Миле Свилар (27 август 1999) е српски фудбалер со белгиско потекло кој игра за португалскиот клуб Бенфика како голман. Роден во Белгија, Свилар ја претставувал репрезентацијата на Србија.

Клупска кариераУреди

АндерлехтУреди

Како трет избор на голман, Свилар бил дел од првиот тим на Андерлехт во текот на сезоната 2016–17 [1], но тој не се појавил на ниту еден натпревар.

БенфикаУреди

Свилар потпишал петгодишен договор со португалскиот шампион Бенфика на 28 август 2017 година.[2] На 14 октомври, тој го направил своето деби со клубот во победата со 1–0 над Олханенсе,[3] станувајќи најмладиот голман кој некогаш играл за Бенфика. Во меѓународна конкуренција, тој го соборил рекордот на Икер Касиљас како најмлад голман што некогаш играл во Лигата на шампионите на 18 октомври 2017 година, во поразот на домашен терен од Манчестер Јунајтед со 1–0, на возраст од 18 години и 52 дена.[4][5] Во реваншот против англискиот тим, на возраст од 18 години и 65 дена, тој станал најмладиот голман кој некогаш одбранил пенал на меч од Лигата на шампионите. Во истиот натпревар, кој завршил со пораз од 2–0 на гостински терен, тој станал и најмладиот играч кој некогаш постигнал автогол во ова натпреварување.[6][7]

Репрезентативна кариераУреди

МладинецУреди

Свилар бил член на репрезентациите на Белгија У-16, Белгија У-17, Белгија У-18, а исто така бил член на Белгија У-19. Тој бил прв избор на голман за репрезентацијата на Белгија до 17 години на Европското првенство за играчи до 17 години во 2016 година во Азербејџан.

СениорУреди

Роден во Белгија од родители Срби. Свилар имал право да ги претставува Белгија или Србија.[8] На 4 ноември 2017 година, тој објавил дека ќе го одигра својот прв натпревар за репрезентацијата на Србија во март 2018 година, бидејќи го прифатил повикот од Фудбалскиот сојуз на Србија.[9] Тој дебитирал со Србија во пријателскиот натпревар и победа со 4-0 против Катар на 1 септември 2021 година.[10]

Приватен животУреди

Свилар има српски пасош.[11] Неговиот татко Ратко е поранешен српски голман .[2]

ТрофеиУреди

Андерлехт

  • Белгиски Суперкуп : 2017 [12]

Бенфика

НаводиУреди

  1. „Anderlecht 2016-2017“. footballsquads.co.uk. Посетено на 19 October 2017.
  2. 2,0 2,1 Garcia, Filipa Fernandes (28 August 2017). „Svilar assina por cinco épocas“ [Svilar signs for five seasons]. S.L. Benfica (Portuguese). Посетено на 16 October 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „Taça de Portugal Placard 2017/2018 - Third Round: Olhanense 0-1 Benfica“. thefinalball.com. Посетено на 16 October 2017.
  4. „Benfica goalkeeper breaks Iker Casillas' record in Champions League clash with Man Utd | Goal.com“. www.goal.com.
  5. Michael Yokhin (31 October 2017). „Meet Mile Svilar, the youngest keeper in Champions League history“. ESPN FC. Посетено на 31 October 2017.
  6. „Man. United 2-0 Benfica“. uefa.com. 31 October 2017. Посетено на 31 October 2017.
  7. Mark Critchley (31 October 2017). „Manchester United make it four from four on another night to forget for Benfica youngster Mile Svilar“. The Independent. Посетено на 31 October 2017.
  8. „Mladi Srbin protiv Manchester Uniteda srušio rekord Lige prvaka“. index.hr (хрватски). Посетено на 28 August 2018.
  9. „Svilar odlucio - igra za Srbiju“. rts.rs (српски). Посетено на 4 November 2017.
  10. „Match Report of Qatar vs Serbia - 2021-09-01 - FIFA Friendlies - Global Sports Archive“.
  11. „Jedan Srbin može protiv Junajteda da ispiše istoriju Lige šampiona“. sport.blic.rs (српски). Посетено на 16 October 2017.
  12. „Mile Svilar Titles“. thefinalball.com. Посетено на 16 October 2017.

Надворешни врскиУреди

  • Профил на Белгија во ФА на Белгија