Гордан Михиќ (српски: Гордан Михић, 19 септември 1938, Мостар, Кралство Југославија - 11 август 2019, Белград, Србија) - српски и југословенски сценарист.

Животопис уреди

Михиќ ја почнал кариерата во 1960-те, работејќи како новинар во белградскиот весник „Борба“.Подоцна, тој станал редовен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде што предавале филмско сценарио. ште во периодот кога бил новинар, на еден од фестивалите во Пула ја интервјуирал глумицата Вера Чукиќ, која му станала сопруга и со која ја имаат ќерката Ивана Михиќ,[1]

Творештво уреди

Михиќ е еден од најплодните југословенски сценаристи, а неговиот опус бележи над 100 филмски и телевизиски филмови и серии. Тој се појавил на филмската сцена во 1960-тите, кога заедно со Љубиша Козомара ги напишал сценаријата на некои од најважните наслови на југословенскиот „црн бран“, како: „Кога ќе бидам мртов и бел“ и „Будење на стаорецот“ на Живоин Павловиќ. Во 1970-те години пишувал сценарија за филмовите на авторите од тн. „Прашка школа“ во југословенската кинематографија (Горан Паскаљевиќ, Емир Кустурица) а паралелно бил потписник на најпопуларните телевизиски серии на Југословенската радиотелевизија. Најпознати негови остварувања се: „Туѓата Америка“, „Лажливо лето '68“, „Камионџии“, „Сивиот дом“, „Балкан Експрес“, „Дојде време да се проба љубовта“, „Јагуаровиот скок“, „Заборавени“, „Танго аргентино“, „Отворена врата“, „Немањиќи“, „Ранета земја“ итн. Исто така, Михиќ бил (ко)сценарист на три македонски играни филма: „Среќна Нова ’49“ на Столе Попов („Златна арена“ за најдобро сценарио на Филмскиот фестивал во Пула, 1986), „Контакт“ на Сергеј Станојковски (2005) и „Деца на сонцето“ на Антонио Митриќески (2014).[1]

Наводи уреди