Imperium Romanum
Римското Царство
Империјата во своето најголемо проширување
Национална парола:
Senatus Populusque Romanus
(Латински: Сенатот и луѓето на Рим)
Службени јазици Латински и старогрчки во источниот дел
Главни градови Рим; подоцна Цариград
Влада Монархија во републиканска форма, подоцна автократија
Водач на државата Император; по поделбата постои и западен римски цар и источен римски цар
Делиберативно тело Римски Сенат
Површина
 - Вкупно
- % вода
прва пред колапсот
2,3 милиони квадратни милји во својот процут
 ?%
Население
 - Вкупно
прва пред колапсот
Приближно од 55 милиони до преку 120 милиони
Воспоставена 2 септември 31 п.н.е.
Распад Поделба меѓу Западното Римско Царство, која пропадна на 4 септември 476, и Источното Римско Царство (наречена и Византија), која пропадна на 29 мај 1453.
Прв император Октавијан Август (27 п.н.е. - 14 година)
Последен император Теодосиј I (347-395) последен владетел над целата империја пред нејзината поделба. Последен западен император: Ромул Август (475-476) или Јулиј Непос, кој е на чело до неговата смрт во 480. Последен император на истокот: Константин XI (1449-1453).
Статус пред империја Римска Република
Статус по империја Западно Римско Царство, Источно Римско Царство (Византија), Франкска Империја, Свето Римско Царство
Валута солид, ауреус, денариј, сестерциј, ас
edit

Римската држава (латински: Imperium Romanum) била создадена на Апенинскиот Полуостров. Опкружен од три страни со мориња, слабо разгранет брег, имал блага клима и мошне плодна земја. Северниот дел од полуостровот е рамничарски и погоден за земјоделство, а средниот и јужниот се планини кои се погодни за развој на сточарството.

Во страриот век на Апенинскиот Полуостров живееле многу племиња. Најпознати биле: Галите, Италите, Латините, Умбрите, Самнитите и други. По Италите подоцна Апенинскиот Полуостров го добил името Италија. Во јужниот дел на Апенинскиот Полуостров и на Сицилија живееле колонии на Хелените и овој дел бил наречен Магна Греција.

Етрурците ја населувале Средна Италија (ден. област Тоскана). Тие биле едни од најстарите жители на Италија. Нивното потекло сè уште не е точно утврдено. Тие во 8 и 7 век п.н.е имале свои градови со развиено занаетчиство и трговија. Градовите биле со поплочени улици, тротоари, канализација и водовод. Етрурците имале високо развиена култура. За тоа сведочат голем број на материјални остатоци. Тие извршиле големо културно и политичко влијание на римската држава.

Латините имале најзначајна улога во историјата на Рим. Ја населувале областа Лациј во Средна Италија, јужно од Етрурците и од долниот тек на реката Тибар која била граница со Етрурците. Во оваа област имало повеќе градови меѓу кои бил и градот Рим (Рома), кој имал прекрасна местоположба. Се наоѓал 25 км од морето, на левиот брег на пловната река Тибар, преку која бил поврзан со морето. Градот се простирал на седум добро утврдени ритчиња, кои се обединиле за да можат полесно да се бранат од надворешните напади. Според легендата, Рим бил основан во 753 година п.н.е, но според археолошките податоци порано околу 10 век п.н.е.

Основање на римската држава

уреди

Територија и население

уреди

Римската држава била основана на Апенинскиот Полуостров. Полуостровот е поврзан со Европа само од северната страна, преку еден планински венец. Од другите страни е опколен со мориња, со слабо разгранет брег. Северниот дел на Апенинскиот Полуостров е претежно рамничарски и е погоден за земјоделство. Средниот и јужниот дел се планински, богати со пасишта и погодни за сточарство. Климата на Апенинскиот Полуостров е блага, а почвата е доста плодна.

На Апенинскиот Полуостров во стариот век живееле повеќе племиња и народи. Во почетокот, најпознати биле Етрурците, како и племињата Оски, Умбри и Латини. Етрурците биле најстари жители на Апенинскиот Полуостров. Се занимавале со земјоделство, занаетчиство и трговија. Живееле во градови-кралства со развиена култура и уметност. Нивните градови имале поплочени улици, канализација и водовод. Латините, пак, имале најзначајна улога во основањето на Рим. Тие се занимавале со земјоделство и сточарство.

Основање на Рим

уреди

Латините се населиле во средишниот дел на Апенинскиот Полуостров. На левиот брег на реката Тибар, на седум блиски ритчиња основале свои населби, кои биле опкружени со мочуришта. Етрурците, кои живееле од другата страна на Тибар, често ја минувале реката и ги разменувале своите производи со производите на Латините. Латините прифатиле голем дел од културата на Етрурците.

