Бас-гитара

жичен музички инструмент

Бас-гитара (или „бас“) , и акустичната и електричната, денес се користи како следечки инструмент, меѓутоа има неколку виртуози на бас гитара кои свират со неверојатна брзина и техника, подобро од некои гитаристи. Денес бас-гитарите се користат во повеќе музички правци отколку обичните гитари. Бас-гитарите се разликуваат од обичните гитари по тоа што жиците на бас-гитарата даваат звуци пониски за една октава. Поради непотребноста на највисоките две жици, бас-гитарите ги изгубиле нив и стандардно се произведуваат со четири жици (редослед E, A, D, G). Меѓутоа бројот на жици зависи од афинитетите на музичарот, во зависност кој стил на музика свири. Постојат петтожичени бас-гитари (редослед H,E,A,D,G) кои најчесто се користат во рок и метал музиката, а додека пак има варијации на петтожичените бас-гитари кои наместо петта жица имаат прва жица (E,A,D,G,C), што овозможува свирење на повисоки тонови од оние кои може да ги произведе стандардна петтожичена бас-гитара. Постојат пак и шестожичени бас-гитари кои ги содржат сите жици на петтожичените гитари (H,E,A,D,G,C) и се користат во сите правци на музиката, но многу ретко. Најдобрите басисти на сите времиња користеа четирижичени бас-гитари што докажува дека бројот на жици не игра многу важна улога во квалитетот на свирењето.

Електричeн „Warwick Streamer“ бас со пет жици

Најпознати производители

уреди

Најпознати басисти

уреди