1984
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1984 (MCMLXXXIV) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1984 година од новата ера, 984. од вториот милениум, 84. од XX век и петта од 1980-тите.
Грегоријански календар | 1984 MCMLXXXIV |
Ab urbe condita | 2737 |
Ерменски календар | 1433 ԹՎ ՌՆԼԳ |
Асирски календар | 6734 |
Бахајски календар | 140–141 |
Балиски календар | 1905–1906 |
Бенгалски календар | 1391 |
Берберски календар | 2934 |
Будистички календар | 2528 |
Бурмански календар | 1346 |
Византиски календар | 7492–7493 |
Кинески календар | 癸亥年 (вод. свиња) 4680 или 4620 — до — 甲子年 (дрв. стаорец) 4681 или 4621 |
Коптски календар | 1700–1701 |
Етиопски календар | 1976–1977 |
Еврејски календар | 5744–5745 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2040–2041 |
- Сачка ера | 1905–1906 |
- Кали-југа | 5084–5085 |
Холоценски календар | 11984 |
Игбоански календар | 984–985 |
Ирански календар | 1362–1363 |
Исламски календар | 1404–1405 |
Јапонски календар | Шова 59 (昭和59年) |
Јавански календар | 1916–1917 |
Џуче-календар | 73 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4317 |
Мингуо-календар | Тајван 73 民國73年 |
Нанакшахи | 516 |
Тајландски сончев календар | 2527 |
Тибетски календар | 阴水猪年 (женска вода-свиња) 2110 или 1729 или 957 — до — 阳木鼠年 (машко дрво-стаорец) 2111 или 1730 или 958 |
Униксно време | 441763200 – 473385599 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7492 и 7493 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6734 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5744 и 5745 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2737.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1984 година се протега во 4620 и 4621, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4680 и 4681 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2527. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1404 и 1405 исламска година.
1984 како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „1984“ - роман на англискиот писател Џорџ Орвел.
- „1984“ - песна и албум на американската рок-група „Ван Хејлен“ (Van Halen).[1]
Настани
уреди- 1 јануари – Брунеи станува целосно независна држава.
- 8 февруари – Отворени се Зимските олимписки игри во Сараево.
- 5 март – Индискиот премиер Индира Ганди наредува напад врз Харимандир Сахиб, најсветото место на сикизмот.
- 6 март – Започнува штрајкот на рударите во Британија, кој ќе трае една година.
- 25 јули – Светлана Савитскаја стана првата жена која се прошета во вселенскиот простор надвор од леталото.
- 28 јули – Отворени се Летните олимписки игри во Лос Анџелес.
- 4 август – Горна Волта го променува името во Буркина Фасо.
- 4 септември – Во Никарагва се одржуваат избори на кои победуваат сандинистите.
- 19 октомври – Полската тајна полиција го апси свештеникот Јержи Попиелушко, кој го поддржува независниот синдикат Солидарношч. По 11 дена е пронајден неговиот труп.
- 6 ноември – На американските претседателски избори републиканецот Роналд Реган освојува нов мандат.
- 3 декември – Во Бопал, Индија, во фабриката за пестициди во мнозинска сопственост на американската компанија „Јунион Карбид“ се случила катастрофа во која загинале повеќе од 3.800 луѓе, а помеѓу 150.000 и 600.000 луѓе претрпеле здравствени последици. Бопалската катастрофа претставува најголема индустриска катастрофа во светот.
- Филмот „Дина“ на Дејвид Линч го обиколува светот.
Родени
уреди- 28 февруари – Каролина Куркова, чешки модел
- 9 март – Џулија Манкусо, американска скијачка
- 20 март – Фернандо Торес, шпански фудбалер
- 24 март – Крис Бош, американски кошаркар
- 26 март – Ахмед Секу Туре, гвинејски државник
- 29 мај – Кармело Ентони, американски кошаркар
- 12 август – Шерон Симпсон, јамајска атлетичарка
- 27 септември – Аврил Лавињ, канадска пејачка
- 22 ноември – Basshunter, шведски пејач, музучки продуцент и диџеј
- 22 ноември – Скарлет Јохансон, американска глумица
- 30 декември – Леброн Џејмс, американски кошаркар
Починале
уреди- 4 јануари - Лазар Соколов, македонски економист, учесник во НОБ.
- 9 февруари – Јуриј Андропов, генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз
- 15 февруари - Харалампие Поленаковиќ, македонската литературен деец
- 21 февруари – Михаил Шолохов, руски писател
- 1 април - Тихомир Милошевски, македонски партизан, народен херој на Југославија
- 16 мај – Ирвин Шо, американски писател
- 2 јуни - Кирил Македонски, македонски композитор
- 26 јуни – Мишел Фуко, француски филозоф
- 26 јули – Џорџ Галуп, американски статистичар
- 5 август – Ричард Бартон, велшки глумец
- 13 август - Тигран Петросјан, ерменски шахист
- 23 септември - Владо Малески, македонски писател
- 21 октомври – Франсоа Трифо, француски режисер
- 31 октомври – Индира Ганди, индиски премиер