Етрурците преземале и воени напади против Латините. За да се одбранат полесно од нападите, населбите на седумте ритчиња се обединиле. Така настанал градот Рим. Во шестиот век пред н.е., Етрурците ги победиле Латините и го освоиле Рим. За основањето на Рим е зачувана и една легенда. Според неа, Рим бил основан во 753 година пред н.е. од близнаците Ромул и Рем. Уште додека биле во лулка, нивниот лош стрико ги фрлил во реката Тибар. Од реката ги извадила една волчица, која ги задоила, а потоа ги нашол и ги пораснал еден овчар. Кога пораснале, браќата му се одмаздиле на лошиот стрико. Потоа основале град, кој по Ромул го добил името Рим (на латински Рома).

Општествено и државно уредување

уреди

Во најстариот период Рим имал родовско уредување. Родовите биле составени од патријахални семејства - фамилии, на чие чело стоел патер. Десет рода сочинувале братство, а десет братства сочинувале племе или триба. Вкупно имало три триба. Населението го сочинувале слободни и неслободни луѓе. Слободните се делеле на патриции и плебејци. Патриции биле богати луѓе, кои уживале големи привилегии и ги заземале сите положби во државната управа. Од нивните редови биле избирани конзули и сенатори. Плебејците воделе потекло од потчинетото население на Лациј и на Етрурците. Се заземале со земјоделство, занаетчиство и трговија. Плаќале даноци на државата, служеле војска, но немале политички права и не учествувале во работата на народното собрание. Бракот меѓу патрициите и плебејците бил забранет со закон. Неслободното население го сочинувале робови, кои во овој ран период во римската држава не биле бројни.

Во најстариот период со Рим управувал крал. Бил т.н кралски период кој изнесувал од 753-509 г. п.н.е. Кралот ја предводел војската, бил врховен судија и свештеник. Постоело и народно собрание, што го сочинувале сите полнолетни мажи и војници, а исто така и сенат, што го сочинуваат старешините на најбогатите и најугледни родови.

Според традицијата постоеле седум кралеви. Последните три кралеви биле етрурски, бидејќи во 7 век п.н.е. Лациј бил освоен од Етрурците. Со нивното владеење не биле задоволни римските патриции, кои во 509 г. п.н.е го симнале од престолот и го протерале последниот крал (Тарквиниј Гордиот) и прогласиле република. Таа добила ново уредување. На нејзиното чело се наоѓале двајца конзули, кое ги избирало народното собрание а било од редовите на патрициите, со мандат од една година. Сенатот добил многу поголемо значење, а неговите одлуки биле задолжителни и за конзулите.

Римската војска

уреди

Благодарејќи на добро организираната војска, Римјаните продолжиле да водат успешни војни и по освојувањето на Апенинскиот Полуостров. Во војската служеле Римјани на возраст од 17 до 45 години. Побогатите служеле во коњицата, а другите во пешадијата. Основна единица во војската била легијата. Таа броела околу 5000 војници, а се состоела од тешка пешадија, лесна пешадија и коњица. Римската војска била добро вооружена и извежбана. Во војската владеела строга дисциплина. Војниците биле вооружени со голем штит и кус меч или копје. На горниот дел од телото имале оклоп, а на главата шлем.

Потчинување на Италија

уреди

По ослободување од етрурската власт, Римјаните започнале да водат војни за проширување на својата држава најпрвин во Италија а подоцна и надвор од нејзините граници. Речиси сто години римјаните воделе војни со Етрурците, кои не сакале да се помират со губењето на Рим и Лациј, но на крајот Етрурците биле поразени а нивната земја влегла во составот на римската држава.

Во 4 век п.н.е Рим водел војна со Галите во Северна Италија, кои во 390 г. п.н.е. го нападнале и го ограбиле градот Рим. Единствено тврдината на ритчето Капитол не била освоена, иако била опседнувана цели шест месеци. Во исто време Рим војувал и со италските племиња во Средна Италија. Најжесток отпор му пружиле Саминтите, со кои морал да води три војни. Дури по третата семитска војна (298-290), Рим станал господар на средна Италија.

Потоа Римјаните ги насочиле своите сили кон Јужна Италија каде што се наоѓале многу колонии на Хелените. Меѓу нив се истакнал и градот Тарент со кого Рим дошол во судир. На овој град во војна му помагал епирскиот крал Пир. На крајот римјаните победиле, го потчиниле Тарент и цела Јужна Италијаи се претвориле во една од најголемите и најсилните држави на Средоземното Море.

