Во 12:15 ч. напладне, спотот за песната Video Killed The Radio Star („Спотот ја уби радиоѕвездата“) од Баглс станува првиот спот емитуван на MTV, една од најпознатите телевизии посветени на музиката и современата поп-култура.
Месниот комитет на КПЈ за Битола во градот организира демонстрации во кои членовите на извикуваат „Да живее слобдна Македонија“. Со тоа е оневозможено окупаторот да го искористи празникот на македонскиот народ за сопствени цели.
Во селото Смилево (во кое во 1903 година е донесена одлука за одржување на Илинденското востание) битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ ја запалил општинската зграда, архива и одржал митинг. Со оваа акција спречена е прославата на Илинден од страна на бугарскиот окупатор на која требало да присуствува бугарскиот министер за внатрешни работи.
Во близина на селото Отешево одржан е проширен состанок на Централниот комитет на КПМ на кој се донесени одлуки за формирање на поголеми воени единици (батаљони и бригади), за започнување на подготовки за свикување на АСНОМ, како и за формирање на повисоки органи на власта.
Во манастирот Свети Прохор Пчински кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). Во согласност со одлуките на АВНОЈ, Македонија е потврдена како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа АСНОМ е конституиран како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на чело со Методија Андонов - Ченто(на сликата), а македонскиот јазик е воведен како службен јазик.
Италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо којшто работел за шпанскиот кралски двор со бродовите „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“ отпочнал патување за пронаоѓање на морскиот пат кон Индија, а пристигнал до Карибите откривајќи ја Америка.
Нецел месец по почетокот на револуцијата, Националното собрание на Франција ги укинало привилегиите на аристократијата и свештенството, со што практично го укинало феудализмот.
Во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини.
Прва светска војна: Започнала Битката кај Амјен во Франција, која била серија на континуирани победи на сојузниците во текот на 100-дневната офанзива, со кои завршила војната.
„Битлси“ го издаваат албумот „Револвер“, прогласен за трет најдобар на сите времиња според списанието Rolling Stone и за најдобар според мрежното место Rate Your Music.
Под притисок на јавното мислење на САД, претседателотРичард Никсон соопшти дека на 9 август ќе поднесе оставка поради обвиненијата дека е замешан во аферата Вотергејт, која силно го погоди американскиот претседателски систем. Наместо Никсон, американски претседател стана дотогашниот потпретседател - Џералд Форд.
Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се повредени во нападот што албанските терористи го извршија врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово.
Потпишан е договорот за источниот дел од границата помеѓу САД и Канада, односно помеѓу државата Мејн од САД и провинциите Квебек и Њу Бранзвик од Канада, со што се окончани долгогодишните погранични судири.
Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба врз јапонскиотградНагасаки, кој беше урнат до темел. Притоа, загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа повредени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито ја објави безусловната капитулација на Јапонија.
Француска револуција: Револуционерите во Париз навлегле во палатата Тилери (подоцна запалена и урната во текот на Париската комуна), со што ја окончале монархијата.
За 7 часа 42 минути и 32 секунди македонскиот пливачки маратонец Томи Стефановски го преплива каналот Ламанш. По Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година, тој е третиот Македонец што го препливал каналот кој го дели Британскиот Oстров од останатиот дел од Европа.
Џозеф Китингер скокнал со падобран над Ново Мексико на висина од 31.330 метри, со што поставил три сѐ уште актуелни рекорди: највисок скок, најдолг слободен пад и најголема брзина на човек без летало.
Земјотрес со сила од 7,4 степени ја погодил Турција, со епицентар 30 km југоисточно од Истанбул, при што загинале над 17.000 луѓе, а над половина милион останале без своите домови.
Англискиот лекар Роналд Рос го открил видот на комарец пренесувач на маларијата, што било пресудно за сузбивање на болести која предизвикала смрт на милиони луѓе. Еден од првите нобеловци за медицина во 1902.
Од парискиот музеј „Лувр“ украдена е сликата „Мона Лиза“ на познатиот сликар Леонардо да Винчи. Сликата е пронајдена и вратена во музејот дури по две години во 1913 година.
Филипинскиот опозиционен водач Бењино Акино бил убиен по излегувањето од авионот на аеродромот во Манила при враќањето во земјата по тригодишното прогонство во САД. Убиството го организирал филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос.
На централниот градски плоштад во Прага 100.000 граѓани за првпат слободно ја одбележале годишнината од инвазијата на Варшавскиот пакт врз Чехословачка 1968 година.
Словенечкиот пливач Мартин Стрел, под мотото „За мир, пријателство и чисти води“ пливал по Дунав од неговиот извор во Германија до утоката во Црно Море, при што го соборил рекордот за овој вид на пливање и влегол во Гинисовата книга со препливани повеќе од 2.900 км. Стрел го започнал својот поход на 25 јуни.
Јапонија ѝ објави војна на Германија во Првата светска војна. На Версајската конференција во 1919 година на победничката Јапонија и се доделени многу германски колонии во Тихиот Океан како награда за учествувањето во војната на страната на силите на Антантата.
Група загрепски научници откриле коски, заби и орудиja на пралуѓето на подрачјето на Крапина, наодите биле значаен доказ за вистинската Дарвинова наука за еволуцијата.
Турската војска предводена од Мустафа Кемал Ататурк започнала офанзива против грчките сили кај Измир, која довела до целосна загуба на грчките територии во Мала Азија и иселување на околу 1 милион Грци од Турција.
Во Битола бегалците од Егејска Македонија излегоа на протестен митинг со барање да престане теророт и прогонот на Македонците спроведуван од страна на грчките власти.
По објавувањето на јапонската капитулација американските трупи почнаа да се истоваруваат на територијата на поразената Јапонија. Првите единици се истоварија на аеродромот Ачуга, а потоа флотата од 383 воени бродови во придружба на 1.300 авиони впловија во Токискиот Залив. Тоа беше првпат Јапонија да капитулира.
На православниот христијански празник Успение на Света Богородица во црквата „Света Богородица“ кај Берово, од громовите што удрија во масата 10-15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-мина беа повредени.
Еден британски брод потона во близина на пристаништето Портсмут, во Велика Британија, и притоа се удавија повеќе од 1.000 патници и членови на екипажот.
Со склучувањето мир во Нанѓинг заврши Англо-кинеската војна. Со тој мир на Англичаните им се отворија кинеските пристаништа и им беа дадени големи трговски привилегии, па Кина, по замешувањето и на другите велесили сосема падна под влијание на западните држави.
Ураганот Катрина уништил поголем дел од крајбрежјето на САД во Мексиканскиот Залив од Луизијана до Флорида, убивајќи над 1.836 луѓе и предизвикувајќи штета од над 115 милијарди долари.
Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донесе одлука за воведување на „црниот терор“ над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти.
Силите на основачот на модерна ТурцијаКемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како национален празник на Република Турција.
Втора светска војна: Започна Битката кај Алам ел-Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-италијанската армија, генерал Ервин Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот Канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по Битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.
Во голема сообраќајна несреќа на патот Куманово - Свети Николе загинале 9 лица, меѓу кои и македонската поп пејачка Сашка Петковска и три члена од балетската група Авона.