Ладислав Клима
Ладислав Клима (чешки: Ladislav Klíma) (1878 - 1928) - чешки писател и филозоф.
Животопис
уредиКлима бил многу оригинален човек, не само во творештвото, туку и во секојдневното однесување, бидејќи со својот животен стил свесно ги кршел границите на прифатените општествени норми. Поради навреда на Хабсбуршката династија бил избркан од гимназијата во родното место, така што школувањето го продолжил во Загреб, но и таму не ја завршил гимназијата.
Творештво
уредиКлима напишал неколку филозофски книги, а негови највредни дела се гротескниот роман „Страдањата на кнезот Стерњенхох“, новелата „Славната Немезис“ и збирката кратки раскази „Како ќе биде по смртта“.[1]
Наводи
уреди- ↑ Ладислав Клима, Како ќе биде по смртта. Скопје: Бегемот, 2013.