Малезија (малајски: Malaysia) — сојузна уставна монархија во југоисточна Азија. Се состои од тринаесет федерални држави и три федерални територии, и зафаќа површина од 329.847 км2. Јужнокинеското Море ја дели Малезија на две области со приближна големина, Западна Малезија и Источна Малезија (Малезиски Борнео). Западна Малезија има копнена граница со Тајланд и поморски граници со Сингапур, Виетнам и Индонезија. Источна Малезија има копнена граница со Брунеј и Индонезија и поморска граница со Филипините. Главен град на Малезија е Куала Лумпур и градот е седиште на сојузната влада во Путраџаја. Според пописот од 2010 година во Малезија живееле 28,33 милиони луѓе, од кои 22,6 милиони жители живееле во западниот дел на земјата. Во Малезија се наоѓа Танџун Пија, најјужната точка на континенталниот дел Евроазија. Малезија е една од седумнаесетте земји со најголема разновидност на растителен и животински свет, со високо присуство на ендемски видови.

Малезија
Malaysia
Знаме Грб
Гесло"Bersekutu Bertambah Mutu"
"Единството е Големина"1
ХимнаNegaraku
"Мојата земја"1
Главен град
(и најголем)
Куала Лумпур
3°08′N 101°42′E / 3.133° N; 101.700° E / 3.133; 101.700
Службен јазик Малајски2 
Уредување сојузна уставна
изборна монархија и
парламентарна демократија
 •  Крал Абдул Халим
 •  Премиер Мухидин Јасин
Независност
 •  Од Велика Британија (само Малаја)
31 август 1957 
 •  Федерација (со Сабах, Саравак и Сингапур4)
16 септември 1963 
Површина
 •  Вкупна 329,847 км2 (66та)
 •  Вода (%) 0,3
Население
 •  проценка за сеп. 2008 г. 27.730.000[1] (43та)
 •  Попис 2000 24.821.286 
 •  Густина 5 84 жит/км2 (114та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $359,271 billion[2] 
 •  По жител $13.385[2] 
БДП (номинален) проценка за 2007 г.
 •  Вкупно $186.718 милијарди [2] 
 •  По жител $6.956[2] 
Џиниев коеф. (2009)нагативен пораст 46.2[3]
висок · 36та
ИЧР (2013) 0.773[4]
висок · 62ра
Валута рингит (RM) (MYR)
Часовен појас MST (UTC+8)
НДД .my
Повик. бр. 60
1. Malaysian Flag and Crest from www.gov.my.
2. Официјалната терминологија е Bahasa Malaysia (лит. Малезиски јазик) [5] but legislation continues to refer to the official language as Bahasa Melayu (literally Malay language).
3. Путраџаја е примарно седиште на федералната влада.
4. Сингапур ја доби независноста на 9 август 1965.
5. Базирано на последниот попис.
6. 020 од Сингапур.

Кралствата на територија на денешната Малезија во XVIII век станале интересни за Британската Империја. Откако малајските царства станале британски протекторат,биле основани административните единици познати како британски имот во Малаја. Во 1946 година, малајскиот дел на индокинескиот полуостров бил обединет во Малејската унија. Малаја била реорганизирана во малајската федерација во 1948 година, а на 31 август 1957 станала независна. Неколку години подоцна, на 16 септември 1963 година,на Малаја и се приклучиле Северен Борнео, Саравак и Сингапур, а државата го променила името во Малезија. Неполни две години подоцна, во 1965 година, Сингапур бил исклучен од федерацијата.[6]

Мултиетничноста и мултикултурализмот имаат големо влијание врз политиката на земјата. Исламот е дефиниран со уставот како државна религија, додека слободата на религијата е загарантирана. Системот на државната администрација е во голема мера сличен на оној во Британија, а законодавството се заснова на англосаксонското право. Предводник на државата е кралот, познат како Јанг ди-Пертанг Агонг. Тој е избран од владетелите на деветте малајски сојузни држави и неговото владеење е во период од пет години. Шеф на владата е премиерот.[7]

По стекнувањето на независноста, економските показатели на Малезија се меѓу најдобрите во Азија, со просечна годишна стапка на раст на БДП од 6,5 проценти за речиси педесет години. Економијата традиционално се потпира на природното богатство на земјата, но исто така се развиваат и науката, туризмот, трговијата и здравствениот туризам. Денес, Малезија е една од ново-индустријализираните земји со пазарна економија. Во однос на БДП, таа е на трето место во југоисточна Азија, додека во се наоѓа на 29 место. Оваа држава е еден од основачите на АСЕАН, самитот на источна Азија и организацијата за исламска соработка, исто така член на АПЕК, Комонвелтот на нациите и Движењето на неврзаните.