Освојувања во Африка, Европа и Азија. Рим станува светска сила

уреди

Паднал Египет во 30 година п.н.е кој бил на чело со Клеопатра. Во втори век п.н.е била освоена Дакија(Денешна Романија)и со тоа се означил крајот на освојувањата на Рим.

Внатрешни судири во Римската држава

уреди
 
Смртта на Спартак

Воените походи придонеле за уште поголемо раслојување на населението на богати и сиромашни. Офицерите се враќале со огромен плен на бродови и на коли, а војниците во торби и во кесиња. Намесниците пак, даночниците и чиновниците во новите провинции преку разни злоупротеби земале не колку што треба, туку колку што ќе најдат. Бројот на робовите нагло се зголемил и имало бесплатна работна сила за огромните земјишни имоти на римската аристократија, наречени латифундии. Нивните поевтини производи направени со бесплатен робовски труд безмилосно им конкурирале на поскапите производи на селаните и занаетчиите, па тие осиромашувале и пропаѓале. Политичките прилики во државата нагло се влошиле со селските бунтови и барања за аграрна реформа, заканувајки се да прераснат во граѓанска војна.

Со освојувачките војни на римската држава нагло се зголемил бројот на робовите. Од нив, во особено незавидна положба биле т.н. гладијатори, коишто биле специјално обучувани за меѓусебни борби или за борби со диви ѕверови во арената заради задоволување и забава на публиката. Токму тие и го кренале големото востание на робовите предводено од Спартак што траело од 73 до 71 година пред н.е. Тоа се проширило на цела Јужна Италија. Римјаните очекувале напад на Рим, но намерата на востаниците била да ја напуштат Италија кон своите родни краеви. Ова најмасовно робовско востание во светската историја било крваво задушено. Но тоа длабоко ја разнишало римската држава.

За да го стишат гневот и незадоволството на сиромашните римски граѓани, вештите римски политичари и извршиле воена реформа и граѓанската војска што била распуштена по секоја војна била земена со наемничка војска.

Внатрешни борби во Римската држава

уреди

Положбата на селаните и робовите

уреди

Селаните биле најбројно слободно население во римската држава. Тие учествувале во војните што ги водел Рим. Служеле во пешадијата. Поради долгите војни, нивите и полињата на селаните често останувале необработени. Нивните производи се продавале евтино на пазарот. За да преживеат, селаните се задолжувале кај побогатите. Кога не можеле да го вратат долгот, биле принудени да ја отстапат својата земја и заминувале да бараат работа во градовите.

Робовите се наоѓале во најтешка положба во државата. По успешните освојувачки војни, нивниот број многу се зголемил. Најмногу робови имале богатите Римјани. Робовите биле слабо хранети и облекувани. Ги работеле најтешките работи. Посебен вид робови биле државните робови, наречени гладијатори. Тие биле млади и силни робови, кои во посебни школи учеле да се борат. Потоа за забава на Римјаните се бореле до смрт меѓу себе или со диви животни.

Востанието на Спартак

уреди

Незадоволни од својата тешка положба, робовите во римската држава често се кревале на востанија. Римската власт ги задушувала овие востанија и сурово ги казнувала робовите-востаници. Најпознато и најголемо било востанието под водство на Спартак, во првиот век пред н.е. Спартак бил гладијатор. Со уште седумдесетина робови-гладијатори, тој успеал да избега и да се засолни на планината Везув. На востаниците почнале да им се приклучуваат голем број робови и селани. Под водството на Спартак, востаниците успеале неколкупати да ја победат римската војска. Востанието се раширило и во северниот и јужниот дел на Апенинскиот Полуостров. Но, востаниците не биле сложни и единствени. Еден дел од нив се одвоиле од Спартак. Римјаните успеале лесно да ги победат разединетите востаници. Во решавачката битка, што се одиграла во Јужна Италија, востаниците биле поразени. Спартак загинал во битката, заедно со голем број востаници. Околу 6000 заробени востаници биле казнети со смрт.

Слабеење на државата и создавање на колонатот

уреди

Во првите векови од нашата ера, освојувачките војни што им носеле на Римјаните големи богатства станале сè поретки. Наместо да освојува, римската држава морала да се брани од надворешни напади. Многу бил намален бројот на робовите. Војската станала недисциплинирана. На освоените територии, во разни делови на државата, се кревале бунтови. Римската држава започнала брзо да слабее. Робовите не биле заинтересирани за работа, затоа што немале полза од својата работа. Тие слабо работеле, ги кршеле алатите и не го зголемувале производството. Сиромашните селани имале малку земја, од која не можеле да се прехранат. За да го зголемат производството и добивката од земјата, големите земјопоседници почнале да ја делат земјата на помали делови, кои ги давале под наем на сиромашните селани. Тие и понатаму останувале сопственици на земјата: селаните им давале на сопствениците дел од своите производи како наем. Човекот што земал земја под наем се викал колон, а таквата појава се нарекува колонат.

