Шах — спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели „црни“ и „бели“). Името на играта потекнува од истоимениот персиски збор („شاه‎“) што значи „крал“.

Шах
Шаховските фигури
Шаховските фигури

Од лево, бел крал, црни топ и дама, бел пешак, црн коњ и бел ловец.
Играчи 2
Возрастод 6 нагоре
Време на подготовка 10–60 секунди
Времетрање на играта 30 секунди-7 часа
Комплексност на правилата средна
Стратешка длабочина висока
Случаен елемент нема
Потребна вештина Тактика, Стратегија

Историја на шахот уреди

 
Партија шах со живи фигури, Битола 1924. Слика на браќа Манаки

Не постојат сигурни податоци за времето на настанување. Најверојатно играта се појавила пред повеќе од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, идентификувани како шаховски фигури, а датирани во времето на владеење на царот Хувишке (II век).

Во V век во Индија настала посебна врста на воена игра на дрвена плоча која на санскрит го носи називот „чатуранга“, а што значи четвороделен. Чатуранга, далечниот предок на денешниот шах, била игра која го одразувала поредокот на тогашната индиска војска, а која ја сочинувале 4 рода: пешадија, коњица, слонови и борни коли, а во средината се наоѓа раџа (крал) и неговиот советник мантрин (денешна кралица). Движењето на фигурите се одредувало со фрлање на коцка. Во VI век играта била прифатена од Персиците („чатранг“), а од нив ја презеле во VII век Арапите и нарекувајќи ја „шатранџ“, во IX век ја пренеле во Шпанија. Според некои истражувачи, шахот води потекло од Кина или Средна Азија.

Во новиот век била создадена легендата според која шаховската игра се припишува на грчкиот јунак Паламед. Според легендата тој ја измислил играта за време на тројанската војна за да ја разбие досадата во текот на десетгодишната опсада. Сигурно е дека Грците и Римјаните не го познавале шахот.

Воена симболика на фигурите уреди

Шаховските фигури, освен кралот и кралицата, ги симболизираат четирите рода на војската: пешадија, коњица, слонови и бојни коли. Таа симболика во преводите на разни јазици со текот на времето се изгубила.

Пионот или пешакот во германскиот е „der Bauer“ („селанец“), во англискиот — „pawn“, збор кој потекнува, преку англонормандскиот и францускиот, од латинскиотpedon“, што значи „војник припадник на пешадија“.

Фигурата „коњаник“ (или витез) сѐ уште така се нарекува во англискиот јазик. Во рускиот јазик е коњ, во хрватски јазик — „skakač“, а во македонски се користи коњ или скокач.

Индиската фигура која го симболизира слонот, во Русија и денес се нарекува слон. Во Германија е „der Läufer“, што значи „тркач“. Во македонскиот јазик се користи терминот „ловец“ или пак „лауфер“, а во англискиот — „bishop“ („бискуп“), можеби поради сличноста на формата со бискупската капа.

Борната кола, чиј стар назив бил „кула“, а се однесувал на дрвената кула која се користела при опсадите, денес, веројатно како промена во техниката на војувањето, е заменета со топ.

Кралот, персиски „шах“, и го дал името на играта. До кралот стои фигура која на персиски се нарекува „ферз“, што значи „канцелар“ или „везир“. Овој назив се користи и во Русија. Во Европа ферз го сменил полот и се претворил во кралица или дама.

Легенда уреди

Една легенда ја поврзува шаховската табла со т. н. геометриски ред, чии својства будат восхит.

„Некогаш одамна си живеел еден цар по име Шерам кој сакал да го награди скромниот математичар Сеса за откритието на шаховската табла, па му рекол да бара што сака. Сеса рекол: Сакам да ми дадете за првото поле на таблата 1 зрно жито, за второто поле, 2 зрна жито, за третото 4, за четвртото 8 и така за секое следно двапати повеќе зрна од претходното поле. Царот се изненадил и рекол: Зарем само толку, па веднаш после ручекот ќе ја добиеш својата вреќа со жито. Но, царските математичари сметале два дена, за да на крајот пресметаат колку зрна жито требало да му се предадат на Сеса, а тој број изнесувал: 18 446 744 073 709 551 615. Царот се замислил бидејќи математичарите му соопштиле дека толку жито нема царството во залиха. По долго размислување царот го повикал Сеса и му рекол: Драг човеку јас не сакам да те излажам ни за едно зрно, па затоа ти својата награда ќе ја броиш заедно со моите слуги. Откако го слушнал тоа на Сеса му станало непријатно и почнал да се извинува дека има итна работа, дека сестра му на другиот крај од царството е пред пораѓање, а мажот и умрел, на што царот се насмевнал и му дал богата награда, за да го шири гласот по светот за милостивоста на царот Шерам“.

