Западен Берлин — името кое го носел западниот дел на Берлин помеѓу 1949 и 1990 година. Тој се состоел од Американски, Британски и Француски окупациски сектор воспоставени во 1945. За разлика од тоа, Источен Берлин бил окупациската зона на СССР и тој го опфаќал поголемиот дел од градот и главните објекти: Музејскиот Остров, Рајхстагот, железничките станици, и други.

Во 1961 СССР го изградиле Берлинскиот ѕид, со што и физички го изолирале Западен Берлин од остатокот на Источна Германија. Западните сили продолжиле да трошат огромни средства за да го одржат функционирањето на Западен Берлин како симбол на западниот капитализам и демократија.

Со повторното обединување на Германија, на 3 октомври 1990, престанала да постои и поделбата на Берлин.

Поделбата на Берлин на окупациони зони

Поврзано уреди