Салваторе Квазимодо

Салваторе Квазимодо ( Рагуза, 20 август 1901 - Неапол, 14 јуни 1968) — италијански поет чија поетика поаѓа од херметизмот. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1959 година. Во Фиренца стапува со контакт со групата што го подготвува весникот „Соларија“ и така ја објавува својата прва збирка песни „Води и земји“(1930). Во меѓувреме конечно се сели во Милано, каде што на конзерваториумот добива катедра за италијанска книжевност.[1]

Салваторе Квазимодо
Квазимодо во 1959 г.
ЗанимањеАвтор
Книжевно движењехерметизам
Значајни наградиНобелова награда за литература
1959

Творештво уреди

Квазимодо објавил и повеќе есеи, меѓу кои „Поет и политичар“, ги преведувал Хомер, Катул, Шекспир, Неруда, а подготвил и повеќе антологии. Во неговиот поетски опус се вбројуваат следниве дела:

  • „Потонатата обоа“(1932),
  • „Ерато и Аполон“(1936),
  • „Нови песни“(1942),
  • „Ден по ден“(1942),
  • „Животот не е сон“(1948),
  • „Лажно вистинско зелено“(1955),
  • „Неспоредлива земја“(1958).

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010.