Рамно
Рамно — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Рамно | |
Координати 42°16′40″N 21°58′59″E / 42.27778° СГШ; 21.98306° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 6 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17082 |
Надм. вис. | 933 м |
Рамно на општинската карта Атарот на Рамно во рамките на општината | |
Рамно на Ризницата |
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Рамно имало 21 жител, од кои 20 Македонци и 1 Србин.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 4 Македонци и 2 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 475 | 384 | 433 | 426 | 357 | 261 | 123 | 61 | 40 | 21 | 6 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
уредиРамно е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
- Доселеници: Кушпарци (3 к.) доселени се од селото Војник; Забелци (5 к.) доселени се од селото Трница во Горна Пчиња (денес во Србија). Го знаат следното родословие: Јован (жив на 73 г. во 1971 година) Стојан-Ристе-Спаја, кој се доселил; Курјашци (4 к.) доселени се од некое блиско кумановско село; Ваганаровци (2 к.), Гезаци (2 к.), Ковелци (1 к.), Свиларци (5 к.) и Мартинци/Мартиновци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде.[9]
Општествени установи
уреди- Црква „Св. Никола“ од 1888-90 г.
Иселеништво
уредиПостари иселеници има во околината на Врање во Србија. Во селото Брњаре (Раманци), потоа во Горна Пчиња (во Србија и Македонија) во селата Долно Стајевце (Ваљавичарци и Барчани), Горно Стајевце (Пржинци), Бабина Пољана (Стојановци) и во Буковљане (Миленковци).
Други постари и понови иселеници по кумановските села се во Мутилово (Крстевски), Алгуња (Арсиќи), Долно Коњаре (Митровиќи, Стојанови, Накиќи, Душан и Саво), Љубодраг (Козјачани), Карловце (Раманчани), Врачевце (Куштарци) и во Карабичане (Подкулајци и Дубовци).
Потоа иселеници има во селото Пепелиште во Тиквеш. Потоа селото Глогоњ кај Панчево, во Куманово и други места.[9]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 9,0 9,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.