Радое Домановиќ (Овсиште кај Топола, 16 февруари 1873 - 17 август 1908 Белград) — најистакнат писател на сатирични приказни во епоха на реализмот во српската книжевност.

Радое Домановиќ
Роден/а16 февруари 1873
Кралство Србија с. Овсиште (Топола), Кнежевство Србија
Починат/а17 август 1908
Кралство Србија Белград, Кралство Србија
Занимањеписател, новинар
НационалностСрбин
Период1893–1908
Жанрлирика
Книжевно движењереализам

Кога го завршил филолошкиот факултет на Високата школа во Белград, работел како професор по српски јазик и книжевност и историја. Политички бил активен како писател и публицист, соработник на опозициските весници.

Неговата професорска работа е типична за напреден интелектуалец во тоа време: постојано е отпуштан од работа, преместуван е од едно на друго место, за на крај да заврши како коректор на државните весници. Припаѓал на боемскиот круг со Милован Глишиќ и Јанко Веселиновиќ. Пред крај на неговиот живот, длабоко разочаран, живеел во тешка положба, во беда и немаштија, и умрел напуштен и очаен.

Дела

уреди

За животот објавил Приказни (1899), потоа Чича Мита од народот, Прекинување на страстите и останати приказни (1902), Кралевиќ Марко по вторпат меѓу Србите, Данга, Водач (1902), Три приказни за младината (1903) и Приказни (1905).

Негови најзначајни дела се:

  • Страдија
  • Данга
  • Водач
  • Кралевиќ Марко по вторпат меѓу Србите
  • Размислување на еден обичен српски вол
  • Мртво море
  • Прекинување на страстите

Надворешни врски

уреди