Римските војни против Илирите и античките Македонци

уреди

Римјаните војувале против Илирите и античките Македонци повеќе од половина век. Први на удар се нашле илирските земји што биле најблиску до Италија. Рим морал да води три војни за да ја покори Илирија. Илирите давале силен отпор. Во времето на кралот Гентиј се водела третата Римско-илирска војна. Пролетта 168 година пред н.е. Илирите биле поразени. Кралот Гентиј бил заробен и бил одведен во Рим заедно со целото семејство. Илирските територии биле приклучени кон римската држава. Таа им наметнала на Илирите големи даноци. Во времето кога започнале римските освојувања на Балканот, Македонското кралство било мошне силно. Македонија имала централна положба на Балканот, па затоа била важна за Римјаните и за нивните идни освојувања. Македонија била богата со руда, со плодни котлини погодни за земјоделство, како и со планини погодни за сточарство. Во неа бил развиен градскиот живот. Од населението можело да се собираат војници за помошните единици и да се добијат робови. Затоа Македонија била многу привлечна за Римјаните. Повеќе од педесет години античките Македонци им давале силен отпор на Римјаните. Рим морал да води три војни за да ја покори Македонија. Македонскиот крал Персеј склучил сојуз со илирскиот крал Гентиј за заедничка борба против Римјаните. Но, во 168 година пред н.е., античките Македонци биле поразени во Битката кај Пидна, а Македонија ја загубила својата независност. Кралот Персеј со семејството бил одведен во заробеништво во Рим. Тоа било крај на античката македонска држава. Освен Илирите и античките Македонци, Римјаните успеале да ги покорат и другите балкански народи – Хелените, а подоцна и Тракијците.

Римски провинции на Балканот

уреди

Откако го покорил Балканот, Рим им наметнал големи даноци на освоените територии. Градовите и селата биле ограбени, а голем дел од населението било одведено во заробеништво. Римјаните почнале да го искористуваат рудното богатство на балканските земји. Римјаните ги претвориле освоените територии во посебни области, наречени провинции. Прва и најстара римска провинција на Балканот била провинцијата Македонија, основана во 148 година пред н.е. Подоцна биле основани и други римски провинции на Балканот. Во провинциите била воспоставена римска управа, со голем број римски службеници. На чело стоел римски управник, кој ја имал сета воена и цивилна власт во провинцијата. Римјаните го искористувале населението за градење патишта, мостови и тврдини. Некои градови во провинциите можеле да коваат свои пари, кои се користеле заедно со римските пари.

Отпорот на балканските народи против Римското Царство

уреди

Покорените балкански народи се бунтувале, пружале отпор и кревале востанија за да се ослободат од римската власт. За да ги држат во покорност, Римјаните предизвикувале нетрпеливост и кавги меѓу нив. Оттогаш останала поговорката „Раздели па владеј“. Македонците први кренале востание против Рим. Тие кренале востание под водството на Андриск, кој бил наречен „лажниот Филип“. За полесно да ги придобие луѓето, Андриск велел дека тој е Филип, синот на последниот македонски крал Персеј. Востанието добило широки размери. Андриск се прогласил за крал и извојувал неколку победи над Римјаните. Но, во 148 година пред н.е. востаничката војска била поразена, Андриск бил заробен, а востанието задушено. Истата година Македонија била претворена во римска провинција. Со Македонија сега управувал римски намесник, во земјата била распоредена постојана римска војска и била воведена римска администрација. Македонија била претворена во главна воена база на Римјаните за нивните натамошни освојувања. Една година подоцна, и Хелените кренале востание против римската власт. Главен центар на востанието бил градот Коринт на Пелопонез. Римјаните успеале да ја победат востаничката војска и да го освојат градот Коринт. Градот бил ограбен, запален и разурнат. Востанието било задушено, а на Хелада биле наметнати големи даноци. Најголемото востание на Илирите против Рим го предводел Батон, во почетокот на првиот век од н.е. Во востанието учествувале многу илирски племиња. Во почетокот востаниците забележале неколку победи. Но, во третата година од востанието, Римјаните излегле со голема војска и успеале да ги победат Илирите во неколку битки. Батон морал да се предаде, а востанието било задушено.

