Андреја Паладио

италијански ренесансен архитект

Андреја Паладио (италијански: Andrea Palladio), родено име: Андреја ди Пјетро дела Гондола (Andrea di Pietro della Gondola); 30 ноември 1508 - 19 август 1580) — италијански ренесансен архитект од Падова.

Андреја Паладио
Роден Андреја ди Пјетро дела Гондола
30 ноември 1508
Знаме на Венецијанската Република Падова
Починал 19 август 1580
Знаме на Венецијанската Република Мазер, кај Тревизо
Националност Венецијанец
Занимање архитект
Палацо Кјерикати, Виченца
Вила ла Ротонда, Виченца

Како влијателен архитект, Паладио развил свој паладијански стил кој се придржувал до класичните римски принципи, наспроти богатата орнаментација на ренесансата. Паладио проектирал многу цркви, вили и дворци, особено во Венеција и околината.

Стилот на Паладио станал мода во Европа. Во Британија, Иниго Џонс и Кристофер Рен го прифатиле неговиот стил. Друг обожавател на овој стил бил Ричард Бојл, IV Гроф од Корк, исто така познат како Лорд Берлингтон кој бил архитектот на куќата Чизик Хаус заедно со Вилијам Кент. Еден од подоцнежни експоненти кои ги популаризирале коцептите на Паладио бил и венецијанскиот архитект од XVIII век Џакомо Леони кој издал авторитативно дело од четири тома на таа тема.

Архитектурата на Паладио исто така била инспирација за класична музика, како на пример за делото од велшкиот композитор Карл Џенкинс со наслов Паладио. Оваа композиција е доста позната по својот прв став, кој бил употребен од страна на фирмата „Де бирс“ во една телевизиска реклама за дијаманти.

Историја уреди

Паладио бил син на Пјетро 'дела гондола'. Кога имал 13 години станал чирак во каменорезачка работилница, но по само 18 месеци престанал да конактира со татко си и избегал во блискиот град Виченца. Таму станал помошник во најдобрата каменорезачка и ѕидарска работилница и често ја посетувал продавницата на Бартоломео Каваца од кој научил некои вештини. Но најголемо влијание во неговата кариера има извршено Џанџорџо Трисино, кој му го измислил класичното име Паладио на неговиот ученик и пријател Андреја. Во 1541 год. Паладио оди во Рим да изучува антички знаменитости.

Важни настани:

1540: Почнува со своето прво дело, вила Годи во Леонедо.
1544: Почнува со изработка на вила Пизани во Бањоло.
1545: Вклучен во реновирањето на базиликата во Виченца.
1550: Прави нацрти за Палацо Кјерикати.
1552: Почнува со работа на Вила Корнаро и палатата на Изепо Де' Порти.
1556: Во Удине работи на каза Антонини, а во Виченца почнува со палацо Тиене. Додека неговите задачи се намножуваат заедно со неговата слава, Паладио работи со патријархот на Аквелија на издание на книга за 'Витрувиј' со тоа што ги изработува цртежите и скиците.
1557: Ја почнува Вила Бадоер во долината на реката По.
1558: Издава проект за црквата Сан Пјетро ин Кастело во Венеција и веројатно истата година почнува со изгардба на вила Малконтента.
1559: Ја почнува Вила Емо во селото Фанцоло ди Веделаго.
1561: Почнува со изградба на вила Појана Маџоре и истовремено со трпезаријата за Бенедиктинците во Св. Ѓорѓија во Венеција, а подоцна и фасадите на манастирот Монастеро пер ла Карита и вила Серего.
1562: Ја започнува фасадата на Сан Франческо дела Виња и со работа на Сан Џорџо Маџоре.
1565: Почнува со изградба на вила Каголо во Виченца и вила Пизани во Монтањана.
1566: палацо Валмарана и вила Зено.
1567: Почнува со работа на Вила Капра „Ла Ротонда“
1570: Паладио е номиниран за Прото дела Серенисима (Знаменит граѓанин на Венеција) и таму ги издава I Quattro Libri di Architettura („Четири книги за архитектурата“).
1571: Ги изработува: вила Пјовене, палацо Порто Барбаран, лоџија дел Капитанио и палацо Порто Бреганце.
1574: Ги издава Коментарите на Цезар и работи на проучување за предниот дел на црквата Сан Петронио во Болоња.
1577: Почнува со изградба на Ил Реденторе.
1580: Приготвува цртежи и скици за ентериерот на црквата Санта Лучија во Венеција и истата година на 23 март ги надгледува почетните фази во изградбата на Театро Олимпико.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди