Кулин (српскохрватска кирилица: Кулин; d. ок. ноември 1204) бил бан на Босна од 1180 до 1204, прво како вазал на Византиската Империја, а потоа на Кралството Унгарија, иако неговата држава де факто била независна. Тој претставува еден од најзначајните босански владетели кој имал големо влијание во раната босанска историја.[1] Едно од неговите најзначајни дипломатски достигнувања е потпишувањето на Повелбата на банот Кулин, со која се охрабрува трговијата и се воспоставиле мирни односи помеѓу Дубровник и неговото кралство.[2][3] Неговиот син, Стефан Кулиниќ, го наследил како босански бан.

Кулин
Бан на Босна
На престол1180–1204
ПретходникМануил I Комнин
НаследникСтефан Кулиниќ
Роден(а)Усора
Босна
Починал(а)ок. ноември 1204
Босна
СопружникВоислава
ДинастијаКулиниќ

Наводи

уреди
  1. Malcolm, Noel (1 October 1996). Bosnia: A Short History. London: New York University Press. стр. 364. ISBN 978-0814755617.[се бара страница]
  2. Mahmutćehajić, Rusmir (2003). Sarajevo essays: politics, ideology, and tradition. Albany, NY: State University of New York Press. стр. 252. ISBN 9780791456378.
  3. Franz Miklosich, Monumenta Serbica, Viennae, 1858[се бара страница]