Романизација на балканските земји и на Македонија

уреди

Во освоените балкански земји се ширел римскиот начин на живеење, латинскиот јазик, римската религија и култура. Се отворале училишта на латински јазик. Во употреба биле римските пари – денари. Постојано се зголемувал бројот на римските службеници, трговци, занаетчии и колонисти. Римската држава ги населувала на Балканот посиромашните римски граѓани. Најголем дел од нив биле поранешни војници. За служење во војската, тие од државата добивале земја. Таквите населби се викале колонии. Колонии имало во сите римски провинции на Балканот. Такви колонии биле: Скупи (Скопје), Јадер (Задар, Хрватска), Емона (Љубљана, Словенија) и други. Освен службениците и војниците, во колониите се населувале и трговци и занаетчии. Тие придонесувале за ширење на римската култура, латинскиот јазик и римскиот начин на живеење. Балканските народи постепено го прифаќале латинскиот јазик, а особено римската култура. Во старите балкански градови Римјаните подигале нови градби во римски стил: палати, театри, храмови, водоводи и бањи. На тој начин започнала постепена романизација на балканските народи.

Остатоци од Римски градови во Македонија

уреди

Македонија е многу богата со остатоци од римската култура, особено со остатоци од римски градови. Еден од нив е градот Стоби, кој се наоѓа во близината на Велес, на местото каде Црна Река се влева во Вардар. Стоби имал значајна положба не само за воените походи на Римјаните, туку и за трговијата. Во Стоби можат да се видат остатоци од театар, цркви, луксузни приватни куќи – палати, улици, бањи и плоштади. Во овој град имало и ковачница за пари. Во Македонија се зачувани остатоци и од други римски градови, како: Хераклеја (Битола) и Скупи (во близината на Скопје). Исто така, остатоци од римски градби има и во Лихнидос (Охрид), Банско (кај Струмица) и други.

Пропаѓање на Римската држава

уреди

Внатрешни и надворешни причини

уреди

Со текот на времето, римската држава сè повеќе слабеела. Незадоволните селани и робовите постојано се бунтувале. Војниците не примале редовно плата и не биле заинтересирани за војување. Стопанството ослабнало, а производството многу се намалило. Во четвртиот и петтиот век, римската држава започнале да ја напаѓаат племињата Хуни и Германи. Хуните продреле од Азија во Европа во втората половина на четвртиот век. Под водството на Атила, во петтиот век создале силна држава со центар во Панонија. Оттаму ги напаѓале териториите на римската држава. Нивните напади имале ограбувачки карактер. Најжестоки биле нападите на германските племиња Вандали и Визиготи. Визиготите го освоиле и го ограбиле градот Рим во 410 година, а истото го направиле и Вандалите во 455 година.

Поделба на државата

уреди

Римската држава немала сила да се одбрани од нападите на варварските народи. Во 395 година, римската држава била поделена на два дела: Западно Римско Царство, со седиште во Рим и Источно Римско Царство, со престолнина во Цариград (Цариград, денешен Истанбул). Двата дела на римската држава никогаш повеќе не се обединиле. Подоцна Источното Римско Царство го добило името Византија. Тоа ќе постои уште илјада години, до средината на петнаесеттиот век. Македонија останала во составот на Источното Римско Царство.

Пропаѓање на Западното Римско Царство

уреди

Западното Римско Царство било изложено на чести напади на варварските народи. Буните и востанијата на потчинетите народи биле бројни. Затоа царството брзо пропаднало. Во 476 година, еден од водачите на германските племиња го симнал од престолот последниот римски владетел, царот Ромул Августул. Оваа година се смета за крај на Западното Римско Царство. Таа се смета како крај на историјата на стариот век во Европа и почеток на средниот век.

Забавата и културата во Римското Царство

уреди

Во Рим постоеле четири организации кои приредувале циркуски игри. Тие располагале со коњи и луѓе потребни за организирање на трките инив им ги изнајмувале на приредувачите на игрите за определен паричен надомест. Тие организации имале сопствени бои кои ги носеле учесниците во трките. Тие организации биле: бели (factio albata), црвени (factio russata), зелени (factio prasina) и сини (factio veneta). Царот Домицијан вовел уште две бои — златна и пурпурна (кои имале статус на царски бои), но тие не се одржале долго време. Населението со воодушевување ги следело игрите при што постоела голема поделеност меѓу приврзаниците на четирите организации.[1]

Стариот Рим како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Римското Царство и Римјаните се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

Наводи

уреди
  1. Marko Aurelij, Samom sebi. Beograd: Dereta, 2004, стр. 40
  2. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 137-138.