Лешани
Лешани — село во јужниот дел на подрачјето на Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Лешани | |
Поглед на селото Лешани од камбанаријата на црквата „Св. Никола“ | |
Координати 41°16′40″N 20°51′38″E / 41.27778° СГШ; 20.86056° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебрца |
Област | Дебрца |
Население | 310 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 19026 |
Надм. вис. | 1.086 м |
Лешани на општинската карта Атарот на Лешани во рамките на општината | |
Лешани на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Лешани се наоѓа во областа Дебрца. Околни села се Велмеј од североисток, Грко Поле, Горно и Долно Средоречие од север и северозапад, Злести од запад и Куратица од југ.
Историја
уредиПодрачјето на Лешани е населено уште во младото камено време, за што сведочи наоѓалиштето Думејнчка Горица северозападно од селото.[2]
Во XIX век, Лешани се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
Потекло и значење на името
уредиСпоред едно предание, името на селото потекнува од „Лешок“, еден од тројцата браќа кои на различни страни си ја побарале среќата, а Лешок се населил тука.[3]
Стопанство
уредиВо минатото, освен земјоделството, голем дел од населението било вработено во фабричкиот погон на ЕМО за метални конструкции.[4]
Поради поволните услови, планинска вода и рамно поле, жителите главно се занимаваат со одгледување на компир, грав и пченка.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лешани имало 450 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешани имало 480 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лешани е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[8]
Лешани е средно село, но со намалување на бројот на населението. Тоа, во 1961 година броело 769 жители, а во 1994 година 472 жители, македонско население и само двајца жители Срби.
Според пописот од 2002 година, во селото Лешани живееле 484 жители, од кои 483 Македонци и 1 Србин.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 310 жители, од кои 291 Македонец и 19 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450 | 480 | 709 | 752 | 769 | 703 | 706 | 588 | 472 | 484 | 310 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиЛешани е македонско село.
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Дебрца“ до IX одделение[17], подрачно училиште на ОУ „Дебрца“ - Белчишта
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Лешани, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Лешани се наоѓало во некогашната Општина Велмеј, во која влегувале селата Брежани, Велмеј, Грко Поле и Лешани.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1322 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата. Во ова избирачко место е опфатено и селото Грко Поле.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 384 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[20]
- Црква „Сите Светци“ — главна манастирска црква на истоимениот манастир; изградена во 1450 година;
- Црква „Покров на Пресвета Богородица“ — нова манастирска црква во Лешанскиот манастир;
- Црква „Св. Никола“ — градена од 1909 до 1919 година, а осветена во 1920 година. Иконите на иконостасот се изработени од Русалим Крстев од Лазарополе во 1909 година;
- Црква „Св. Петар“ — понова црква, сè уште неосветена;
- Црква „Св. Атанасиј“ — во изградба;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — возобновена во 1979 година.
- Манастири
- Лешански манастир — средновековен манастир
- Археолошки наоѓалишта
- Градиште — утврдена населба од бронзено време
- Думејнчка Горица — населба од неолитско време
- Св. Атанасиј — црква и некропола од средниот век
- Св. Богородица — црква од средниот век
- Св. Петар — црква и некропола од раниот среден век
- Сисвети — црква и некропола од средниот век
- Останати
- Лешанска воденица — воденица во околината на селото прогласена за културно наследство на Македонија[21]
- Змија Дупка — пештера на 2,5 км источно од селото, кај месноста Бозоец
Личности
уреди- Родени
- Здравко Јакимоски - Банар — македонски етнолог, поет, фолклорист и кореограф
- Стојан Ристески — македонски научник
- Ангел Попвасилев — македонски револуционер
- Васил Попангелов — македонски револуционер
- Петар Николов — македонски револуционер
- Славе Банар (5 јануари 1954) — македонски поет и раскажувач
- Крстан Петрев Иловски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Дамјан Најдев Сиљановски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Стојан Ристов Трајчески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Алексо Силјаноски — македонски партизан
- Кирјан Јанески — македонски партизан
- Тодор Митрески — македонски партизан
- Филип Ристески — македонски партизан
Потекло
уреди- Александар Митрески — македонски фудбалер.
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиПостари иселеници може да се најдат во САД.[15]
Од поново време иселеници од селото има во Охрид, Струга, Тетово, Скопје, Битола и во Австралија, САД и Канада.[16]
Галерија
уреди-
Панорамски поглед на Лешани од селото Горно Средоречие
-
Поглед на селото од црквата во Горно Средоречие
-
Улица во селото
-
Низ селото
-
Поглед на селото од камбанаријата на црквата „Св. Никола“
-
Помошниот објект на црквата „Св. Никола“ и дел од селото
-
Стара традиционална камена куќа во Лешани
-
Главната селска црква „Св. Никола“ со селските гробишта
-
Крстот над селото со новоизградената црква „Св. Атанасиј“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 250. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 3,0 3,1 „Патувачко кино“ (PDF). Македокс. 2015. Посетено на 7 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ Казиовска, Соња (6 јуни 2015). „Луѓе бараат иљач од сите светии во манастирот над Лешани“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 15 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 септември 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 15,0 15,1 Русиќ, Бранислав. Дебрца-Лешани. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
- ↑ 16,0 16,1 Ристески, Стојан (2000). Лешани. Струга: Ирис.
- ↑ „За училиштето“. македонски: ОУ „Дебрца“ - Белчишта. Архивирано од изворникот на 2016-08-25. Посетено на 22 август 2016.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 23,0 23,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Надворешни врски
уреди„Лешани“ на Ризницата ? |
- Сателитска снимка на Лешани на Карти на Гугл