Портсмут

град во Хемпшир, Англија

Портсмут (англиски: Portsmouth ) — град и унитарна управа во англиската церемонијална грофовија Хемпшир. Се наоѓа на брегот од протокот Солент, кој ги оддвојува Англија и Островот Вајт. Најголемиот дел од урбаното население е концентрирано на островот Портси. Портсмут е една од главните бази на британската морнарица. Има население од околу 238 илјади луѓе.

Портсмут
Град Портсмут
Град и Унитарна управа
(одгоре надолу:) Поглед на градот од Портсдаун Хил, Бродот Виктори, Музичкото училиште, Катедралата во Портсмут, Кулата во Портсмут сосе пристаништето, кејовите во Портсмут, Замокот во Портчестер и старото пристаниште
(одгоре надолу:) Поглед на градот од Портсдаун Хил, Бродот Виктори, Музичкото училиште, Катедралата во Портсмут, Кулата во Портсмут сосе пристаништето, кејовите во Портсмут, Замокот во Портчестер и старото пристаниште
Знаме на ПортсмутАмблем на Портсмут
Амблем
Прекар(и): Помпеј
Во рамките на Хемпшир
Во рамките на Хемпшир
Суверена држава Обединето Кралство
Земја Англија
РегионЈугоисточна Англија
Церемонијална грофовијаХемпшир
Управа
 • ВидУнитарна управа, Град
 • Governing bodyГрадскиот совет на Портсмут
Површина
 • Град и Унитарна управа40,25 км2 (1,554 ми2)
Население (2021)
 • Град и Унитарна управа205,100 (рангиран на 76-то место)[2]
 • Градскo855,679
 • Метро1,547,000 (2.007 проценка)[1]
Час. појасGMT (UTC0)
 • Лето (ЛСВ)Wednesday 8:30 am (UTC+1)
Мреж. местоPortsmouth City Council

Историја

уреди

Римјаните, во третиот век, во близина на Портчестер изградиле камена тврдина. Винстон Черчил, во својата Историја на народите од англиско говорно подрачје пишува дека градот го основал пират по име Порт во 501 година. Во текот на осмиот и деветтиот век градот бил под постојани напади од дански викинзи. Во 1194 година, кралот Ричард Лавовско срце, загрижен за неразвиеноста на пристаништата на Ламанш, издал повелба со која Портсмут се прогласува за пазарен град и дозволил таму да се одржува панаѓур, а жителите ги ослободил од годишен данок во износ од 18 фунти. Оваа повелба останала на сила до 1627 година.

Портсмут доживеал процут за време на Тјудорите. Во 1497 година бил изграден првиот воен брод. Со текот на времето, додека Британија станувала поморска сила, во Портсмут биле изградени многу бродоградилишта и тој прераснал во најголемата поморска база во земјата. Во Портсмут се изложени многу познати бродови од минатото: Тјудоровата каракаМери Роуз“ и „Победа“ - бродот на адмиралот Нелсон. Исто така во Портсмут, како брод-музеј се наоѓа и ХМС „Вориор“ - оклопна фрегата на британската кралска морнарица, првиот целосно метален воен брод во светот за пловење на отворено море.

За време на Втората светска војна, градот бил тешко бомбардиран. Уништената зграда на градското собрание била повторно изградена во 1959 година. По војната, истакнати бруталистички архитекти ги дизајнирале станбените четврти во градот. Од историски локалитети тука се наоѓаат катедралата од 12 век, Тјудоровите тврдини кај одморалиштето Саутси (околу 1544 година), а тука е и родното место на Чарлс Дикенс.

Географија

уреди
 
Портсмут: воздушен поглед

Портсмут се наоѓа на оддалеченост од 118,3 км од центарот на Лондон, 79,7 км западно од Брајтон и 35,9 км источно од Саутемптон. Се наоѓа првенствено на островот Портси, и е единствениот островски град во Обединетото Кралство, иако подоцна градот се проширил и на копното.

Одморалиштето Саутси е јужно од островот, а езерото Истни се наоѓа источно од него.

