Мустафа Кемал Ататурк
Мустафа Кемал Ататурк (турски: Mustafa Kemal Atatürk; 1881 — 10 ноември 1938) — турски офицер, револуционер и државник, основач на Турската Република, како и нејзин прв претседател.
Мустафа Кемал Ататурк | |
---|---|
I Претседател на Турција | |
На должноста 29 октомври 1923 – 10 ноември 1938 | |
Наследник | Исмет Инону |
I Премиер на Турција | |
На должноста 3 мај 1920 – 24 јануари 1921 | |
Наследник | Февзи Чакмак |
I Претседател на собранието | |
На должноста 24 април 1920 – 29 октомври 1923 | |
Наследник | Али Фети Окјар |
I водач на РНПТ. | |
На должноста 1919 – 1938 | |
Наследник | Исмет Инону |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1881 Солун, Отоманско Царство (Егејска Македонија) |
Починал(а) | 10 ноември 1938 Палата Долмабахче, Истанбул, Турција | (возр. 57)
Националност | Турчин |
Партија | Комитет за единство и напредок, Републиканска народна партија |
Сопружник | Латифе Ушаклгил (1923—25) |
Награди | 24 медали |
Потпис | |
Воена служба | |
Припадност | Отоманско Царство (1893 — 8 јули 1919) Турција (1921 — 1927) |
Род | Армија |
Чин | Отоманско Царство: Генерал Република Турција: Маршал |
Заповеда со | 19-та Дивизија - XVI курпус- 2-ра Армија - 7-ма Армија- Командатски корпус- Армија на Република Турција |
Кемал Ататурк станал познат како мошне способен воен офицер за време на Првата светска војна.[1] По поразот на Отоманското Царство, тој го предводел турското национално движење во турската војна за независност. Со основањето на привремената влада во Анкара, тој ги поразил силите на Сојузот. Неговото успешно и мудро предводење на војската и воените битки довело до ослободување на државата и основање на Турција. За време на неговиот претседателски мандат Кемал Ататурк остварил економски, политички, културни и социјални реформи во државата. Тој успеал старата Отоманско Царство да ја трансформира во современа демократска и секуларна држава. Сите промени што ги извршил Ататурк и неговите идеали се наречени со еден заеднички поим — кемализам.
Животопис
уредиПриватен живот
уредиДетство и младост
уредиРоден е во Солун, денешна Егејска Македонија, во 1881 година. По неговото раѓање го добил името Мустафа додека пак презимето му било Кемал, што во превод значи „совршеност“. Името го дал неговиот наставник по математика бидејќи Ататурк поседувал одлично познавање од областа на математиката.[2] Во неговите рани години Мустафа посетувал врско училиште, по совет на неговата мајка, но тоа траело краток период. Подоцна, Мустафа се запишал во приватното секуларно училиште Шемси Ефенди по совет на неговиот татко. Неговите родители сакале Ататурк да се запише во трговско училиште, но Кемал без нивно прашање се запишал во основно воено училиште во Солун во 1893 година. Во 1896 година се запишал во средното воено училиште во Битола. Во 1899 година станал дел од воената школа во Истанбул и дипломирал во 1902 година. Кемал Ататурк дипломирал на воената академија на 11 јануари 1905 година. Вредно е и битно е да се напомене дека по таткова семејна линија Мустафа Кемал Ататурк потекнува од селото Коџаџик кое се наоѓа во областа Жупа во Дебарско, Македонија, каде во август 2009 г. се подигнаа темелите на куќата на семејството на неговиот татко Али Риза Ефенди.
Личен живот
уредиНа 29 јануари 1923 година Мустафа Кемал се оженил со Латифе Ушаклгил, но се развеле на 5 август 1925 година[3]. По разводот тој не се оженил повторно, но тој присвоил околу седум ќерки и синови. За време на неговото слободно време тој уживал читајќи книги, пишувајќи дела и дневници, јавање коњи, играње шах и пливање. Исто така, Мустафа уживал играјќи валцер и традиционални турски танци.
