Нов Зеланд

Ова е објавената верзија, проверена на 14 август 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Нов Зеланд (англиски: New Zealand, маорски: Aotearoa) — островска држава во југозападниот дел од Тихиот Океан. Државата се состои од два големи и повеќе мали острови. Службеното име на Нов Зеланд на маорски е Аотеароа, што често се преведува како „Земја на долгиот бел облак“. Нов Зеланд е држава со парламентарна демократија и земја членка на Комонвелтот.

Нов Зеланд
New Zealand
Aotearoa
Знаме Грб
Химни:
Местоположба на Нов Зеланд
Местоположба на Нов Зеланд
Местоположба на Нов Зеланд
Главен градВелингтон
Службен јазик
Народности (2013)
Демоним Новозеланѓани
Киви (неформално)
Уредување унитарна парламентарна уставна монархија
 •  Монарх Чарлс III
 •  Ген. гувернер Синди Киро
 •  Премиер Кристофер Лаксон
Законодавство Парламент
(Претставнички дом)
Осамостојување од Обединетото Кралство 
 •  Одговорна власт 7 мај 1856 
 •  Доминион 26 септември 1907 
 •  Усвоен Вестминстерскиот статут 25 ноември 1947 
Површина
 •  Вкупна 268,021 км2 (75.)
 •  Вода (%) 1.6
Население
 •  проценка за 2017 г. 5.565.580[2] (120.)
 •  Попис 2013 4,242,048 
 •  Густина 17.5 жит/км2 (203.)
БДП (ПКМ) проценка за 2016 г.
 •  Вкупен $173.2 млј[3] (67.)
 •  По жител $36,950[3] 
БДП (номинален) проценка за 2016 г.
 •  Вкупно $169.9 млј[3] (53.)
 •  По жител $36,254[3] 
Џиниев коеф. (2014)33.0[4]
среден
ИЧР (2015) 0.915[5]
многу висок · 13.
Валута новозеландски долар ($) (NZD)
Часовен појас NZST (UTC+12)
 •  (ЛСВ) NZDT (UTC+13)
Датумски формат дд/мм/гггг
Се вози на лево
НДД .nz
Повик. бр. +64

Потекло на поимот

уреди
 
Детаљ на мапа од 1657 година на која е прикажан западниот брег на Nova Zeelandia (на оваа мапа север се наоѓа долу).

Денес не е познато дали Маорите ја нарекувале целата држава со денешното маорско име, бидејќи Северниот Остров го нарекуваат Те Ика а Мауи (Te Ika a Māui или „Рибата на Мауи“), додека Јужниот Остров го нарекуваат Те Ваи Поунаму (Te Wai Pounamu или „Водите на зелениот камен“) или со другото име Те Вака о Аораки (Te Waka o Aoraki или кану на Аораки). Сè до 20 век, Северниот Остров се нарекувал Аотеароа или во превод „земја на долгиот бел облак“, додека денес тој назив се користи кај маорите за целата држава Нов Зеланд.

Првото европско име за Нов Зеланд било Штатен Ланд (Staten Landt), име кое било дадено од холандскиот истражувач Абел Тасман кој во 1642 година бил првиот Европеец кој ги посетил островите. Подоцна името било променето во Нов Зеланд (Nova Zeelandia) по холандската покраина Зеланд.

Историја

уреди

Нов Зеланд е една од најскорешните големи копнени маси кои биле населени. Првите доселеници биле источните полинезијци, најверојатно во повеќе миграциски бранови пред 700 или 2000 години. Овие доселеници развиле своја култура и нација- Маори. Нацијата биле поделена на племиња и потплемиња.

Првите европски доселеници кои дошле во Нов Зеланд биле холандскиот морепловец Абел Тасман и неговиот екипаж во 1642. Подоцна на островите дошол и британскиот морепловец Џејмс Кук во 1768/1771.

Подоцна Нов Зеланд бил дел од Британската Империја, поточно бил дел од тихоокеанската колонија тогаш позната како Нов Јужен Велс. Во 1840 година, Нов Зеланд станал посебна колонија.