Потекло на иметоУреди

 
Името "Малезија" е обележано од малезискиот архипелаг на мапата од 1914 година во еден американски атлас.

Името на Малезија е комбинација на зборот Малај со латинскиот, односно старогрчката наставка -sia / -σία.[8] Малајскиот збор Мелају веројатно потекнува од тамилските зборови Малај и ур, што значат планина,односно град, држава. [9] [10] [11] Древните индиски трговци го користеле зборот Малајадвипа за Малајскиот полуостров.[12] [13] [14] [15] [16] Без разлика дали зборовите се навистина од ова потекло, веројатно некогаш со зборот мелају на малајски / јавански јазик се озаначувало постепено забрзување или трчање. Овој термин се користел за да се опишат силните речни струи на реката Мелаја во Суматра.[17] Кралството Мелајан, кое постоело во VII век во Суматра, подоцна веројатно го презело ова име.[18] [19]

ГеографијаУреди

ПозицијаУреди

 
Малезија се наоѓа во екваторскиот појас, кој се карактеризира со тропска клима во текот на целата година.

Малезија зафаќа површина од 329.847 км2, што го прави да се наоѓа на 67 место во светот. Таа има копнена граница со Тајланд во западна Малезија, додека граничи со Индонезија и Брунеи во источна Малезија. Со Сингапур, таа е поврзана со издигнат автопат и мост. Покрај тоа, има поморска граница со Виетнам [20] и Филипините.[21] Реките Перлис и Голок, како и Пагалниот канал, претставуваат природна граница со други земји, додека дел од границата на море е спорна. Брунеи е практично енклава во Малезија,[22] која сојузна државата Саравак се дели на два дела. Малезија е единствената земја чија територија се протега на азиската копнена маса, како и на малезискиот архипелаг.[23] Танџунг Пијаи, кој се наоѓа во јужната држава Џохор, е најјужната континентална точка на Азија.[24] Малајскиот проток, кој се наоѓа помеѓу Суматра и континенталниот дел на Малезија, е една од најважните трговски патишта во светот, бидејќи учествува со 40% од светската трговија.[25]

Геологија и рељефУреди

Западна и Источна Малезија се одвоени соЈужнокинеското Море. Континенталниот дел на Малезија опфаќа околу 40% од територијата на земјата [23], и се карактеризира најчессто со планински релјеф, додека алувијалните рамнини се протегаат кон исток и запад.[23] Во насока север-југ се протега во должина од околу 740 км, додека во најширокиот дел исток-запад е широк 322 км.[26] Во нејзиниот централен дел се наоѓа планинскиот масив Титиванга, [27] со највисокиот врв на Мант Корбу со височина од 2.183 метри, [28] дел од серијата планински венци кои се протегаат јужно кон центарот на полуостровот.[23] Овие планини имаат густи шуми, и се направени главно од гранитни и други магматски карпи. Еродирале со поголемиот дел.Некои од поважните реки извираат од овие планини.[29] Брегот на полуостровот е долг 1931 км, а рамниците околу него се долги најмногу до 50 км. Сепак, пристаништата се наоѓаат само на западната страна на полуостровот.[26]

КлимаУреди

Климата во Малезија е екваторска со карактеристични монсуни на југозапад (од април до октомври) и на североисток (од октомври до февруари).[26] Некои делови на планината го спречуваат продорот на монсуните, а исто така, околното море може да ги ублажи високите температури.[23] Влажноста е обично висока, а просечните годишни врнежи се околу 2.500 литри.[26] Климата во континенталниот дел и источниот дел на Малезија се разликува, бидејќи континенталната клима е директно под влијание на ветровите од земјата, додека на исток влијанието на океанот е повеќе присутно. Малезија има три климатски зони: ридови, низини и крајбрежни области.

ПолитикаУреди

 
Пердана Путра е седиште на премиерот на Малезија.