Правила на играта уреди

Главна статија: Шаховски правила
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Почетните позиции на фигурите
Име Буква Слика
Пион
P
  
Коњ
N
  
Ловец
B
  
Топ
R
  
Кралица
Q
  
Крал
K
  

Резултатот во шаховската игра зависи исклучиво од вештината на играчот, а воопшто не зависи од среќата. Играчите најизменично влечат потези со цел да го матираат противникот. Правилата на денешниот шах се разликуваат од арапскиот шатранџ. Таблата и фигурите се еднакви, но правилата за движење се поинакви.

Секој играч започнува со 16 фигури: крал (1), кралица (1), топ (2), коњ (2), ловец (2) и пион/пешак (8). Еден играч игра со светли, односно бели фигури, а другиот со црни фигури, најизменично придвижувајки ги своите фигури, при што белиот има право на прв потег. Целта на играта е да се доведе противникот во позиција на шах-мат (шах-мат значи мртов крал). Шах-мат е ситуација кога кралот е нападнат и нема начин да се заштити или да се придвижи кон поле кое не е нападнато. Кога противникот е матиран, партијата се завршува со победа над противникот. Покрај шах-мат, кога е познат победникот, партијата може да заврши и со реми или пат позиција, кога резултатот е нерешен.

Пат е ситуација кога еден од играчите кој е на потег не може да помрдне ниту една фигура.

Реми е ситуација кога ниту еден играч не може да даде мат на другиот играч, најчесто поради недостаток на фигури, или кога двајцата играчи ќе проценат дека не можат да го надиграат противникот. По таквата проценка се договара реми и се запишува 1/2:1/2, односно се дели бодот.

Некогаш постоело правило во случај на пат или реми да се смета дека двајцата играчи изгубиле, но со одлука на ФИДЕ решено е бодот да се дели.

Шаховски запис уреди

Главна статија: Шаховски запис

Во општа употреба за бележење на шаховските партии и позиции денес е т.н. алгебарски запис. Таа првпат се појавила во еден француски ракопис од 1173 г., но во широка употреба е од XIX век. Во 1981 г. ФИДЕ ја воспоставил како стандард. Во земјите на англофонската област сѐ уште понекогаш се користи т. н. описен запис.

Сегашни најдобри играчи уреди

Најдобро рангирани шахисти уреди

Според рејтинг списокот на ФИДЕ, за периодот април-јуни 2007 најдобро рангирани шахисти се:

1. Вишванатан Ананд 2786 Индија
2. Веселин Топалов 2772 Бугарија
3. Владимир Крамник 2772 Русија
4. Александер Морозевич 2762 Русија
5. Левон Арониан 2759 Ерменија
6. Шахријар Мамедјаров 2757 Азербејџан
7. Тејмур Раџабов 2747 Азербејџан
8. Петер Леко 2738 Унгарија
9. Петер Свидлер 2736 Русија
10. Мајкл Адамс 2734 Англија

Најдобро рангирани шахистки уреди

Според рејтинг списокот на ФИДЕ за периодот април-јуни 2007 најдобро рангирани се:

1. Јудит Полгар 2711 Унгарија
2. Хампи Конеру 2548 Индија
3. Александра Костенјук 2540 Русија
4. Пиа Кремлинг 2520 Шведска
5. Хсу Јухуа 2517 Кина
6. Маја Чибурданидзе 2504 Грузија
7. Антоанета Стефанова 2502 Бугарија
8. Косинчева Татјана 2489 Русија
9. Хоан Тан Транг 2487 Унгарија
10. Жу Чен 2483 Катар

Македонски шахисти уреди

Според рејтинг списокот на ФИДЕ најдобро рангирани македонски шахисти за периодот април-јуни 2007 се:

1. Никола Митков 2544 Македонија
2. Владимир Георгиев 2540 Македонија
3. Трајче Недев 2523 Македонија
4. Звонко Станојоски 2504 Македонија
5. Александар Чоловиќ 2463 Македонија
6. Влатко Богдановски 2429 Македонија
7. Драгољуб Јаќимовиќ 2427 Македонија
8. Орце Данчевски 2419 Македонија
9. Никола Васовски 2417 Македонија
10. Марјан Митков 2401 Македонија

Список на светски шампиони во шах уреди

„Неофицијални“ но широко признати шампиони (предшампионско доба):

„Официјални“ шампиони:

„Неофицијални“ но широко признати светски шампиони:

Список на светски шампионки во шах уреди

Шахот како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди


  Шах

Фигури | Табла | Правила | Отворања | Стратегија | Тактика | Завршници | Историја | Запис


  1. T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977. Beograd: Rad, 1964, стр. 43-46.
  2. T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 52-55.
  3. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  4. Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 26-28.
  5. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 153-160.
  6. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 21.
  7. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 41.
  8. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 238-239.