Географија и клима

уреди
 
Топографска карта на Нов Зеланд

Нов Зеланд е составен од два големи острови, Северен Остров и Јужен Остров или Те Лка и Те Ваи поунаму, и од поголем број мали острови. Куковиот проток ги дели двата големи острови и е долг 20 км. Вкупната површина на Нов Зеланд е 268.680 км квадратни. Државата се протега 1600 км во должина и има брег од 15.134 километри.

Јужниот Остров е најголемиот остров во Нов Зеланд и највисокиот врв е Кукова Планина (Аораки) со 3754 метри. Највисока планина на Северниот Остров е Руапеху со 2797 метри.

Политички систем

уреди

Нов Зеланд е уставна монархија со парламентарна демократија. Иако нема кодифициран устав, Уставниот Акт од 1986 година ја врши улогата на устав во Нов Зеланд. Кралот Чарлс III е на шеф на државата и е именуван како Крал на Нов Зеланд. Претставник на кралот во Нов Зеланд е генералниот гувернер, назначен од кралот по совет на премиерот.

Административна поделба

уреди

Нов Зеланд има 12 регионални совети кои ги претставуваат локалните региони на државно ниво. Покрај овие има и 57 областни совети и 16 градски совети.

Стопанство

уреди

Нов Зеланд има современа, просперитетно развиена пазарна економија со бруто-домашен производ (паритет на куповната моќ) проценет на околу 28.250 американски долари по жител.[6][7][8] Валутата на Нов Зеланд се вика новозеландски долар или често неформално киви долар. Се користи и на Куковите Острови, Нијуе, Токелау и на Питкернските Острови.[9] Нов Зеланд се наоѓа на петтото место според извештајот на ОН за индексот на човековиот развој за 2011 година.[10]

 
Окланд, деловната зона сликана од островите Рангитото

Во текот на историјата сировинската индустрија имала важна позиција во стопанството на Нов Зеланд, вклучувајќи фоколов, китоловство, новозеландски лен, злато, каури гума и дрвени материјали за градба.[11] Со развојот на ладилниците во текот на 1880-тите години, месото и млечните производи биле извезувани во Британија, што било основа за јак економски развој на Нов Зеланд.[12] Големата побарувачка за земјоделски производи во Обединетото Кралство и САД овозможила животниот стандард на Нов Зеланд да биде повисок отколку во Австралија и Западна Европа во текот на 1950-тите и 1960-тите години.[13] Кога Обединетото Кралство ѝ пристапило на Европската заедница новозеландскиот извозен пазар се намалил,[14] што заедно со нафтената криза во 1973 година и енергетската криза во 1979 година, довело до економска депресија.[15] Животниот стандард опаднал во однос на Австралија и државите на западна Европа, а во 1982 година, личните приходи на Новозеланѓаните биле од сите развиени земји за кои групата на Светската банка изработила проценка.[16] По 1984 година, бројни влади спроведувале структурни макроекономски реформи (познати како англиски: Rogernomics и англиски: Ruthanasia) кога протекционистичкото стопанство било заменето со либерално слободно стопанство.[17][18]

Невработеноста била највисока во 1991 и 1992 година кога изнесувала над 10 %,[19] како резултат на сломот на берзата во 1987 година, но до 2007 потполно закрепнал кога невработеноста изнесувала 3,4 % (што го ставило Нов Зеланд на петтото место од дваесет и седум рангирани во склоп на истражувањето на ОЕЦД).[20] Сепак светската економска криза која уследила довела до рецесија во пет следователни квартали, што е најдолга економска депресија за 30 години [21][22], а невработеноста пораснала на 7 % во текот на 2009 година.[23] Невработеноста меѓу младите во јуни 2011 година изнесувала 17,4 %.<!—мртва врска од тој датум--> Од 1970-тите до денес Нов Зеланд се соочува со проблемот на „одлив на мозоци“.[24][25] Околу четвртина од висококвалификуваните работници живеат во странство, главно во Австралија и Британија, што е најголема стапка меѓу развиените држави.[26] Сепак постои и спротивен процес „прилив на мозоци“ преку имиграцијата на стручњаци од Европа и помалку развиените држави.[27][28]

