29 август
датум
<< | август | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
2024 |
29 август — 241-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (242-и во престапна година). Остануваат 124 денови до крајот на годината.
Настани:
1189 | Банот Кулин во својата Повелба ги дефинира границите на Босна помеѓу Сава, Дрина и Уна. |
1289 | Основана е Инквизицијата, суд на католичката црква за заштита на верата. |
1521 | Турците го освоиле денешен Белград. |
1526 | Турците под водство на Сулејман Величествениот ги победиле Чешко-Унгарско-Хрватските сили на Мохачко поле. |
1541 | Турците го освоиле Будим, денес дел од Будимпешта. |
1782 | Еден британски брод потона во близина на пристаништето Портсмут, во Велика Британија, и притоа се удавија повеќе од 1.000 патници и членови на екипажот. |
1831 | Мајкл Фарадеј ја открил електромагнетната индукција. |
1842 | Со склучувањето мир во Нанѓинг заврши Англо-кинеската војна. Со тој мир на Англичаните им се отворија кинеските пристаништа и им беа дадени големи трговски привилегии, па Кина, по замешувањето и на другите велесили сосема падна под влијание на западните држави. |
1885 | Готлиб Дајмлер го патентирал првиот мотоцикл. |
1898 | Основано е претпријатието „Гудјиар“. |
1949 | СССР го извршил првото тестирање на атомска бомба на полигон во Казахстан. |
1995 | НАТО ја започнал кампањата „Решителна сила“ против босанските Срби. |
2005 | Ураганот Катрина уништил поголем дел од крајбрежјето на САД во Мексиканскиот Залив од Луизијана до Флорида, убивајќи над 1.836 луѓе и предизвикувајќи штета од над 115 милијарди долари. |
2011 | Јошихико Нода е избран за премиер на Јапонија. |
Родени:
1632 | Џон Лок — англиски филозоф. |
1862 | Морис Метерлинк — белгиски писател. |
1915 | Ингрид Бергман — шведска глумица. |
1920 | Јордан Леов — македонски писател. |
1920 | Чарли Паркер — американски џез-музичар. |
1923 | Ричард Атенборо — англиски глумец. |
1936 | Џон Мекејн — американски сенатор. |
1938 | Елиот Гулд — американски глумец. |
1942 | Гордана Куиќ — српска писателка. |
1942 | Стерлинг Морисон — американски рок-музичар, член на групата Велвет андерграунд. |
1943 | Артур Мекдоналд — канадски физичар, добитник на Нобеловата награда. |
1946 | Боб Бимон — американски атлетичар, поранешен светски рекордер во скок во далечина. |
1947 | Џејмс Хант — британски автомобилист, светски првак во трките на „Формула 1“ во 1976 година. |
1958 | Мајкл Џексон — американски поп-музичар. |
1958 | Мик Харви — австралиски рок-музичар. |
1959 | Рамон Диас — аргентински фудбалер. |
1963 | Елизабет Фрејзер — шкотска рок-музичарка, членка на групата Кокто Твинс. |
1963 | Стив Кларк — шкотски фудбалер и тренер. |
1973 | Томас Тухел — германски фудбалер и тренер. |
1980 | Вилијам Леви — кубански глумец. |
1981 | Сергеј Рутенка - белоруски ракометар |
1986 | Андреј Амадор — костарикански велосипедист. |
1987 | Марко Подрашчанин — српски одбојкар. |
1988 | Агим Ибраими — македонски фудбалер. |
1988 | Бартош Курек — полски одбојкар. |
1993 | Матеуш Поњитка — полски кошаркар. |
1996 | Дориан Бабунски — македонски фудбалер. |
1997 | Ејнсли Мејтланд-Најлс — англиски фудбалер. |
Починале:
1298 | Елеонора — грофица од Бар. |
1847 | Жорж Сорел — француски филозоф, основач на синдикализмот. |
1938 | Бела Кун — унгарски револуционер, водач на Советската унгарска република во 1919 година. |
1982 | Ингрид Бергман — шведска глумица. |
1984 | Цирил Боуда — чешки сликар. |
2004 | Иван Лацковиќ — хрватски сликар. |