Дарја Домрачева
Дарја Владимировна Домрачева (родена на 3 август 1986 г.) — белоруска биатлонка која се натпреварува во Светскиот куп во биатлон од 2006 година. Таа освоила златен медал на штафетната трка на 4×6 км и сребрен медал во дисциплината масовен старт на Зимските олимписки игри 2018, три златни медали во дисциплините потера, поединечно и масовен старт на Зимските олимписки игри 2014 и бронзен медал на поединечната трка на Зимските олимписки игри 2010.[1] Таа била севкупен победник во Светскиот куп во биатлон во сезоната 2014–15. Покрај олимписките медали, таа има освоено два златни, четири сребрени и еден бронзен медал на Светските првенства во биатлон.
Лични податоци | ||
---|---|---|
Полно име | Дарја Владимировна Домрачева | |
Прекар(и) | Даша | |
Роден(а) | 3 август 1986 Минск, Белоруска ССР, СССР | |
Висина | 1.68 м | |
Сопружник | Оле Ејнар Бјерндален (в. 2016) | |
Портал | daryadomracheva.by | |
Спорт | ||
Земја | Белорусија | |
Спорт | Биатлон | |
Клуб | Динамо Минск | |
Освоени медали
| ||
Олимписки игри | ||
2014 Сочи | 15 км поединечно | |
2014 Сочи | 10 км потера | |
2014 Сочи | 12.5 км мас. старт | |
2018 Пјонгчанг | 4 × 6 км штафета | |
2018 Пјонгчанг | 12.5 км мас. старт | |
2010 Ванкувер | 15 км поединечно | |
Светски првенства | ||
2012 Руполдинг | 10 км потера | |
2013 Нове Мјесто | 12.5 км мас. старт | |
2008 Естерсунд | мешана штафета | |
2011 Ханти-мансиск | 12.5 км мас. старт | |
2012 Руполдинг | 7.5 км спринт | |
2017 Хохфилцен | 10 км потера | |
2011 Ханти-Мансијск | 4 × 6 км штафета |
Кариера
уредиДомрачева ја започнала својата кариера во скијачко трчање во 1992 година но се префрлила во биатлон во 1999 година. Таа првично настапувала за Русија на младинско ниво, но добила понуда да настапува за Белорусија во 2004 година.[2] Таа се приклучила на белоруската репрезентација во биатлон во 2006 година. Домрачева била победник во дисциплините потера и спринт на светското јуниорско првенство во 2005 година одржано во Контиолахти, Финска. Таа завршила на 40. место на поединечната трка (ѝ паднал диоптерот, и таа пет пати промашила на третото стрелиште).
Домрачева го освоила третото место во потера и четвртото место на поединечната трка на светското јуниорско првенство во 2006 година одржано во Преск Ајл, Мејн, САД. Во 2007 година, таа освоила два сребрени медали на светското јуниорско првенство одржано во Мартело, Италија.[3]
На Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер, таа освоила бронзен медал на трката 15 километри поединечно. Подоцна во истата сезона, на 13 март, таа ја забележала својата прва победа на трка од Светскиот куп, во спринт во Контиолахти, Финска. Следниот ден таа победила и во потера.
Домрачева била прогласена за белоруска спортистка на годината за 2010 година, и исто така ѝ била доделена титулата почесен масјтор за спорт истата година.[2] Во 2014 година, на Домрачева ѝ бил доделен медалот Херој на Белорусија, откако освоила три златни медали на трките потера, поединечно и масовен старт на Зимските олимписки игри 2014.
Во август 2015 година, Домрачева решила да ја прескокне целата натпреварувачка сезона 2015–16 во Светскиот куп, откако и била дијагностицирана мононуклеоза еден месец претходно.[4][5][6] По паузата поради мононуклеозата и бременоста, Домрачева се вратила на трките од Светскиот куп во јануари 2017 година.
На Зимските олимписки игри 2018, таа освоила сребрен медал во масовен старт, и бронзен медал во екипната штафета.
Нејзин тренер бил поранешниот светски и олимписки медалист, Клаус Зиберт.[7]
Светски куп
уредиДомрачева била севкупен победник во дисциплините потера и масовен старт во сезоната 2011–12 во Светскиот куп. Истата сезона, таа завршила на второто место во севкупниот пласман, заостанувајќи 28 бодови зад Магдалена Нојнер.
Во сезоната 2010–11, Домрачева била севкуен победник во масовен старт..[8]
Најголем успех во Светскиот куп, Домрачева остварила во сезоната 2014–15, кога ја освоила титулата во светскиот куп со 1092 бодови, 48 бодови повеќе од второпласираната и двократна победничка Кајса Мекерејнен. Истата сезона, таа била севкупен победник во спринт.
