Мајкл Фарадеј

британски физичар и хемичар

Мајкл Фарадеј (англиски: Michael Faraday; 22 септември 179125 август 1867) — англиски физичар и хемичар, познат претежно по откритијата и придонесите во областа на електромагнетизмот и електрохемијата. Тој го проучувал магнетното поле околу жицата по која тече електрична струја и го формулирал поимот електромагнетно поле во физиката. Тој исто така ја открил електромагнетната индукција, димагнетизмот и законот за електролиза [1][2], а исто така и врската помеѓу магнетното поле и светлината, што е показател за електромагнетната природа.

Мајкл Фарадеј
Michael Faraday
Мајкл Фарадеј во 1842 г.
Роден(а)22 септември 1791(1791-09-22)
Њуинтонг Батс, Вустер, Англија
Починал(а)25 август 1867(1867-08-25) (возр. 75)
Хемптон Корт, Мидлсекс, Англија
ЖивеалиштеАнглија
НационалностБританец
Полињафизика и хемија
УстановиКралски институт
Познат поФарадеев закон за електромагнетната индукција
електрохемија
Фарадеев ефект
Фарадеев кафез
Фарадеева константа
Фарадеева чашка
Фарадееви закони за електролизата
Фарадеев парадокс
Фарадеев вртежник
ефект на Фарадеевата ефикасност
Фарадеев бран
Фарадеево тркало
линија на сила
Влијание одХамфри Дејви
Вилијам Томас Бренд
Поважни наградиКралски медал (1835 и 1846)
Коплиев медал (1832 и 1838)
Рамфордов медал (1846)
Потпис

Законот на Фарадеј за индукцијата вели дека промената на магнетниот тек предизвикува електродвижечка сила. Тој го изработил првиот, примитивен, електромотор со што ги поставил основите на производствената технологија. Тој го открил и бензенот. Во времето во кое живеел, научниците како него биле нарекувани „природни филозофи“ [3]. Некои го сметаат за најдобар експериментатор во историјата на науката. По негово име е наречена единицата за електричен капацитет. Алберт Ајнштајн имал слика на Фарадеј на ѕидот, заедно со оние на Исак Њутн и Џејмс Максвел.[4]

Животопис

уреди

Мајкл Фарадеј е роден на 22 септември 1791 г. во Њуингтон Батс, денес предградие на Лондон. Тој бил син на ковач и неговото семејство било исклучително сиромашно. Постариот брат Роберт, исто така, бил ковач и некое време го издржувал Мајкл материјално. Мајка му била вредна и умна жена, но необразована. Семејството немало пари дури и за средното образование на Фарадеј. На 12-годишна возраст тој почнал да разнесува весници, а на 14-годишен станува книговезец. За време на 7-годишното чиракување тој прочитал многу книги, повторувал обидите опишани во нив, а навечер посетува предавања и водел записи.

Почеток на кариерата

уреди
 
Фарадеј во младоста.

На 20 години, во 1812 година, Фарадеј посетувал предавања на познатиот англиски хемичар и физичар Хамфри Дејви, кој бил член на Кралскиот институт на Велика Британија и Кралското научно друштво, но и на Џон Тетум, основач на градското филозофско друштво.

Многу билети за овие предавања Фарадеј ги добил од Вилијам Денс (еден од основачите на кралското филхармониско друштво). Фарадеј му испратил на Дејв книга од 300 страници, која ја напишал сам, врз основа на записите за време на неговите предавања. Првично Дејв не ги земал за сериозно обидите на Фарадеј, но подоцна го вработил како секретар. Кога Џон Пејн, еден од асистентите на Кралскиот институт е отпуштен, Хамфри Дејви го назначил Фарадеј за асистент по хемија на 1 март 1813 година.

Патување во Европа

уреди

Фарадеј не се сметал за господин во англиското класно општество. Кога Дејв отишол на долго патување на европскиот континент од 1813 до 1815 година, неговиот прислужник одбил да тргне со него. Заминал како асистент на Дејв, но извршувал и должноста на прислужник додека не се нашло замена во Париз. Дејв не нашол заменик и Фарадеј бил принуден да биде истовремено и асистент за време на патувањето. Сопругата на Дејв одбила да го третира Фарадеј како еднаков на нив и тој спапаѓа во класата на сиромашните и бил принуден да се врати во Англија и да се откаже да се занимава со наука. Меѓутоа, за време на патувањето на континентот се запознава во европските научници.