Унитарната управа на Портсмут зафаќа површина од 40 км2, и на исток, југ и запад е опколена од протокот Солент, на север се граничи со грофовијата Хемпшир.

Население

уреди

На територијата на унитарната единица Портсмут живеат 205.400 луѓе, со просечна густина на население од 5100 на км2 [3], и е најгусто населен град во Обединетото Кралство (единаесет пати повеќе од регионалниот просек од 440 на квадратен километар).

Според пописот од 2011 година, населението во Портсмут било: 84% бели Британци, 3,8% други белци, 1,3% Кинези, 1,4% Индијци, 0,5% мешани раси, 1,8% Бангладешци, 0,5% други, 1,4% Црномурести африканци, 0,5% бели Ирци, 1,3% други Азијци, 0,3% Пакистанци, и 0,1% други црнци.

Економија

уреди

Десет проценти од работната сила во Портсмут е вработена во Поморската база во Портсмут, која што е поврзана со најголемата индустрија на градот - одбраната. Тука се наоѓа и седиштето на претпријатието за бродоградба на воени бродови БАЕ Системс Маритајм Навал шипс (BAE Systems Maritime – Naval Ships). Во Портсмут се наоѓа и седиштето на ИБМ за Обединетото Кралство.

Траекти на претпријатието „Вајтлинк“ оперираат од Портсмут до Островот Вајт, патнички катамаран до Рајд и автомобилски траект до Фишборн.

Во Портсмут се наоѓа најголемата воена болница на единиците на медицинската служба на британските вооружени сили.

Политика

уреди

Со Портсмут управува Градскиот совет на Портсмут кој го сочинуваат 42 пратеници, избрани во 14 изборни единици. Градот е поделен на две парламентарни изборни единици, Јушен Портсмут и Северен Портсмут, а избраните кандидати го претставуваат градот во Долниот дом на Обединетото Кралство.[4]

Спорт

уреди

Од Портсмут е професионалниот фудбалски клуб Портсмут, двократен шампион на Англија и двократен победник на ФА Купот и победник на ФА Суперкупот. Портсмут своите натпревари ги игра на Фратон Парк, со капацитет од 20.000 гледачи.

Во Портсмут има 4 хокеарски клуба. Боксот бил популарен спорт помеѓу 1910 и 1960 година, а споменик во чест на боксерското наследство на градот бил изграден во 2017 година.

Позначајни граѓани

уреди

Во Портсмут се родени многу прославени автори од Англиската книжевност. Овде е роден Чарлс Дикенс, авторот на Оливер Твист.

Артур Конан Дојл, авторот на приказните за Шерлок Холмс, се занимавал со медицина во градот и играл за аматерски фудбалски клуб. Радјард Киплинг (поет и автор на Книга за џунглата)  и Х.Џ. Велс, автор на Војна на световите и Временска машина, живееле во Портсмут во текот на 1880-тите. Романописецот и историчар Волтер Бесант, е роден во Портсмут.  Историчарката Френсис Јејтс, позната по нејзината работа за ренесансниот езотеризам, е родена во градот. Френсис Остин, брат на Џејн Остин, накратко живеел во областа по дипломирањето на поморската академија во Портсмут.

Меѓународни односи

уреди

Збратимени градови

уреди

Портсмут е збратимен со следниве градови:

Градови партнери

уреди

Наводи

уреди
  1. „British urban pattern: population data“ (PDF). ESPON project 1.4.3 Study on Urban Functions. European Union – European Spatial Planning Observation Network. March 2007. стр. 120–121. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 September 2015. Посетено на 30 March 2015.
  2. „Portsmouth Census Summary, Hampshire County Council“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 18 February 2018. Посетено на 29 March 2015.
  3. „neighbourhood.statistics.gov.uk“. Архивирано од изворникот на 2015-03-29. Посетено на 2022-01-02.
  4. „Депутаты совета унитарной единицы Портсмут“. Архивирано од изворникот на 2013-08-17. Посетено на 2022-01-02.