Професор е личност која изведува, односно се занимава со предавање одреден предмет во средно училиште, факултет или некаква академија. Најчесто, професорот е човек со завршен факултет и положен стручен испит. Факултетските професори мора да имаат завршено магистратура и докторат и да бидат избрани во научно звање.

Алберт Ајнштајн како професор

Во Република Македонија постојат неколку научни звања: асистент, доцент, вонреден професор и редовен професор. Нивниот избор во исто или во повисоко звање се одвива на секои пет години.[1][2]

Постои и титула „емеритус“ (Emeritus), којашто се дава на пензионирани професори, кои и понатаму остваруваат значајни достигнувања од одредена научна област.

Професорите како мотив во уметноста и популарната култура

уреди
  • „Историја на природата“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[3]
  • „Последица“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[4]
  • „Помиреност“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.[5]
  • „Несреќна љубов“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.[6]
  • „Поинакви односи“ — расказ на рускиот писател Јуриј Мамлеев.[7]
  • „Стариот професор“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[8]

Наводи

уреди
  1. „ПРАВИЛНИК ЗА ИЗБОР ВО НАСТАВНО - НАУЧНО, НАСТАВНО-СТРУЧНО ЗВАЊЕ И СОРАБОТНИЦИ“ (PDF).
  2. „ЗАКОН ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКАТА ДЕЈНОСТ“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-10-05.
  3. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 95-96.
  4. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 143-144.
  5. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 125-126.
  6. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 100.
  7. Јуриј Мамлеев, Вампир-психопат, Темплум, Скопје, 2022, стр. 7-14.
  8. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 347-348.