Рударство

уреди

Пред доаѓањето на Европејците, Маорите се занимавале со вадење аргилит.[29] Нов Зеланд е богат со наоѓалишта на јаглен, сребро, руди на железо, варовник и злато. Во светски рамки е рангиран на 22. место според производството на руди на железо и 29. по производство на злато. Вкупната вредност на произведените руди на Нов Зеланд во 2006 година изнесувала 1, 5 милијарди долари (не сметајќи ги нафтата и гасот). Најважни метални руди се златото (10,62 тони), среброто (27,2 тони) и титаномагнетит на железен песок (2,15 милиони тони). Во извештајот од 2008 година, се проценува дека неискористените ресурси од само седум основни руди (вклучувајќи го златото, бакарот, железото и молибденот) се вредни околу 140 милијарди долари.[30] Рударството е една од позначајните гранки на новозеландското стопанство. Според проценките од 2010 година, околу 4.000 хектари, или 0,016 % од територијата на Нов Зеланд е покриено со рудници, главно каменоломи.[30]

Инфраструктура

уреди

Снабдувањето со енергија потекнува од нафта, гас и јаглен (69 %) и од обновливи извори енергије, првенствено хидро и геотермални електрани.[31] Сообраќајната мрежа на Нов Зеланд се состои од 93.805 км патишта вредни 23 милијарди долари,[32] и 4.128 км железнички пруги.[33] Поголемиот број градови се поврзани со автобуски линии, но доминантен вид на превоз се приватните автомобили.[34] Железницата била приватизирана во 1993 година, но повторно била вратена под закрила на државата во 2008 година.[35] Пругата се протега по цела должина на државата, но денес главно служи за товарен, а не за патнички транспорт.[36] Поголемиот број странски посетители доаѓа со авион,[се бара извор]<!—мртва врска од тој датум--> преку некој од седумте меѓународни аеродроми (врски со други држави освен Австралија и Фиџи, имаат аеродромите во Окланд и Крајстчерч). Национална авиокомпанија е Ер Нов Зеланд. Поштата на Нов Зеланд имала монопол на телекомуникациите до 1989 година кога била формирана компанијата „Телеком Нов Зеланд“ која била приватизирана во 1990 година. Телеком во своја сопственост ја има поголемиот дел од телекомуникациската инфраструктура, но е зголемена конкуренцијата.[37]

Трговија

уреди
 
Ексклузивна економска зона на Нов Зеланд.

Стопанството на Нов Зеланд многу зависи од меѓународната трговија,[38] особено во областа на земјоделски производи. Извозот претставува високи 24 процените од производството,[39] заради што Нов Зеланд е осетлив на меѓународната цена на стоката и на глобалните економски рецесии. Главни извозни гранки се земјоделието, цвеќарството, риболовот, шумарството и рударството кои претставуваат околу половина од извозот.[40] Главни извозни партнери се Австралија, САД, Јапонија, Кина и Обединетото Кралство.[39] Од 7 април 2008 година, Нов Зеланд и Кина се потписници на договор за слободна трговија.[41][42] Услужниот сектор е најјака гранка во стопанството на Нов Зелан, а по него следат производството и градежништвото, а потоа земјоделието и вадењето суровини.[39] Туризмот игра важна улога во новозеландската економија, во 2010 година придонело 15 милијади долари на новозеландскиот БДП и во оваа област се вработени 9,6 % од работната снага.[43] Бројот на странски туристи во текот на 2010 година се зголемил за 3,1 %.Предлошка:Чињеница

Током 19. века вуна је била главни извозни артикал Новог Зеланда.[11] Све до 1960-их вуна је чинила трећину извоза,[11] али је од тада њена цена у сталном паду у односу на друге робе[44] и више није исплатива за многе пољопривреднике.[45] Насупрот томе млекарска индустрија је у сталном порасту, број крава је дуплиран у периоду између 1990. и 2007.[46] чиме је ова грана доспела на прво место по извозној заради.[47] Млечни производи су 2009. износили 21 % (9,1 милијарда долара) укупног робног извоза,[48] а највећа компанија на Новом Зеланду, Фонтера, контролише трећину међународне трговине млечним производима.[49] Други пољопривредни извозни производи су месо са 13,2 процента, вуна са 6,3 процента, воће са 3,5 % и риба са 3,3 процента. Број винарија је такође удвостручен,[50] што је довело до тога да вино 2007. године престигне вуну у извозу.[51]

Население, јазик и религија

уреди
 
Растот на населението на Нов Зеланд со предвидување до 2050.

