Општина Василево
Општина Василево — општина во југоисточна Македонија. Центар на општината е Василево.
Општина Василево | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Василево | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Славе Андонов | ||
Површина | |||
• Вкупна | 230,4 км2 (89,0 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 10.552 | ||
• Густина | 46/км2 (120/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +034 | ||
Регистарски таблички | SR | ||
Мреж. место | opstinavasilevo.gov.mk |
Географија
уредиИсторија
уредиОпштина Василево како комуна за првпат е формирана 1922 година. Со територијалната поделба 1954 - 1955 година комуна Василево повторно е основана што значи дека е согледана можноста за опстојување на тој простор како Комуна. Комуна Василево ја преживува и реформата во 1962 година кога се укинати другите селски комуни во Струмичкиот регион, но во 1965 година со Стопанската реформа е укината заедно со сите комуни. Во 1996 година со Законот за територијална поделба на Република Македонија, општина Василево повторно се основа со 18 населени места, но сега без Добрејци, Вељуса и Просениково.
Стопанство
уредиДемографија
уредиНарод | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 9.958 | 82,15 |
Албанци | 0 | 0,0 |
Турци | 2.095 | 17,28 |
Роми | 5 | 0,04 |
Власи | 1 | 0,01 |
Срби | 4 | 0,03 |
Бошњаци | 1 | 0,01 |
останати | 58 | 0,48 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 9.246 |
муслимани | 2.196 |
католици | 581 |
протестанти | 1 |
останати | 98 |
Општина Василево има 18 населени места во кои живеат 12.122 жители, според пописот од 2002 година. Ако оваа бројка се спреди со претходниот попис од 1994 година , се гледа дека населението во општината е во пораст и тоа за 713 жители или 6,25%.[2]
Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Василево во 2011 се зголемил за 4,4 % во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Василево е трета општина по зголемувањето на вкупниот број на ученици.[3]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Василево е Марјан Јанев од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Василево е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
За потребите за функционирање на органите на локалната самоуправа во текот на 1997/98 година е изградена Општинска административна зграда, која ги задоволува условите за работа на општинската администрација и со зголемени надлежности согласно новиот Закон за локална самоуправа. Имено општинската административна зграда е со површина од 253 м2, има 7 канцеларии, кујна, санитарен јазол и простран хол. Постојните управни и административни органи на општина Василево согласно новиот Закон за локалната самоуправа се организирани во општинска администрација со Одлука од Советот на општината. Со оваа Одлука како организациони облици на општинската администрација се образуваат специјални одделенија, и тоа:
- 1. Одделение за комунални дејности и заштита на животната средина;
- 2. Одделение за општествени дејности;
- 3. Одделение за финансии, даноци, такси и ЛЕР;
- 4. Одделение за правни работи;
- 5. Одделение за ревизија.
Раководени од потребите на граѓаните за остварување на нивните права во доменот на локалната самоуправа, како и од обемот на работата бројот на вработените во општинската администрација континуирано се зголемува. Општина Василево во моментот има 17 вработени. Вработените ги посетуваат семинарите, работилниците и други форми на обучување, како резултат на што може да се пофалиме со квалитетно и навремено извршување на работните задачи и спремноста за преземање на зголемените обврски согласно децентрализацијата. Исто така би сакале да нагласиме дека и технички сме спремни со потребната технологија за брзо и ефикасно работење.
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Во основните училишта за 10 години дури 46.500 ученици помалку“. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Посетено на 2013-02-08.
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
Надворешни врски
уреди- Портал на Општина Василево
- Општина Василево во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.