Болест и смрт
уредиВо 1937 година гласините за влошеноста на здравјето на Ататурк почнале да се потврдуваат. Во почетокот на 1938 година, додека бил на патување во Јалова, се разболел од тешка болест. Тој отишол во Истанбул на лекување каде му било дијагнозирано цироза на црниот дроб како последица на конзумирање алкохол[4][5] . За време на неговиот престој во Истанбул тој се обидел да ги врши секојдневните државнички обврски. Мустафа Кемал Ататурк починал на 10 ноември 1938 година на 57-годишна возраст. На неговиот погреб присуствувале претставници на над седумнаесет држави[6]. Останките на Ататурк биле погребани во саркофаг тежок 42 тони во мавзолејот во Анкара[7]. На негова волја, сета сопственост што ја имал била предадена во рацете на Републиканската народна партија.
Воена кариера
уредиПо дипломирањето, тој бил назначен во Дамаск како поручник. Тој се приклучил во едно мало тајно револуционерно друштво на реформистички офицери наречен Vatan ve Hürriyet ( "татковината и слободата"). Во 1907 година, тој бил унапреден во чин капетан и се праќа во Битола. Тој се приклучил на Комитетот за единство и напредок („Младотурци“). Меѓутоа, во подоцнежните години тој станал познат по својата опозиционост спрема политиката која се изведува од страна на раководството на Комитетот. Во 1908, тој одиграл улога во Младотурската револуција, која дојде на власт Абдулхамид II. Во 1910 година, тој учествувал во маневри во Франција. Во 1911 година, тој работел во Министерството за војна за кратко време. Подоцна во 1911 година, тој бил испратен во отоманската провинција Траблусгарп (денешна Либија) да се бори со восјката во Итало-турската војна. Тој се вратил во главниот град во октомври 1912 година по избувнувањето на Балканските војни. За време на Првата балканска војна, се борел против бугарската армија на Галиполе и Болајр на брегот на Тракија. Во 1913, тој бил назначен за воен аташе во Софија и бил унапреден во чин потполковник во 1914 година.
Во 1914 година, Отоманското Царство започнала со Првата светска војна приклучувајќи се во страната на Централните сили. Мустафа Кемал имал дадено задача да ја организира и да биде командант на 19 дивизија на Петтата армија за време на Битката кај Галиполе. Мустафа Кемал станал извонреден командант со точно предвидување кога сојузниците ќе нападнат и држел своја позиција, додека тие се повлекувале. По битката на Галиполе, Мустафа Кемал служел во Едрене до 14 јануари 1916. Тој тогаш се стекнал со командата на XVI корпус на Втората армија и биле испратени во Кавказ.
Масивната руска офанзива стигнале до клучните анадолски градови. На 7 август, Мустафа Кемал ги собрал своите војници и организирале контраофанзива. Две од неговите дивизии ги опколиле, не само Битлис но и подеднакво важниот град Муш. На 7 март 1917 година, Мустафа Кемал бил назначен за командант на XVI корпус на целокупната команда на Втората армија. Набрзо, руската револуција избила и кавкаскиот фронт се распаднал. Мустафа Кемал веќе го напуштил регионот и бил командант на 7 армија на Синај и Палестина. Тој се вратил во Алеп на 28 август 1918 година. Мустафа Кемал се повлекол кон Јордан да воспостави поцврста дефанзивна линија против британските сили кои победиле против германскиот командант Фон Лиман Сандерс во Битката кај Магедон. Мустафа Кемал бил назначен како командант на Громестата група на команданти (турски: Yıldırım Orduları Gurubu).
Последната активна служба во армијата на Отоманското Царство била организирана за време на враќањето на војниците кои биле оставени на југот на неговата воена линија. Мустафа Кемал се вратил во Истанбул, отоманскиот главен град, на 13 ноември 1918 година. Британците, Италијанците, Французите и Грците почнале да ја заземаат Анадолија. Окупацијата на Истанбил заедно со окупацијата на Измир довело до Турското национално движење и турската војна за независност.