Нов Зеланд има население од 4.3 милиони жители од кои 78% се изјасниле како припадници на некои од европските етнички групи. Европејаните се познати под името Пакеха, но овој термин Маорите го користат и за сите луѓе што не се Маори. Повеќето од европејаните се од британско или ирско потекло. Покрај нив има и значителен број на луѓе со холандско, германско, хрватско и, во помала мера, македонско потекло.

Маорите се најголема етничка заедница што нема европско потекло и сочинуваат околу 14.6% од населението. 9.2% од населението се изјаснило дека има азиско потекло и 6.9% се изјасниле како припадници на некои од тихоокеански народи.

Според пописот во 2006, христијанството е доминантна религија во Нов Зеланд со околу 55.6% од вкупното население. 34.7% се изјасниле дека немаат религија и 5% се изјасниле како останати религии.

До 1987 година англискиот јазик бил единствен службен јазик во земјата, но во 1987 година маорскиот јазик станал службен јазик покрај англискиот. Така околу 98% од населението во Нов Зеланд може да зборува англиски, додека 4.1 од населението знае маорски јазик. Најзборуван неслужбен јазик во Нов Зеланд е самоански јазик.

Култура во Нов Зеланд

уреди

Поголемиот дел од Новозеландската култура е со британско потекло. Покрај тоа влијание, има и американско, австралиско и маорско влијание кон културата во Нов Зеланд. Исто така има и азиски и останати полинезиски влијанија. Така во Нов Зеланд се одржува голем фестивал за Кинеската Нова Година и за Дивали.

