Авона

македонска балетска група

Авона — поранешна македонска балетска група активна кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години на XX век.[1]

По примерот на популарните белградски Локици, Авона како балетска/танцувачка група во своите настапи придружувала повеќе југословенски и македонски естрадни имиња, а настапувале и на модни ревии како фотомодели и на Скопски фестивал.[1]

Групата имала повеќе членови. Во првата постава биле Фроска, Пепи (Петранка), Жане, Бети и Вељко Павичевиќ. Подоцна се приклучиле Вељка и Еви (Евдокија).[1]

На 31 август 1983 година, на патот Куманово - Свети Николе во голема сообраќајна несреќа загинале три главни члена на групата Авона - Вељко Павичевиќ (26), Петранка (27) и Евдокија (23). Во истата несреќа загинале 9 лица, меѓу кои и популарната пејачка Сашка Петковска, естрадни уметници, нивни пријатели, колеги, како и припадници на тогашната ЈНА. Автобусот во кој патувале требало да одржи концерт за припадниците на Југословенската народна армија кои се наоѓале на извршување на редовните обврски кај Свети Николе.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Триесет години без нив“. Посетено на 2016-01-30.[мртва врска]
  2. „Македонски познати личности - жртви на асфалтот“. Архивирано од изворникот на 2013-12-17. Посетено на 2016-01-30.

Надворешни врски

уреди