Турската војна за независност
уредиАктивното учество во националното движење за Кемал Ататурк започнало со неговата задача како генерален инспектор за демобилизација на отоманските преостанати воени единици и националистички организации. На 19 мај 1919 година, тој пристигнал во Самсун. Неговата прва цел била создавање на организирано национално движење против окупаторските сили. Во јуни 1919 година, тој и неговите блиски пријатели изјавиле дека независноста на земјата е во опасност. Тој поднел оставка од отоманската војска на 8 јули и отоманската влада издала налог за негово апсење. Подоцна, тој бил осуден на смрт.
Мустафа Кемал побарал национални избори за да се воспостави нов турски парламент, кој ќе има свое седиште во Анкара. На 12 февруари 1920 последниот отомански парламент се собрал во главниот град. Парламентот се распуштил од страна на британските сили, откако бил прогласен за Misak-i Milli („Национален пакт“). Мустафа Кемал ја искористил оваа можност за воспоставување на „Големото национално собрание“. На 23 април 1920, Собранието се отворило и Мустафа Кемал бил претседател на собранието. На 10 август 1920 година, отоманскиот големиот везир Дамат Ферид Паша го потпишал Договорот од Севр. Со тој договор се завршиле плановите за поделба на Отоманското Царство, вклучувајќи го и региони Турските родољупци ги сметале за важни делови. Мустафа Кемал инсистирал на целосна независност и заштитата на интересите на мнозинството на Турците на турската почва. Тој го убедил Собранието да ја собе национална армија. Армијата се соочила со окупација на сојузничките сили и се борела на три фронта: француско-турскиот, грчко-турскиот и турско-ерменскиот фронт. По серијата битки за време на грчко-турската војна, грчката армија стигнала до реката Сакарја, само осумдесет километри западно од Собранието. На 5 август 1921 година, Мустафа Кемал бил промовиран како командант на силите од страна на Собранието. Во август 1922, Кемал започнал со силни напади врз грчките војници и турските сили ја поврати контролата на Измир на 9 септември 1922 година. На 10 септември 1922, Мустафа Кемал испратил телеграма до Лигата на нации каде вели Анкара Владата нема да биде одговорна за масакрите извршени за време на војната за независност.
Конференцијата во Лозана започнала на 21 ноември 1922 година. Турски претставник Исмет Инону одбил секаков предлог што би бил компромис за турскиот суверенитет, главните прашања во врска со контролата на турски финансии, Босфорот, правдата, и слично. На 24 јули 1923 година, Договорот од Лозана бил потпишан. Крајниот исход на војната за независност било прогласувањето на Република Турција на 29 октомври 1923 година.
Мустафа Кемал Ататурк - претседател и државник
уредиСо воспоставувањето на Република Турција, напорите за модернизација на земјата започнале. Институциите и уставите на западните држави како Франција, Шведска, Италија, Швајцарија требале да се анализираат и да се прилагодуваат според потребите и одликите на турската нација. Недостатокот на информираност на поголемиот дел од турската јавност побудила негативни неосновани реакции од типот на: „Ние се враќаме во деновите на првиот калифат“. Со цел да се воспостават реформите, Мустафа Кемал ги поставил Февзи Чакмак, Ќазим Озалп и Исмет Инону на значајни политички позиции. Мустафа Кемал профитирал на сметка на неговата репутација и важел како ефикасен воен водач и ги поминал следните години, сè до неговата смрт во 1938 година, воспоставувајќи широки и прогресивни политички, економски и социјални реформи. Притоа, тој го трансформирал турското општество во модерна, демократска и секуларна нација.