Малезија е федерална уставна монархија со избран крал. Системот на државната администрација е многу сличен со британскиот модел, што е наследство на колонијалното владеење на Британците.[30] Шефот на државата ја има титулата Јанг ди-Пертуан Агонг т.е. цар. Кралот го избираат, за петгодишен мандат, деветте наследни владетели на малајските сојузни држави; другите четири сојузни држави, предводени од гувернери, не учествуваат во изборот на кралот. Според неформалниот договор, функцијата на кралот систематски се ротира меѓу деветте држави,[30] и од јануари 2019 година , ја извршува Абдула Султан Ахмад Шах, султанот на Паханг.[31] Со промената на уставот од 1994 година се менува улогата на кралот,таа главно станува протоколарна и се рефлектира во назначувањето на министри и членови на горниот дом.[32]

Законодавната власт е поделена помеѓу законодавните тела на федерално и на ниво на сојузна држава. Дводомното сојузно собрание се состои од долниот дом и горниот дом, Сенатот.[33] Претставничкиот дом има 222 членови, [34] избирани со едноставен систем на мнозинство, со мандат од пет години. Сенатот има 70 членови со мандат од три години, кои можат да бидат членови на две конференции; 26 членови на Сенатот делегираат собранија од 13 сојузни држави, а останатите 44 го назначуваат кралот по предлог на премиерот.[34]

 
Махатир Мухамед, малезијски премиер од 2018 година

Надворешни односи и војскатаУреди

Малезиската надворешна политика се потпира на принципот на неутралност и одржување добри односи со сите држави, без оглед на нивниот политички систем.[35] Владата придава големо значење на безбедноста и стабилноста на југоисточна Азија,[36] и се стреми да ги продлабочи односите со земјите од регионот. Во текот на историјата, малезиските влади се обидувале да ја прикажат земјата како напредна исламска нација [35] а истовремено ги зајакнувале односите со другите исламски земји.[36] Еден од важните принципи на малезијската политика е националниот суверенитет и правото на државата самостојно да одлучува за внатрешните работи.[32]

Малезија никогаш не го признала Израел и нема никакви дипломатски односи со оваа земја.[37] Таа дава силна поддршка на Палестинската држава [38] и повикува на судење на Израел пред Меѓународниот суд за правдата поради нападот врз Газа.[39] Мировните сили на Малезија се присутни во Либан [40] и во многу други мировни мисии на Обединетите нации.[41]

НаселениеУреди

 
Процентуално учество на етничките групи во населението но Малезија според пописот од 2010 година

Според пописот од 2010 година, Малезија имала 28.334.135 жители [42] и со т а с рангира на 42. место во светот. Населението во Малезија е составено од бројни етнички групи. Домаќинското население е 91,8%, додека странците ги сочинуваа преостанатите 8,2% од населението.[42] Малајците ги сочинуваат 67,4% од граѓаните на Малезија.[42] Тие имаат доминантна улога во политичкиот живот на земјата. Во континенталниот дел на Малезија, постојат и помали групи на домородци познати како Оранг Асли.Секоја федерална држава има сопствени закони со кои се регулира статусот.[43]

 
Густина на населението

СтопанствоУреди

Во последните три децении Малезија претрпела економска трансформација поради големите странски инвестиции (на пример, во производството на електронски уреди) и нафтените полиња. Денес таа припаѓа во групата на средно развиени земји со БДП од 12.100 американски долари по жител.

Контроверзниот премиер Махатир Мохамад играл голема улога во економијата,ги поттикнал прозападните пазарни реформи во земјата, но, исто така, ги одржувал авторитарните мерки со ново воспоставената рамнотежа помеѓу различните верски и етнички групи.

Странците имаат големо влијание во економијата на Малезија, но во последно време влијание имаат и домашните капиталисти. Најмногу заради евтина работна сила. Тие имаат високо развиена економија, со индустријализација. Застапени руди се; железо, масло, бакар, волфрам, боксит, колумбит. Индустријата е високо развиена, некои од најважни се металургијата, електро-индустријата, хемиската, бродоградбата и прехранбената индустрија. Земјоделството исто така е еден од важните фактори нза економијата, било во сопственост на странски капитал, но тој е заменет и сега е во домашна сопственост (но сепак има влијание од странци). Некои од најважните гранки се: бибер, палмино масло, кокос, банани, ананас, шеќерна трска и тутун.

КултураУреди

 
Готвач прави муртабек, еден вид палачинка со малку месо и кромид, во Куала Лумпур.

Малежанското општество се карактеризира со национална, расна и јазична разновидност. Домашната култура на оваа област била создадена од страна на домородцит заедно со малајците, кои подоцна се населиле. Индиската и кинеската култура, исто така, имаат значително влијание врз целото општество. Исто така постојат и персиски, арапски и британски културни влијанија. Културната асимилација на етничките малцинства не е изразена.[44]

КујнаУреди

Во малезиската кујна се одразува етничката разновидност на населението.Бројни култури и држави од опкружувањето значително влијаеле на кујната.Најголем придонес имале Малајците, Кинезит, Индусите, Јаванците и Суматраните.