Сезона | Вкупно | Спринт | Потера | Поединечно | Масовен старт | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Трки | Бодови | Место | Трки | Бодови | Место | Трки | Бодови | Место | Трки | Бодови | Место | Трки | Бодови | Место | |
2006–07 | 16/27 | 297 | 22. место | 9/10 | 164 | 15. место | 6/8 | 125 | 15. место | 0/4 | – | – | 1/5 | 8 | 42. место |
2007–08 | 18/26 | 226 | 26. место | 10/10 | 124 | 18. место | 6/8 | 76 | 22. место | 0/3 | – | – | 2/5 | 26 | 34. место |
2008–09 | 23/26 | 776 | 7. место | 10/10 | 329 | 5. место | 6/7 | 214 | 8. место | 3/4 | 87 | 14. место | 4/5 | 146 | 7. место |
2009–10 | 22/25 | 770 | 6. место | 9/10 | 283 | 6. место | 5/6 | 199 | 4. место | 3/4 | 121 | 4. место | 5/5 | 140 | 8. место |
2010–11 | 26/26 | 862 | 6. место | 10/10 | 323 | 7. место | 7/7 | 252 | 5. место | 4/4 | 51 | 29. место | 5/5 | 236 | 1. место |
2011–12 | 26/26 | 1188 | 2. место | 10/10 | 471 | 2. место | 8/8 | 392 | 1. место | 3/3 | 116 | 3. место | 5/5 | 250 | 1. место |
2012–13 | 26/26 | 924 | 2. место | 10/10 | 351 | 2. место | 8/8 | 251 | 6. место | 3/3 | 122 | 3. место | 5/5 | 200 | 2. место |
2013–14 | 20/22 | 793 | 3. место | 8/9 | 254 | 3. место | 7/8 | 296 | 3. место | 2/2 | 92 | 2. место | 3/3 | 151 | 1. место |
2014–15 | 25/25 | 1092 | 1. место | 10/10 | 416 | 1. место | 7/7 | 347 | 2. место | 3/3 | 139 | 2. место | 5/5 | 206 | 3. место |
2015–16 | Не се натпреварувала поради мононуклеоза[6] | ||||||||||||||
2016–17 | 16/26 | 394 | 24. место | 6/9 | 135 | 21. место | 6/9 | 161 | 19. место | 2/3 | 42 | 26. место | 2/5 | 56 | 29. место |
Резултати
уредиОлимписки медали
уреди6 медали (4 златни, 1 сребрен, 1 бронзен)
Игри | Поединечно | Спринт | Потера | Масовен старт | Штафета | Мешана штафета |
---|---|---|---|---|---|---|
2010 Ванкувер | Бронза | 8. место | 15. место | 6. место | 7. место | Н/П |
2014 Сочи | Злато | 9. место | Злато | Злато | 5th | – |
2018 Пјонгчанг | 27. место | 9. место | 37. место | Сребро | Злато | 5. место |
Светски првенства
уредиПрвенство | Поединечно | Спринт | Потера | Масовен старт | Штафета | Мешана штафета |
---|---|---|---|---|---|---|
2007 Разун Антерзелва | – | 13. место | 22. место | НЗ | 5. место | 13. место |
2008 Естерсунд | – | 46. место | 25. место | – | 5. место | Сребро |
2009 Пјонгчанг | 11. место | 53. место | 5. место | 6. место | 4. место | 9. место |
2010 Ханти-мансиск | Не се одржува во олимписка сезона | 9. место | ||||
2011 Ханти-мансиск | 19. место | 26. место | 35. место | Сребро | Бронза | 10. место |
2012 Руполдинг | 25. место | Сребро | Злато | 5. место | 4. место | 6. место |
2013 Нове Мјесто | 33. место | 43. место | 25. место | Злато | 7. место | 11. место |
2015 Контиолахти | 16. место | 25. место | 7. место | 4. место | 7. место | 4. место |
2016 Осло | – | – | – | – | – | – |
2017 Хохфилцен | 13. место | 27. место | Сребро | 19. место | 9. место | – |
Наводи
уреди- ↑ Darya Domracheva Архивирано на 4 август 2014 г.. sports-reference.com
- ↑ 2,0 2,1 „Athletes: Darya Domracheva“. sochi2014. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 11 February 2014.
- ↑ Darya Domracheva Архивирано на 9 октомври 2017 г.. Official Website of the Republic of Belarus. Belarus.by. Посетено на 19 July 2014.
- ↑ „Olympic champion Darya Domracheva to miss biathlon season“. Zee News. 5 August 2015. Архивирано од изворникот на 2017-08-04. Посетено на 8 August 2015.
- ↑ Mononucleosis Hits Darya Domracheva Архивирано на 4 март 2016 г.
- ↑ 6,0 6,1 Darya Domracheva to Skip 2015–16 Biathlon Season Архивирано на 4 март 2016 г.
- ↑ „Klaus Siebert: Biathlon is My Life“. International Biathlon Union. 7 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 27 февруари 2014. Посетено на 20 март 2014.
- ↑ IBU official result page Архивирано на 1 март 2011 г.. biathlonresults.com
Надворешни врски
уреди„Дарја Домрачева“ на Ризницата ? |