Кемал Ататурк и домашната политика
уредиТој водел широки реформи од социјален, културен и економски аспект. Како резултат на новата Република, ’рбетот на овие реформи била законодавната, судската, и економската структура на државата. Мустафа Кемал создал банер за да ги одбележи промени меѓу старото и новото владеење на Турција- отоманскиот период и републиканскиот период. Секоја промена била симболизирана со стрела во овој банер. Новите граѓани на републиката, го носеле овој банер за да ги потсети на главните концепти на оваа нова ера. Оваа нова идеологија за дефинирање на Република Турција е именувана како „Шест стрели“ или кемализам. Кемалистичката идеологија се засновала на идејата на Мустафа Кемал за реализам и прагматизам. Во основите на национализмот, популизмот и етатизмот сите биле дефинирани со шест стрели. Овие основи не биле нови во светската политика или меѓу елитата на Турција. Тоа што ги прави уникатни е меѓусебно поврзаните основи за формулирање на конкретните потребите на Турција. Еден добар пример за тоа е дефинирањето и спроведувањето на секуларизмот. Секуларната држава значително се разликувала од претежно христијански држави.
Така, основната задача на Кемал Ататурк била целосна независност на модерна Турција. За тоа тој изјавил:
„ | Со целосна независност, ние секако подразбираме целосна економска, финансиска, правна, воена, културна независноста и слобода на сите прашања. Да се биде лишен од независноста во било која од овие е еквивалентно на нацијата и државата да биде лишена од сета нејзина независност. | “ |
Граѓанската независност и калифатот
уредиУкинувањето на калифатот било значајна за остварување на реформите на Мустафа Кемал поврзани со политичкиот систем и националните реформи. Калифатот бил јадрото на политичкиот концепт на сунитскиот ислам. Укинувањето на султанството било полесно бидејќи опстанокот на калифат ги здоволувал партизаните. Ова произвело двостран систем во републиката, од една страна калифатот од друга страна републиката. Кемал и Инону загрижени дека „сувереноста ќе се врати под маската на калифот“, калифот Абдул Меџит II, бил избран после укинувањето на султанството во 1922. Калифот имал свое богатство и свој личен и државен персонал. Мустафа Кемал рекол дека нема „верско“ или „политичко“ оправдување за ова. Тој верувал дека калифот Абдул Меџит II ги следел чекорите на султанот во домашните и надворешните работи, како: прифаќање на странски претставници и резервни офицери, воглавно за време на свечености. Ататурк сепак сакал да се интегрираат овластувањата на калифатот со овластувањата на Собранието. Неговите почетни активности започнале на 1 јануари 1924 година. Тој се здоби со согласност од Инону, Чакмак и Озалп пред укинувањето на калифат и калифот изјавил дека нема да се меша во политички прашања.
На 3 март 1924 година, калифатот официјално бил укинат и неговите овластувања во рамките на Турција биле предадени во рацете на Собранието. Дебата од другите муслимански држави била одржана за веродостојноста на едностраното укинување на калифатот . Конференцијата се одржала во Каиро во мај 1926 година и била донесена резолуција за прогласување на калифат како „неопходност во исламот“, но не успеала да се спроведе оваа одлука. Две други исламски конференции биле одржани во Мека (1926) и Ерусалим (1931), но повторно не успеале да постигнат консензус . Турција во никој случај не ги прифаќала одлуките на конференциите.
Кемал Ататурк и надворешната политика
уредиВо однос на надворешната политика, Ататурк се водел со мотото „мир во земјата и мирот во светот“, поврзани со неговата перцепција на мирот и со неговиот проект на цивилизацијата и модернизација. Очекуваните резултати на Кемал за политиката зависела со моќта на парламентарниот суверенитет кој бил основан од страна на републиката. За време на турската војна за независност за последен пат Ататурк ја користи својата воена моќ во справувањето со другите земји. Надворешни прашања се решени со мирни методи за време на неговото претседателствување.
Кемал Ататурк и економските реформи
уредиМустафа Кемал поттикнал економски политики, не само за развој на мали и големи бизниси, но исто така, да се создадат социјални слоеви, кои практично не постоеле за време на Отоманското Царство. Визијата на Мустафа Кемал во врска со почетокот на турската економска политика е очигледна во текот на Економски конгрес во Измир во 1923 година, која била основана пред потпишувањето на Договорот во Лозана. Првичните избори на Мустафа Кемал за економските политики биле одраз на реалноста на неговиот период. По Првата светска војна, поради недостиг на какви било вистински потенцијалните инвеститори за да се отворат фабриките за приватниот сектор и развивање на индустриското производство, Кемал активностите во однос на економијата биле вклучени во создавање на многу државни фабрики за земјоделство, машини, и текстилната индустрија.