Наводи

уреди
  1. „2013 Census QuickStats about culture and identity – Ethnic groups in New Zealand“. Statistics New Zealand. Посетено на 29 August 2014.
  2. „Population clock“. Statistics New Zealand. Архивирано од изворникот на 2017-07-12. Посетено на 14 April 2016. The population estimate shown is automatically calculated daily at 00:00 UTC and is based on data obtained from the population clock on the date shown in the citation.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „New Zealand“. International Monetary Fund. Посетено на 13 April 2016.
  4. „Income inequality“. Statistics New Zealand. Посетено на 14 June 2015.
  5. „2016 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2016. Посетено на 23 March 2017.
  6. „Report for Selected Countries and Subjects“. International Monetary Fund. октомври 2010.
  7. „GDP – per capita (PPP)“. The World Factbook, Central Intelligence Agency. Архивирано од изворникот на 2013-04-24.
  8. „GDP per capita (current US$)“. World Bank. Архивирано од изворникот на 11 мај 2011.
  9. „Currencies of the territories listed in the BS exchange rate lists“. Bank of Slovenia.
  10. „Human Development Index and components“ (PDF). United Nations Development Programme.
  11. 11,0 11,1 11,2 „Historical evolution and trade patterns“. An Encyclopaedia of New Zealand. 1966.
  12. Stringleman, Hugh; Peden, Robert (октомври 2009). „Sheep farming – Growth of the frozen meat trade, 1882–2001“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  13. Baker, John (февруари 2010) [originally published in 1966]. „Some Indicators of Comparative Living Standards“. Во McLintock, Alexander (уред.). from An Encyclopaedia of New Zealand. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand. Table pdf downloadable from [1]
  14. Wilson, John (март 2009). „History – The later 20th century“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  15. Nixon, Chris; Yeabsley, John (април 2010). „Overseas trade policy – Difficult times – the 1970s and early 1980s“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  16. Evans, N. „Up From Down Under: After a Century of Socialism, Australia and New Zealand are Cutting Back Government and Freeing Their Economies“. National Review. 46 (16): 47–51.
  17. Easton, Brian (ноември 2010). „Economic history – Government and market liberalisation“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  18. Hazledine 1998.
  19. „Unemployment“. 2010 Social report.
  20. Bingham, Eugene (7 април 2008). „The miracle of full employment“. The New Zealand Herald.
  21. „New Zealand Takes a Pause in Cutting Rates“. The New York Times. 10 јуни 2009.
  22. „New Zealand's slump longest ever“. BBC News. 26 јуни 2009.
  23. Bascand, Geoff (февруари 2011). „Household Labour Force Survey: децембар 2010 quarter – Media Release“. Statistics New Zealand. Архивирано од изворникот на 29 април 2011.
  24. Davenport, Sally (2004). „Panic and panacea: brain drain and science and technology human capital policy“. Research Policy. 33 (4): 617–630. doi:10.1016/j.respol.2004.01.006.[мртва врска][мртва врска]
  25. O'Hare, Sean (септември 2010). „New Zealand brain-drain worst in world“. The Telegraph. United Kingdom.
  26. Collins, Simon (март 2005). „Quarter of NZ's brightest are gone“. New Zealand Herald.
  27. Winkelmann, Rainer (2000). „The labour market performance of European immigrants in New Zealand in the 1980s and 1990s“. The International Migration Review. The Center for Migration Studies of New York. 33 (1): 33–58. doi:10.2307/2676011. JSTOR 2676011.
  28. Bain 2006, стр. 44.
  29. „Argillite quarry“. Te Ara - the Encyclopedia of New Zealand.
  30. 30,0 30,1 Cumming, Geoff (6 март 2010). „Miners press to enter the green zone“. The New Zealand Herald.
  31. „Energy Data File 2011“ (PDF). Ministry for Economic Development. јули 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 14 јануари 2014.
  32. „Frequently Asked Questions“. New Zealand Transport Agency.
  33. „CIA – The World Factbook – New Zealand“. Архивирано од изворникот на 2019-09-18.
  34. Humphris, Adrian (април 2010). „Public transport – Passenger trends“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  35. Atkinson, Neill (ноември 2010). „Railways – Rail transformed“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  36. Atkinson, Neill (април 2010). „Railways – Freight transport“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  37. Budde, Paul. „New Zealand – Telecommunications – Major Players“. Budde Comm.
  38. Groser, Tim (март 2009). „Speech to ASEAN-Australia-New Zealand Free Trade Agreement Seminars“. New Zealand Government.
  39. 39,0 39,1 39,2 „The World Factbook – New Zealand“. CIA. 15 ноември 2007. Архивирано од изворникот на 2019-09-18.
  40. „New Zealand Economic and Financial Overview 2010: Industrial Structure and Principal Economic Sectors“. New Zealand Treasury. април 2010. Архивирано од изворникот на 23 јануари 2011.
  41. O'Sullivan, Fran (април 2008). „Trade agreement just the start – Clark“. The New Zealand Herald.
  42. „China and New Zealand sign free trade deal“. The New York Times. април 2008.
  43. „Key Tourism Statistics“ (PDF). Ministry of Tourism. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 мај 2010.
  44. Easton, Brian (март 2009). „Economy – Agricultural production“.
  45. Stringleman, Hugh; Peden, Robert (март 2009). „Sheep farming – Changes from the 20th century“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  46. Stringleman, Hugh; Scrimgeour, Frank (ноември 2009). „Dairying and dairy products – Dairying in the 2000s“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  47. Stringleman, Hugh; Scrimgeour, Frank (март 2009). „Dairying and dairy products – Dairy exports“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  48. „Global New Zealand – International Trade, Investment, and Travel Profile: Year ended јун 2009 – Key Points“. Statistics New Zealand. јуни 2009.
  49. Stringleman, Hugh; Scrimgeour, Frank (март 2009). „Dairying and dairy products – Manufacturing and marketing in the 2000s“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  50. Dalley, Bronwyn (март 2009). „Wine – The wine boom, 1980s and beyond“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  51. „Wine in New Zealand“. The Economist. март 2008.

Надворешни врски

уреди
Влада
Општи информации
Друго
Патување

Поврзано

уреди