НаводиУреди

  1. „Population (Updated 5 септември 2008)“. Завод за статистика на Малезија. 5 септември 2008. Посетено на 2008-09-20.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Malaysia“. International Monetary Fund. Посетено на 2008-10-09.
  3. „Gini Index“. World Bank. Посетено на 2 март 2011.
  4. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  5. The Star Online. Back to Bahasa Malaysia. Retrieved 5 јули 2007
  6. Boon 2002.
  7. Langford & Brownsey 1988.
  8. Room 2004.
  9. Weightman 2011.
  10. Tiwary 2009.
  11. Singh 2003.
  12. Pande 2005.
  13. Gopal 2000.
  14. Ahir 1995.
  15. Mukerjee 1984.
  16. Sarkar 1970.
  17. Abdul Rashid, Melebek; Amat Juhari, Moain (2006). Sejarah Bahasa Melayu ("History of the Malay Language"). Utusan Publications & Distributors. стр. 9–10. ISBN 978-967-61-1809-7.
  18. Milner, Anthony (2010). The Malays (The Peoples of South-East Asia and the Pacific). Wiley-Blackwell. стр. 18–19. ISBN 978-1-4443-3903-1.
  19. Eliot & Bickersteth 2000.
  20. „To Reduce Conflicts, Indonesia and Malaysia Should Meet Intensively“. Universitas Gadjah Mada. Посетено на 26 октомври 2010.
  21. Prescott & Schofield 2001.
  22. „Brunei“. CIA. Посетено на 13 септември 2011.
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 Marshall 2008.
  24. Wei, Leow Cheah (3 јули 2007). „Travel Times“. New Straits Times. Архивирано од изворникот на 3 јули 2007. Посетено на 4 февруари 2016.
  25. Schuman, Michael (22 април 2009). „Waterway To the World – Summer Journey“. Time magazine. Посетено на 4 февруари 2016.
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 Saw 2007.
  27. Stevens 2004.
  28. Ooi Keat Gin 2010.
  29. „Main Range (mountains, Malaysia)“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 4 февруари 2016.
  30. 30,0 30,1 „Malaysia Information“. Federation of International Trade Associations. Посетено на 16 февруари 2016.
  31. Изабран нови краљ Малезије (Приступљено: 13. фебруара 2019)
  32. 32,0 32,1 „Malaysia country brief“. Australian Government Department of Foreign Affairs and Trade. February 2014. Посетено на 16 февруари 2016.
  33. „Background“. Parlimen Malaysia. 3 јуни 2010. Посетено на 16 февруари 2016.
  34. 34,0 34,1 Constitution 1957.
  35. 35,0 35,1 „Malaysia's Foreign Policy“. Ministry of Foreign Affairs. Посетено на 17 февруари 2016.
  36. 36,0 36,1 „Malaysia Foreign Relations“. New Zealand Ministry of Foreign Affairs and Trade. 4 декември 2008. Архивирано од изворникот на 26 мај 2010. Посетено на 17 февруари 2016.
  37. „Malaysia: Anti-Semitism without Jews“. Jerusalem Center for Public Affairs. Архивирано од изворникот на 2 август 2010. Посетено на 17 февруари 2016.
  38. „Malaysia can be Muslim 'thought leader' – Clinton“. New Straits Times. Архивирано од изворникот на 22 јуни 2011. Посетено на 17 февруари 2016.
  39. Peng, Lee Yuk (7 јуни 2010). „Malaysia wants Israel referred to International Criminal Court (Updated)“. The Star. Архивирано од изворникот на 9 јули 2014. Посетено на 17 февруари 2016.
  40. Usa 2007.
  41. „Malaysia - Permanent Missions to the United Nations“ (PDF). United Nations. 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 октомври 2013. Посетено на 17 февруари 2016.
  42. 42,0 42,1 42,2 popis2010 2011.
  43. „PM asked to clarify mixed-race bumiputra status“. The Star. 4 ноември 2009. Архивирано од изворникот на 2 јули 2014. Посетено на 8 февруари 2016.
  44. R. Raghavan (1977). „Ethno-racial marginality in West Malaysia: The case of the Peranakan Hindu Melaka or Malaccan Chitty community“. Royal Netherlands Institute of Southeast Asian and Caribbean Studies. стр. 438–458. ISSN 0006-2294. Архивирано од изворникот на 24 јули 2011. Посетено на 4 март 2016.

Надворешни врскиУреди