Белешки
уреди- ↑ Zürcher, Turkey : a modern history, 142
- ↑ „Mustafa Kemal Atatürk“. Turkish Embassy website. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2007-08-07.
- ↑ Akhtar, Salman (2008). The Crescent and the Couch: Cross-Currents Between Islam and Psychoanalysis. Rowman & Littlefield. стр. 68. ISBN 0765705745.
- ↑ Volkan, Vamik D. (1981). „'Immortal' Atatürk—Narcissism and Creativity in a Revolutionary Leader“. The Psychoanalytic Study of Society. 9: 221–255.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Post, Jerrold M.; Robert S. Robins (1995). When Illness Strikes the Leader: The Dilemma of the Captive King. Yale UP. стр. 84. ISBN 9780300063141.
- ↑ Mango, Atatürk 526
- ↑ „The Burial of Atatürk“. Time Magazine. 23 ноември 1953. стр. 37–39. Архивирано од изворникот на 2013-08-23. Посетено на 2007-08-07.
Наводи
уреди
- Печатени
- Ahmad, Feroz (1993). The Making of Modern Turkey. London ; New York: Routledge. ISBN 978-0415078351.
- Armstrong, Harold Courtenay (1972). Grey Wolf, Mustafa Kemal: An Intimate Study of a Dictator. Freeport, NY: Books for Libraries Press. ISBN 978-0836969627.
- Atillasoy, Yüksel (2002). Atatürk: First President and Founder of the Turkish Republic. Woodside, NY: Woodside House. ISBN 978-0971235342.
- Barber, Noel (1988). Lords of the Golden Horn: From Suleiman the Magnificent to Kemal Ataturk. London: Arrow. ISBN 978-0099539506.
- Barlas, Dilek (1998). Statism and Diplomacy in Turkey: Economic and Foreign Policy Strategies in an Uncertain World, 1929–1939. New York: Brill Academic Publishers. ISBN 978-9004108554.
- Cleveland, William L (2004). A History of the Modern Middle East. Boulder, Colorado: Westview Press. ISBN 978-0813340487.
- Doğan, Çağatay Emre (2003). Formation of Factory Settlements Within Turkish Industrialization and Modernization in 1930s: Nazilli Printing Factory (турски). Ankara: Middle East Technical University. OCLC 54431696.
- Huntington, Samuel P. (2006). Political Order in Changing Societies. New Haven, Conn.; London: Yale University Press. ISBN 978-0300116205.
- İğdemir, Uluğ; Mango, Andrew (translation) (1963). Atatürk. Ankara: Turkish National Commission for UNESCO. стр. 165–170. OCLC 75604149.
- İnan, Ayşe Afet (2007). Atatürk Hakkında Hatıralar ve Belgeler (турски). Istanbul: Türkiye İş Bankası Kültür Yayınları. ISBN 9944881401 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - İnan, Ayşe Afet; Sevim, Ali; Süslü, Azmi; Tural, M Akif (1998). Medeni bilgiler ve M. Kemal Atatürk'ün el Yazıları (турски). Ankara: AKDTYK Atatürk Araştırma Merkezi. ISBN 978-9751612762.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Kinross, Patrick (2003). Atatürk: The Rebirth of a Nation. London: Phoenix Press. ISBN 978-1842125991. OCLC 55516821.
- Kinross, Patrick (1979). The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire. New York: Morrow. ISBN 978-0688080938.
- Landau, Jacob M (1983). Atatürk and the Modernization of Turkey. Boulder, Colorado: Westview Press. ISBN 978-0865319868.
- Lengyel, Emil (1962). They Called Him Atatürk. New York: The John Day Co. OCLC 1337444.
