Барокот се појавува кон крајот на XVII век во Европа, во периодот кога се афирмираат големите национални монархии. Италија во овој период е расцепкана и политички слаба, а Рим и понатаму е центар на уметноста. Црквата била принудена да се спротивстави на реформацијата, а промените во уметноста доведуваат до раѓањето на новиот стил, барок. Бегајќи од затворените форми, архитектите и вајарите бараат нови димезии на изразување и создаваат раскошни дела преполни со сценски иновации и движење. Сликарите и понатаму во центарот на вниманието ги сместуваат религиозните содржини, но се во потрага за нови ефекти во третирањето на бојата.

Обожување од Рубенс.

Барокот го добил името по шпанскиот збор барок што значи бисер со неправилна форма.

Настанок на барокот и главни одлики

уреди

Основните одлики на барокот се согледуваат уште во ренесансните дела. Во одредена смисла барокот е негација на ренесансата бидејќи во себе содржи компоненти кои произлегуваат од средновековното христијанство. Најзначајни претставници на уметничкиот правец од ренесансата кон маниризмот и барокот неоспорно е Микеланџело Буонароти. Во текот на XVII и XVIII век барокот се раширил во Европа. Има зачетоци во сите сфери на животот, архитектура, сликарство, литература, музика. Тоа е последен универзален стил на Европа кој настанал во Италија и се проширил во Германија, Австрија, Франција, Холандија. Во сликарството елементите се прелеваат во илузинистички стил. Во архитектурата се појавуваат пластични елементи, а се употребува сликарството за да се емитираат елементи на градежништво (сводови, ребра и сл.). Барокот дава предност на асиметријата, заоблени облици. Елемент на барокот е движењето, динамичноста, што е спротивно на ренесансата.

Архитектура

уреди

Одлики на барокната архитектура се монументално и грандиозност како и нагасувањето на чувствата, со цел да се створи впечаток врз човекот. Црквите требале да бидат слика од небото на земјата, а палатите и замоците да репрезентираат богатство и моќ. Основа на објектите била елипсата или нејзините елемента, а чест архитектонски елемент е куполата. Се употребувале скапи материјали, злато, благородни дрва, како и боен мермер.

Претставници на барокната архитектура се Џан Лоренцо Бернини, Франческо Боромини и Гуарино Гуарини. Бернини е несомнено најзначајниот архитект кој ги изградил колонадите на базиликата Св. Петар.

Сликарство

уреди

Барокот се формирал од темата која го поттикнувала човекот да размислува и оние кои требале човекот да го допрат длабокот за да размислува за потребата на верата. Црквата со сите средства се трудила да ја задржи положбата која ја имала. Сликарството во барокот го развивал односот на светлината и сенките и тежнеел кон развивање на динамика која потенцира силна гестикулација и движење. Најзначајни барокни сликари се Микеланџело Караваџо, Диего Веласкес, Петер Паул Рубенс, Рембрант ван Вијенс и др.

Скулптура

уреди

Во барокот скулптурите се одликуваат со вознемиреност, буен волумен, и длабока моделација поради која се појавува контрастот на светлината и сенките. Вајарските дела биле декорен детал насекаде - во внатрешноста на градбите, во црквите, во дворците и палатите и сл. По тематиката, најчесто се обработуваат теми од христијанството, но чести се и портретските скулптури како и надгробните скулптури.

Поезија

уреди

Ова движење нашло свој одраз и во литературата, посебно во поезијата. Во прво време се нарекува маринизам, а поезијата маринистичка. Маринистичките поети биле мајстори на својот занает, во изразот постигнувале непредвидена звучност, а сликовитоста и музикалноста на стиховите достигнувале врв. Се пишувале љубовни стихови, а доаѓаат до израз обидите да се опејат телесните убавини на девојката, детално опишување на женската убавина.

Влијание и значење

уреди

Српскиот поет Јован Дучиќ го нарекува барокот „убавина на бизарноста“.[1]

Наводи

уреди
  1. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 291.