1972
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1972 (MCMLXXII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1972 година од новата ера, 972. од вториот милениум, 72. од XX век и трета од 1970-тите.
Грегоријански календар | 1972 MCMLXXII |
Ab urbe condita | 2725 |
Ерменски календар | 1421 ԹՎ ՌՆԻԱ |
Асирски календар | 6722 |
Бахајски календар | 128–129 |
Балиски календар | 1893–1894 |
Бенгалски календар | 1379 |
Берберски календар | 2922 |
Будистички календар | 2516 |
Бурмански календар | 1334 |
Византиски календар | 7480–7481 |
Кинески календар | 辛亥年 (мет. свиња) 4668 или 4608 — до — 壬子年 (вод. стаорец) 4669 или 4609 |
Коптски календар | 1688–1689 |
Етиопски календар | 1964–1965 |
Еврејски календар | 5732–5733 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2028–2029 |
- Сачка ера | 1893–1894 |
- Кали-југа | 5072–5073 |
Холоценски календар | 11972 |
Игбоански календар | 972–973 |
Ирански календар | 1350–1351 |
Исламски календар | 1391–1392 |
Јапонски календар | Шова 47 (昭和47年) |
Јавански календар | 1903–1904 |
Џуче-календар | 61 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4305 |
Мингуо-календар | Тајван 61 民國61年 |
Нанакшахи | 504 |
Тајландски сончев календар | 2515 |
Тибетски календар | 阴金猪年 (женско железо-свиња) 2098 или 1717 или 945 — до — 阳水鼠年 (машка вода-стаорец) 2099 или 1718 или 946 |
Униксно време | 63072000 – 94694399 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7480 и 7481 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6722 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5732 и 5733 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2725.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1972 година се протега во 4608 и 4609, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4668 и 4669 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2515. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1391 и 1392 исламска година.
Настани
уреди- 30 јануари — Британската војска убива 14 невооружени ирски активисти за време на марш во Дери, Северна Ирска.
- 20 април — Американскиот свемирски брод „Аполо 16“ се спушти на Месечината.
- 15 мај — Окинава ѝ е вратена на Јапонија по 27 години американска окупација.
- 17 јуни — Во САД започнува скандалот Вотергејт.
- 21 декември — Западна и Источна Германија се признаваат една со друга.
- Македонскиот писател за деца Васил Куноски ја добил наградата 11 Октомври за животно дело.
Родени
уреди- 6 март - Шекил О’Нил, американски кошаркар
- 20 април - Жељко Јоксимовиќ, српски пејач
- 21 април - Северина Вучковиќ, хрватска пејачка
- 3 мај - Рената Дескоска, македонска универзитетска професорка и политичарка
- 10 јуни - Радмила Шекеринска, македонска политичарка
- 23 јули - Зинедин Зидан, француски фудбалер
- 24 септември - Дуке Бојаџиев, македонски композитор
- 28 септември - Перо Блажевски, македонски кошаркар
- 30 септември - Никола Димитров, македонски политичар
- 1 октомври - Стевче Алушовски, македонски ракометар
Починале
уреди- 27 април - Кваме Нкрума, гански политичар
- 1 ноември - Езра Паунд, американски поет
- 9 ноември - Елисие Поповски, македонски комунист и партизан
- 26 декември - Хари Труман, американски претседател
- 28 декември - Наум Веслиевски, македонски партизан