Картагина — древен град и држава во Средоземјето. Градот Картагина се наоѓал во близина на денешниот град Тунис, главен град на државата Тунис. Картагинците веројатно потекнуваат од доселени феникијци кои тука основале населено место, веројатно во 9.век п.н.е. Во својот зенит, државата се протегала долж брегот на Северна Африка, од Либија до денешно Мароко, потоа по јужниот брег на Пиринејскиот Полуостров, и по островите Сардинија, Корзика и Сицилија.

Картагинското царство во 3 век п.н.е.

Картагинците биле големи непријатели на Римјаните и воделе серија меѓусебни војни познати како Пунски војни за превласт во Средоземјето во текот на III и II век п.н.е.

Соперништвото завршило со конечен пораз на Картагина од Рим по тригодишна опсада на градот во 146г.п.н.е. и целосно уништување на Картагина. Градот бил систематски запален и уништен, а целокупното население (околу 50.000) биле одведени во ропство.