Јудово

село во Општина Кичево

Јудово — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Јудово

Панорамски поглед на селото

Јудово во рамките на Македонија
Јудово
Местоположба на Јудово во Македонија
Јудово на карта

Карта

Координати 41°26′39″N 20°52′23″E / 41.44417° СГШ; 20.87306° ИГД / 41.44417; 20.87306
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Копачка
Население 6 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6255
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12028
Надм. вис. 850 м
Слава Атанасовден
Јудово на општинската карта

Атарот на Јудово во рамките на општината
Јудово на Ризницата

Потекло на името

уреди

Името на селото првпат е споменато како „Јудово“ во XV век.

За значењето на името има неколку мислења:[2]

  • Од Јуда (хебрејски Јехуда), што означува „тој го величи бога“
  • Од јуда плус наставката „-ово“ што означува „неверник“ или „погрдно име за Евреин“

Според едно предание, името Јудово го добило поради тоа што селаните од ова село некого предале, како што Јуда го предал Христос, па оттаму потекнува името на селото. Меѓутоа, има и друго предание по кое името Јудово го добило од името на селото Удово кај Дебар, од каде се претпоставува дека дошле првите доселеници во ова село.[3]

Помеѓу двете светски војни, селаните сакале да го променат името на селото и да го именуваат во нивниот основач, Ковачево. Меѓутоа, властите го предложувале името Вирово. На крај, промената не била извршена.[4]

Географија и местоположба

уреди
 
Низ селото

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во горното сливно подрачје на реката Треска, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Дебрца.[5] Селото е планинско, на надморска височина од 850 метри. Од градот Кичево е оддалечено 12,5 километри.[5]

Јудово е сместено на границата помеѓу Кичевската Котлина и областа Дебрца. Се наоѓа во горниот дел на долината на Јудовска Река, а во подножјето на планината Голјак. Околни села се Брждани на исток и Турје на југозапад.[4]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Голи Рид, Стиско, Длабоки Дол, Капиница, Јароштица, Планиница, Пепелиште, Глеждано, Црвен Камен, Преслоп, Лескоец, Јачмиште, Црвенушка, Душманица, Црков Камен, Јанкојца, Габројца, Горно Трло, Задел, Шилест Камен, Урвишта, Разбојиште, Падиње, Слоништа, Згуројца, Моројца, Виноградец, Трипинец, Голјак, Маркоа Нива, Локвишта, Барине, Крстец, Бигла и Пљешец.[4]

Селото има збиен тип. Не се дели на маала, бидејќи е мало село. Сепак постојат родовски групирања во него.[4]

Селото се наоѓа во областа Горна Копачка, на падините на планинскиот масив Голјак, распослано на бреговите на Јудовска Река. Населбата е отворена кон исток.[3]

Историја

уреди
 
Спомен-чешма за борците од НОБ

Мештаните веруваат дека во околината постоело село Пепелиште на истоимената месност. Имало околу 20 до 30 словенско-христијански куќи. Месноста се наоѓа југозападно од денешното село, на планинска падина. Месноста е на патот за селото Турје, а над месноста се наоѓа мало планинско езеро.[4]

Јудово, исто така, се смета за едно од старите села во Кичевско. Под истото име се сретнува во турските пописни дефтери од 1476/77 година, како дел од Кичевската нахија и имало 17 словенско-христијански куќи.[4]

Се верува дека селата Пепелиште и Јудово наеднаш опустеле, а останал да живее само еден селанец Новаче, кој работел како ковач во селото Мраморец, во Дебрца. Новаче дошол во денешното село Јудово, кај што основал ново село, во месноста Куќиште. Ова се случило околу 1770 година. Новаче имал пет синови. Денешните родови потекнуваат од тројца од неговите синови (Наум, Апостол и Кузман).[4]

На селиштето Пепелиште и денес може да се забележат ѕидови од куќи, воденици, стари гробови и стари овошни дрвја.[4]

Во XIX век, Јудово било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Опожарувања на селото