Први самостојни истражувања и научни публикации

уреди

По враќањето на Мајкл Фарадеј од Европа, тој почнал да работи интензивно и во поголем дел од неговите активности се состојат од независни научни истражувања. Во 1816 година почнува да води курс по физика и хемија. Истата година излегува и неговата прва публикација.

1821 година е една од клучните во животот на Мајкл Фарадеј, која била одбележана со неколку важни настани. Тој станал технички набљудувач во лабораторијата на Кралскиот институт и објавил два научни труда - за „вртењето“ на струја околу магнетот и за вртењето на магнетот околу струјата. На 2 јуни 1821 склучил брак со Сара Барнард (1800-1879), со која се запознал во црква, која и двајцата ја посетувале. Фарадеј бил многу побожен христијанин. Во периодот до 1821 објавил околу 40 научни трудови. Во тоа време почнува сè повеќе да се интересира за струјата и магнетизмот, како и за врската помеѓу нив.

Професорска дејност

уреди
 
Фарадеј во зрелоста.

Мајкл бил избран за член на Кралското друштво во 1824 година и бил назначен за директор на лабораторијата на Кралскиот институт во 1825 година Во 1827 година добил професорска катедра. Спонзор на Фарадеј станал Џон Фулер. Во 1833 година бил назначен за професор по хемија, без да има обврска да води предавања.

Научни откритија

уреди

На 29 август 1831 година Мајкл Фарадеј постигнува брилијантен успех, тој го открил феноменот електромагнетна индукција, со други зборови појавата на електрично поле при промена на магнетното поле. Денес тоа откритие е во основата на современата електротехника, но како и повеќето физичари Фарадеј не се интересира за примените на своите пронајдоци, а е понесен од идејата да ги открие законитостите на природата. Во 1832 година Оксфордскиот универзитет го удостојува со почесна докторска титула.

Во периодот 1833-1834 година Фарадеј го проучува текот на електричните струи во раствори на киселини и соли, што доведува до отворањето на законите на електролизата. До крајот на 1830 тој врши големи истражувања на електричните појави во диелектриците. Тој бил избран за член на Шведската кралска академија на науките во 1838 година и на Француската академија на науките во 1844 година [5]

Последни години

уреди

Здравјето на Фарадеј почнало да се нарушува, најверојатно од постојаните ментални тензии и во 1840 година тој бил принуден да ги прекине активностите за неколку години. Во 1841 година неговите пријатели го убедиле да замине за Швајцарија, за да се опорави.

Откако се вратил, во 1848 година тој го направил новото откритие, појавата на вртење на рамнината на поларизацијата на светлината, распоредувајќи се во проѕирни материи по должината на линиите на магнетното поле. Самиот Фарадеј придал огромно значење на тоа откритие, бидејќи бил длабоко убеден во врската помеѓу оптиката и електромагнетизмот. Други експерименти кои Мајкл Фарадеј ги има водат кон откривањето на диамагнетизмот и парамагнетизам.

Во 1855 година неговото здравје се влошува и тој бил прунуден да се откаже од интензивна научна работа. Значително ја изгубил телесната тежина и почнал да го губи помнењето. Починал на 25 август 1867 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Michael Faraday entry at the 1911 Encyclopaedia Britannica hosted by LovetoKnow Retrieved January 2007.
  2. "Archives Biographies: Michael Faraday" The Institution of Engineering and Technology.
  3. физиката и хемијата се едделиле како основни науки подоцна, на почетокот науката се нарекувала природна филозофија
  4. "Einstein's Heroes: Imagining the World through the Language of Mathematics, by Robyn Arianrhod UQP, reviewed by Jane Gleeson-White, 10 November 2003, The Sydney Morning Herald.
  5. Gladstone, John Hall (1872). = book_result & resnum = 3 & ct = result # PPA53, M2 Michael Faraday Проверете ја вредноста |url= (help). London: Macmillan and Company. стр. 53.

Надворешни врски

уреди