Требино
Требино — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Требино | |
Поглед на селото Требино | |
Координати 41°31′40″N 21°12′34″E / 41.52778° СГШ; 21.20944° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Порече |
Население | 133 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6530 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03048 |
Надм. вис. | 660 м |
Требино на општинската карта Атарот на Требино во рамките на општината | |
Требино на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Порече, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Македонски Брод, на источните падини на планината Песјак.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено само 2 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 8,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 714 хектари, на пасиштата отпаѓаат 76 хектари, а на обработливото земјиште само 62 хектари.[2]
Историја
уредиВо XIX век, Требино било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиСелото нема развиена земјоделска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Требино имало 65 жители, сите Македонци муслимани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Требино имало 16 жители, христијани.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[5]
Требино е мало село, населено со македонско население, коешто во 1961 година броело 211 жители, а во 1994 година 204 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Сланско имало 198 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 133 жители, од кои 130 Македонци, 1 Албанец и 2 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 65 | 16 | 160 | 147 | 211 | 189 | 176 | 206 | 204 | 198 | 133 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиТребино е македонско село.
Според истражувањата од 1926 година, родови се:
муслимански:
- Доселеници: Мехмедовиќ (4 к.) и Исеиновиќ (6 к.) доселени се од дебарското село Коџаџик.
Православни:
- Доселеници: Андоменовиќ (1 к.) и Билбирадовиќ (1 к.) доселени се од Лупште. Подалечно потекло од прилепско; Мојсовиќ (1 к.) доселени се од Локвица.[12]
Муслиманите биле постари во селото.
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Св. Климент Охридски“ до V одделение[13], подрачно училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Требино се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Грешница, Латово, Сланско и Суводол.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0233 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 142 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 140 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[17]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
Иселеништво
уредиПред да биде муслиманско село, Требино било православно. Стари православни иселеници од селото имало во Латово, Миокази, Речани, Букурешт, муслиманите се иселувале во Кичево и Турција.[12]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 299. Посетено на 16 ноември 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 ноември 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 12,0 12,1 . Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „ПУ Требино“. македонски: ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод. Посетено на 17 октомври 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.