Селокуќи

село во Општина Дебар

Селокуќи — село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар.

Селокуќи

Поглед на издвоеното маало Таранеш, дел од селото Селокуќи

Селокуќи во рамките на Македонија
Селокуќи
Местоположба на Селокуќи во Македонија
Селокуќи на карта

Карта

Координати 41°32′8″N 20°29′13″E / 41.53556° СГШ; 20.48694° ИГД / 41.53556; 20.48694Координати: 41°32′8″N 20°29′13″E / 41.53556° СГШ; 20.48694° ИГД / 41.53556; 20.48694
Регион  Југозападен
Општина  Дебар
Област Горен Дебар
Население 16 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1250
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08013
Надм. вис. 590 м
Селокуќи на општинската карта

Атарот на Селокуќи во рамките на општината
Селокуќи на Ризницата

Потекло и значење на името уреди

Бранислав Русиќ во својата книга „Дебарско Поле“ забележал дека Македонците во Дебар и околината селото го нарекувале Селокуќи или Селокуќе. Во преписот на Слепчанскиот поменик од страна на Бигорскиот манастир во 1863 година се наведува како Селокуќи. Пред крајот на XIX век се споменува под името Село Кич, како што го нарекуваат и самите мештани Албанци.[2]

Географија и местоположба уреди

 
Воздушен поглед на издвоеното маало Језолиј, каде е селската џамија

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Дебар, недалеку од државната гранична линија со Албанија.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 520 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено околу пет километри.[3]

Селото е всушност поделено на три издвоени маала: Шулан (или Шолан; со значење присој), Језолиј (или Језулиј; со значење осој) и Таранеш (или Торонеш). Шулан е составен од две издвоени целини на куќи: источни (малку повисоко) и западни (нешто пониско).[2]

Селото се граничи со селото Спас на север, селата Хаме и Кривци и градот Дебар на исток, селото Коњари на југ и реката Црн Дрим на запад.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Музлагица, Куманица или Команица, Зотковица, Шпела, Фуша Хамес, Кодра Мал Кукс, Кодра е Џимолас, Ара е Али Пустинас, Ара Шазаман Блата, Фуша Коњарес, Киш (некогашна црква), Љуку и Шкозас и Дрим.[2]

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1202.

Земјиштето околу Селокуќи е зарамнето, а помеѓу неговите делови има долини. Земјата е растресита и плодна.[2]

Низ реката тече Банишка Река и Варошки Поток (или Бушеска Река), како и два помали потоци, кои заедно како една река се вливаат во Црн Дрим. Ги поплавуваат нивите во полето при буични поплави. Во селото има три чешми, но летно време има оскудност во изворска вода. Во селото има и неколку бунари.[2]

Шулан е сместен на почетокот на падот на висорамнината кон југ, на присојна страна, на височина од 560 метри. Језолиј се наоѓа на северната и западната средина на сртот над која се издигнува ново училиште, на осојна страна, на височина од околу 530 метри. Таранеш е по средината на друго брдо кое се издигнува над селската река и Црн Дрим, на осојна страна, на околу 510 метри. Куќите во Шулан се особено збиени, во Језолиј помалку збиени, додека во Таранеш се разредени. Сите се свртени кон падот на земјиштето.[2]

Историја уреди

 
Околината на селото

Подрачјето на Селокуќи е населено уште од неолитско време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]

По кажување на мештаните и на Македонците надвор од селото, Селокуќи било основано од страна на православни Македонци, кои во него останале до 1860 година. Македонците имале своја црква на местото на денешното основно училиште во делот Језолиј, околу кое има уште траги од гробови.[2]

Не се знае каде заминале основачите на селото, православните Македонци.[2]

Стопанство уреди

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,2 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 239 хектари.[3]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948413—    
1953426+3.1%
1961497+16.7%
1971593+19.3%
1981535−9.8%
ГодинаНас.±%
199141−92.3%
1994608+1382.9%
2002104−82.9%
202116−84.6%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 25 домаќинства со 56 жители муслимани (Албанци).[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селокуќи живееле 120 жители, сите Албанци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Албанци.[7]

Селото е средно по големина, коешто во 1961 година имало 497 жители, од кои 485 биле Албанци, а седум жители Македонци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 608 жители, а во него живеело само албанско население.[3]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Селокуќи, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Селокуќи живееле 104 жители, сите Албанци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, од кои 16 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 413 426 497 593 535 41 608[б 2] 104 16
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Селокуќи е албанско село, во кое порано имало и Македонци.[2]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:

  • Албански родови:
    • Доселеници: Машкули (16 к.), доселени се околу 1820 година од селото Селиште кај реката Мура на Црн Дрим во Албанија; Мјештри (3 к.), доселени се после 1852 година од Љура во Албанија; Реџа (4 к.), доселени се во 1855 година од Мацокула во Мат; Франга или Цапа (4 к.), доселени во 1870 година од Селиште во Албанија; Руци (4 к.), доселени се во 1880 година од Кацнија во Албанија; Думани (4 к.), доселени се во 1880 година од Стошани од областа Малесија во Албанија; Дачи (1 к.), доселени се во 1930 година од Чаф Мора во Албанија; Стафа (1 к.), доселени се во 1935 година од Ѓорица во областа Лузнија во Албанија; Џафа (1 к.), доселени во 1941 година од Ковачица во областа Малесија во Албанија; Колеци (6 к.), доселени се во 1941 година од Стошани од областа Малесија во Албанија. Таму имале роднини, како и во селото Џепиште; Казију или Казиовци (4 к.), доселени се во 1941 година од Селиште во Албанија. Имаат роднини и во селото Кривци и Кочи (1 к.), доселени се во 1941 година од селото Чернец (Черенци) во Голо Брдо во албанскиот дел.

Иселеништво уреди

Од ова село и православното и муслиманското население се селело.[2]

Од православното население се знае само за Тарашановци, кои околу 1860 година се преселиле во Баниште.

Од муслиманите иселеници има во Дебар (Машкула, 1 к.; Руца, 1 к.), Коњари (Мјештари, 1 к.), Баланци (Франга, 1 к.).

Општествени установи уреди

  • Основно училиште

Самоуправа и политика уреди

Кон крајот на XIX век, Селокуќи било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

 
Селската џамија

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Дебарска градска општина, во која влегувал градот Дебар и селата Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи, Спас и Хаме. Во периодот 1950-1952 година селото било седиште на некогашната Општина Селокуќи, во која влегувале селата Селокуќи и Спас.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0552 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 166 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[4]
Џамии[17]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Русиќ, Бранислав (1954). Дебарско Поле. Скопје: Филозофски факултет - Скопје. стр. 159–161.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 269.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 122. ISBN 9989-649-28-6.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 170-171.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 249.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јануари 2023.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. https://rezultati2021lokalni2krug.sec.mk/mk/mayr/r/11-494. Посетено на 15 јануари 2023. Отсутно или празно |title= (help)
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.
  2. Податоците за вкупното население во Пописот од 1994 година за населените места: Баниште, Горно Косоврасти, Дебар, Кривци, Отишани, Оџовци, Селокуќи, Спас, Хаме и Џепиште претставуваат збир на фактички попишаното и проценетото население.

Надворешни врски уреди