- Mango, Andrew (2002) [1999]. Ataturk: The Biography of the Founder of Modern Turkey (Paperback. изд.). Woodstock, NY: Overlook Press, Peter Mayer Publishers, Inc. ISBN 1-58567-334-x Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - Mango, Andrew (2004). Atatürk. London: John Murray. ISBN 978-0719565922.
- Saikal, Amin; Schnabel, Albrecht (2003). Democratization in the Middle East: Experiences, Struggles, Challenges. Tokyo: United Nations University Press. ISBN 978-9280810851. Архивирано од изворникот на 2014-01-04. Посетено на 2009-10-10.
- Shaw, Stanford Jay; Shaw, Ezel Kural (1976–1977). History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Cambridge; New York: Cambridge University Press. ISBN 978-0521212809.
- Spangnolo, John (1992). The Modern Middle East in Historical Perspective: Essays in Honour of Albert Hourani. Oxford: Middle East Centre, St. Antony's College. ISBN 978-0863721649. OCLC 80503960.
- Tunçay, Mete (1972). Mesaî : Halk Şûrâlar Fırkası Programı, 1920 (турски). Ankara: Ankara Üniversitesi Siyasal Bilgiler Fakültesi. OCLC 1926301.
- Tüfekçi, Gürbüz D (1981). Universality of Atatürk's Philosophy. Ankara: Pan Matbaacılık. OCLC 54074541.
- Yapp, Malcolm (1987). The Making of the Modern Near East, 1792–1923. London ; New York: Longman. ISBN 978-0582493803.
- Webster, Donald Everett (1973). The Turkey of Atatürk; Social Process in the Turkish Reformation. New York: AMS Press. ISBN 978-0404563332.
- Zürcher, Erik Jan (2004). Turkey: A Modern History. London; New York: I.B. Tauris. ISBN 978-1850433996.
- Весници
- Eastham, J. K. (1964). „The Turkish Development Plan: The First Five Years“. The Economic Journal. New York: Macmillan. 74 (298): 132–136. doi:10.2307/2228117. ISSN 0013-0133.
- Emrence, Cem (2003). „Turkey in Economic Crisis (1927–1930): A Panaromic Vision“. Middle Eastern Studies. London: F. Cass. 39 (4): 67–80. doi:10.1080/00263200412331301787. ISSN 0026-3206.
- Ömür, Aslı (2002). „Modernity and Islam: Experiences of Turkish Women“. Turkish Times. 13 (312). ISSN 1043-0164. Архивирано од изворникот на 2007-10-07. Посетено на 2007-10-10.
- Özelli, M. Tunç (1974). „The Evolution of the Formal Educational System and its Relation to Economic Growth Policies in the First Turkish Republic“. International Journal of Middle East Studies. London: Cambridge University Press. 5 (1): 77–92. ISSN 0020-7438.
- Stone, Norman (2000). „Talking Turkey“. The National Interest. New York: National Affairs, Inc. 61: 66. ISSN 0884-9382.
- Volkan, Vamik D. (1981). „Immortal Atatürk — Narcissism and Creativity in a Revolutionary Leader“. Psychoanalytic Study of Society. New York: Psychohistory Press. 9: 221–255. ISSN 0079-7294. OCLC 60448681.
- Wolf-Gazo, Ernest (1996). „John Dewey in Turkey: An Educational Mission“. Journal of American Studies of Turkey. Ankara, Turkey: American Studies Association of Turkey. 3: 15–42. ISSN 1300-6606. Архивирано од изворникот на 2009-03-27. Посетено на 2009-10-10.
- „Mustafa Kemal Atatürk“. TP Editors. стр. 7–8. Архивирано од изворникот на 2008-04-30. Посетено на 2008-04-29.
- „The Burial of Atatürk“. Time Magazine. 23 ноември 1953. стр. 37–39. Архивирано од изворникот на 2013-08-23. Посетено на 2007-08-07.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Мустафа Кемал Ататурк“ на Ризницата ? |