељубје и Шурленци. Нова училишна зграда е подигната во 1947 година. Денес, децата учат во селото Царев Двор. Со електрична енергија и со систем за наводнување селото се здобило во 1961 година, со телевизиски прием во 1965 година, со асфалтен пат во 1975 година, со водовод во 1980 година и со телефонски приклучоци во 1985 година.[2]
Стопанство
уредиПокрвенци најмногу се занимавале со сточарство, кое денес не постои и поледелството. Во рамките на сточарството најмногу се одгледувале овци, кози, волови, коњи, магарињи, свињи и друго, а во рамките на поледелството се одгледувало жито (пченица, јачмен ’рж, пченка, и др.), потоа лозја и зеленчук (пипер, патлиџан, грав, зелка, и др.). Денес, најмногу се одгледуваат јаболка.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во текот на своето постоење, Покрвеник го бележело следниот демографски развој: во 1519 година селото имало 39, а во 1583 година 23 семејства (М. Соколовски); во 1889 година 36 куќи, 50 семејства и 282 жители (С. Верковиќ).[2]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Покрвеник имало 220 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Покрвеник имало 192 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Покрвеник се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 51 куќа.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото Покрвеник имало 65 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 70 жители, од кои 69 Македонци и 1 Албанец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 220 | 192 | 222 | 209 | 159 | 132 | 141 | 101 | 100 | 65 | 70 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиДенешниве покрвенци се потомци на следниве постари семејства: Врчковци, Василевци, Гершановци, Гргалевци, Гераковци, Јоновци (Мавровци, Митревци, Ефтимовци, Чоловци и Андреевци), Кавазовци, Крстиновци, Љатовци, Петковци, Стојковци, Филиповци (доселени од селото Стипона), Трповци, Ќелепуровци, Фрчковци, Царевковци и Чачевци.[2]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
- Староседелци: Чачоровци со Ничовци (4 к.)
- Доселеници: Ѓегараковци (3 к.) доселени се од селото Волино кај Охрид, во XVIII век; Крстиновци со Ристовци (10 к.) доселени се одамна од селото Шулин во Мала Преспа; Латовци (2 к.) доселени се одамна од селото Нивици во егејскиот дел на Преспа; Стиповци (4 к.) доселени се од селото Стипона; Карафиловци со Јановци (4 к.) доселени се од селото Шурленци. Го знаат следното родословие: Ефтим (жив на 60 г. во 1949 година) Трајче-Тале-Карафил кој се доселил; Врчковци (3 к.) доселени се од селото Волкодери; Ѓешановци (2 к.) доселени се од селото Туминец во Мала Преспа; Гаргалевци (2 к.) доселени се од селото Волкодери; Царевковци (2 к.) доселени се од селото Царев Двор; Кавазовци (2 к.) доселени се од селото Туминец; Стојковци (3 к.) доселени се од селото Прељубје. Уште подалечно потекло од Шулин или Пустец во Мала Преспа; Албанец (1 к.) доселени се во 1930-тите од селото Туминец; Целевци (1 к.) доселени се околу 1939 година од селото Велестово кај Охрид.[13]
Општествени установи
уреди- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Ресен, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Ресен.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Ресен. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Ресен.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Царев Двор, во која покрај селото Покрвеник, се наоѓале и селата Волкодери, Горно Дупени, Дрмени, Евла, Коњско, Лавци, Лескоец, Отешево, Перово, Покрвеник, Прељубје, Стење, Стипино, Царев Двор и Шурленци. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на некогашната Општина Покрвеник, во која влегувале селата Волкодери, Отешево, Покрвеник, Прељубје и Шурленци.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1666 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 107 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки локалитеи[16]
- Арапски Гробишта — некропола од средниот век;
- Висои — населба, базилика и некропола од доцноантичко и старохристијанско време;
- Св. Атанас — базилика од старохристијанско време;
- Цркви[17]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква, изградена во некогашното Старо Покрвеник;
- Црква „Св. Атанасиј“ — се наоѓа на крајот од селото каде се и селските гробишта;
- Споменици
- Спомен-биста на првоборецот Мите Трповски - Војводата
- Спомен-плоча
Личности
уреди- Панде Ефтимов Гегораковски — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Тане Стојанов Стојковски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Вонча Андоновска — учесник во НОВ на Македонија.
- Доне Гершановски (р. 1949) — македонски физичар и универзитетски професор
Иселеништво
уредиДо 1949 година се иселиле во Ресен (две семејства), Америка (четири семејства) и во Бугарија (едно семејство).[13]
Галерија
уреди-
Патоказ за влез во селото
-
Градба помеѓу двете селски цркви
-
Поглед на дел од селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 241–246. ISBN 9789989920554. Посетено на 5 ноември 2016.
- ↑ Загинати: Тоде Андреевски, Јордан Стојановски и Мите Трповски.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 170-171.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 15.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 ноември 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)