уреди

Куќите во селото честопати биле палени. При борба околу 1880 година помеѓу поречките четници и Торбешите од кичевското село Другово, селото било запалено. Потоа повторно во 1903 година за време на Илинденското востание. Повторно било запалено во 1905 година од страна на арбанашкиот арамија Зулко, кој барал пари, но селаните не му дале. Во мај 1944 година, Јудово било запалено од страна на германските војници.[4]

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 8,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 528 хектари, на пасиштата отпаѓаат 225 хектари, а на обработливото земјиште 64 хектари.[5]

Во одредени делови од атарот на селото (како Кршојне) има остатоци од стари рудници. Постои рударски ров долг 9 и широк 4 метри. По Втората светска војна, тука повторно имало рудник, во кој работеле 240 работници. Рудникот работел во периодот 1951-1955 година. Во него била пронајдена железна руда.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948254—    
1953299+17.7%
1961239−20.1%
1971196−18.0%
198194−52.0%
ГодинаНас.±%
199144−53.2%
199446+4.5%
200227−41.3%
20216−77.8%

Според податоците од 1873 година, селото имало 14 домаќинства со 48 жители христијани (Македонци).[6] Селото било познато како Надово.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Јудово имало 250 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Јудово имало 240 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Јудово:[9]

Домаќинства Печалбари Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
30 29 37 5 42 64 104 168

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[10]

Јудово е мало село со тенденција на раселување. Тоа во 1961 година броело 239 жители, а во 1994 година само 46 жители, македонско население.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Јудово живееле 27 жители, сите Македонци.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 240 254 299 239 196 94 44 46 27 6
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

Јудово е македонско православно село.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Чрклевци (24 к.), Црвенковци (13 к.) и Кузмановци (9 к.), кои потекнуваат од тројцата браќа: Чрклевци од Наум, Црвенковци од Апостол и Кузмановци од Кузман. Во родот Чрклевци се знае следното родословие: Дичо (жив на 66 г. во 1961 година) Доне-Трајан-Ѓоргија-Наум-Новаче, основачот на родот.
  • Доселенички е само родот: Одовци (2 к.), доселени се од сега раселеното село Требичево, кое постоело во атарот на селото Трапчин Дол.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Блажевци (6 к.), Богдановци (10 к.). Грујовци (5 к.), Шкрлевци (6 к.) и Јаковчевци (5 к.), сите не си го знаат потеклото или мислат дека дошле од старото село.[16]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Брждани, во која покрај селото Јудово, се наоѓале и селата Белица, Брждани, Видрани, Козица и Свињишта.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0769 според Државната изборна комисија, сместено во приватен објект.[17]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 23 гласачи.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[20]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед кон главната селска црква „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[21]
  • Кршојне — рудник и топилница од средниот век; и
  • Ливадиште — некропола од доцноантичкото време.
Цркви[22]
Спомен-чешми
  • Спомен-чешма за загинатите борци од НОБ
Реки

Редовни настани

уреди

Традиционално, во селото има прослави и собири за:

Личности

уреди
Родени во Јудово

Иселеништво

уреди

Од Јудово постепено се иселил голем дел од населението. Потполно се иселени родовите: Трпевци и Милошевци. Последните иселеници од Милошевци заминале за Јабука крај Панчево.[4]

Доста голем број иселеници живеат во Софија (околу 30 к.). Потоа ги има во селата Трап и Будаково во околината на Битола, Дебреште кај Прилеп (Ѓурчиноски, 3 к.), во Војводина (3 к.), во Кичево и кичевското село Другово (3 к.).[4]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 103.
  3. 3,0 3,1 Боге Петрески, Дуко Тасев (1858 - 1943) – кичевски војвода, Кичево,2000, стр. 27
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 96–97.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 141-142. Посетено на 6 јануари 2019.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 156-157.
  9. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 јануари 2019.
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 26 јануари 2019.
  18. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 26 јануари 2019.
  19. „Референдум 2018“. Посетено на 26 јануари 2019.[мртва врска]
  20. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  21. Коцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  22. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  23. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  24. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  25. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди