Даниел Мартин (велосипедист)

ирски велосипедист

Даниел Џон Мартин (англиски: Daniel John Martin; р. 20 август 1986 во Бирмингем) — поранешен ирски професионален друмски велосипедист, кој професионално возел помеѓу 2008-2021 за екипите Канондејл-Гармин, Квик-Степ Флорс, ОАЕ Тим Емирати и Израел старт-ап нејшн.

Даниел Мартин
Мартин на Трката околу Британија 2016
Лични податоци
Цело имеДаниел Џон Мартин
Роден20 август 1986(1986-08-20)(38 г.)
Бирмингем, Англија,  Обединето Кралство[1]
Висина1,76 м[2]
Маса62 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2006–2007
2007
Ла Пом Марсеј
Слипстрим-Чипотл
Професионални клубови
2008–2015
2016-2017
2018-2019
2020-2021
Слипстрим-Чипотл
Етикс-Квик Степ
ОАЕ Тим Емирати
Израел старт-ап нејшн
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
2 поединечни етапи (2013, 2018)
Награда за борбеност (2018)
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2021)
Вуелта а Еспања
2 поединечни етапи (2011, 2020)

Етапни трки

Трка околу Полска (2010)
Волта а Каталуња (2013)
Рут ди Сид (2008)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2008)
Лиеж-Бастоњ-Лиеж (2013)
Џиро ди Ломбардија (2014)
Јапонски јуп (2010)
Тре Вали Варезине (2010)

Роден и пораснат во Англија, Мартин ја претставувал Ирска преку неговата мајка која била Ирка. Во текот на неговата кариера, Маргин настапил на две Олимписки игри и освоил етапи на Тур де Франс 2013 и на Тур де Франс 2018. Мартин, исто така, освоил етапи на Вуелта а Еспања во 2011 и во 2020, како и на Џиро д’Италија 2021.[3][4] Завршил меѓу првите 10 на пет големи трки, трипати на Тур де Франс и двапати на Вуелта а Еспања. Исто така го освоил генералниот пласман на Трката околу Полска 2010[5] и на Волта а Каталуња 2013.[6] На еднодневните трки го освоил Јапонскиот куп 2010, Тре Вали Варезине 2010, Џиро ди Тоскана 2011, Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2013 и Џиро ди Ломбардија 2014.[7]

Ран живот и аматерска кариера

уреди

Мартин е роден на 20 август 1986 во Бирмингем, Англија.[8] Мартин е син на Нил Мартин, поранешен британски професионален велосипедист и Марија Мартин (родена Роуш) од Ирска, сестра на победникот на Тур де Франс 1987, Стивен Роуш, татко на професионалниот велосипедист Николас Роуш.[9][10] Мартин станал британски национален јуниорски првак во 2004, меѓутоа во 2006, Мартин одлучил да вози за Ирска. Во 2007, се приклучил на француската аматерска екипа Вело-Клуб Ла Пом Марсеј, освојувајќи го планинскиот пласман на Ронде де л’Изар.

Професионална кариера

уреди

Рани години

уреди
 
Мартин на Критериум ду Дофине 2011

Мартин станал професионалец во 2008 со екипата Гармин-Чипотл-Х30. Тој постигнал брз успех со освојувањето на етапната трка Рут ду Суд и станал ирски национален друмски првак. Следната година, Мартин бил 35. на Светскиот ранкинг 2009 (со 137 бодови) на крајот на сезоната 2009 и возел на неговата прва голема трка, Џиро д’Италија 2009. Во 2010 ја освоил првата UCI ProTour етапна трка Трка околу Полска.[5] Овој настап му го донел 49. место таа година во Светскиот ранкинг, каде завршил со 106 бодови, кои ѝ помогнале на Ирска да биде на 17. место во националниот пласман (254 бодови).

2011 била неговата најдобра сезона досега. Тој ја освоил првата Гранд Тур етапа во текот на Вуелта а Еспања (Етапа 9) и исто така станал првиот Ирец, кој ја носел маичката во планинскиот пласман (имал водство на етапите 10 & 11).[3][11] Тој исто така освоил етапа на Трката околу Полска, но не успеал да ја одбрани титулата од минатата година. Високото второ место на завршната трка во сезоната, Џиро ди Ломбардија го довела Ден до највисокиот пласман во Светската турнеја на UCI на деветтото место со 286 бода, помагајќи ѝ на Ирска да дојде на 13. место во националниот пласман (319 бодови).

Иако немал победи во 2012, Мартин сè уште задржал висок пласман на Светската турнеја како 16. на крајот на сезоната со 196 бода.[12]

 
Мартин пред победата на Лиеж-Бастон-Лиеж.

Во 2013, Мартин заминал во бегство и победил на кралската етапа (етапа 4) на Волта а Каталуња 2013. Тоа било трета етапна победа на некоја трка од Светската турнеја.[13] Исто така со победата на етапата го преземал водството во генералниот пласман и го задржал до крајот на трката.[6] Во април победил на Лиеж-Бастон-Лиеж, поразувајќи го возачот на Катјуша Хоаким Родригес. Имал доволно време да ја прослави својата победа откако Шпанецот отпаднал на последното искачување и сам стигнал до целта.[7] Извонредната рана сезона за Мартин продолжила на Тур де Свис, каде завршил на осмото место во генералниот пласман.

Мартин бил избран да вози на Тур де Франс 2013 како еден од трите можни предводници на Гармин-Шарп заедно со Рајдер Хесједал и Ендру Талански. На осмата етапа, Талански и Мартин завршиле заедно, дванаесетти и тринаесетти.[14] Следниот ден, Мартин ја освоил деветтата етапа, откако се одвоил од водечката група со возачот на Астана Јакоб Фуглсанг на последното искачување.[15] Го поминал Фуглсанг во последниот километар за победа на етапата.[16] Мартин се искачил на осмото место во генералниот пласман со оваа победа.[17] Меѓутоа, Мартин се разболел во последната недела и на последните три планински етапи, паднал на 33. место во генералниот пласман.[18][19]

Ја заокружил сезоната 2013 со четврто место на Џиро ди Ломбардија[20] и второто место во генералниот пласман на Трката околу Пекинг[21], што му помогнало да се искачи на шестото место во последниот ранкинг на Светската турнеја.

Мартин завршил втор на Флеш Валон, зад Шпанецот Алехандро Валверде (Мовистар Тим). Мартин бил добро поставен на Лиеж-Бастон-Лиеж, но во последните двесте метри паднал; Австралиецот Сајмон Геранс (Орика-ГринЕЏ) победил на трката.

Главна цел на Мартин за сезоната му бил Џиро д’Италија, кој започнувал во Белфаст, Северна Ирска, Обединето Кралство. Меѓутоа, на воведниот хронометар, Мартин паднал, при што ја скршил клучната коска; подоцна ја напуштил трката.[22] Го прескокнал Тур де Франс за да се подготви подобро за Вуелта а Еспања; завршил седми во генералниот пласман.[23] Во октомври, Мартин победил на Џиро ди Ломбардија; нападнал во последниот километар и сам стигнал до целта, победувајќи со една секунда пред другите.[24] Мартин постигнал етапна победа и завршил на второто место во генералниот пласман на последната трка во сезоната, Трката околу Пекинг, а на крајот завршил деветти во поединечниот пласман на Светската турнеја.

Во март, Мартин стигнал до десетто место на Волта а Каталуња. Учествувал на Лиеж-Бастон-Лиеж, но бил достигнат од групата и морал да се откаже од надежите за победа на трката.[25] Учествувал на Тур де Романди (завршувајќи на 104. место) каде се пожалил на болка во градите, а по трката му било пронајдено дека имал две скршени ребра, како последица на падот во Лиеж.[26]

На единаесеттата етапа на Тур де Франс, Мартин имал триминутна разлика од бегството. Подоцна повел преку врвот на искачувањето. Меѓутоа, Рафал Мајка, дел од бегството, ја нападнал групата на Кол ду Турмале. Мартин стигнал на третото место. Сепак, ја освоил наградата за борбеност на етапата.

Во август 2015 година, во текот на учеството на Вуелта а Еспања, било најавено дека ќе потпише двегодишен договор со Етикс-Квик Степ почнувајќи од 2016 година, како засилување на екипата за арденските класици и учествувајќи како кандидат на етапните трки.[27]

Мартин имал успех на неговата прва трка со неговата нова екипа, освојувајќи ја втората етапа на Волта а ла Комунитат Валенсијана, негова прва победа по една година.[28] Имал уште една победа против силна група на Волта а Каталуња,[29] каде завршил трет во завршниот пласман.[30] Заминал во Белгија да настапи на арденските класици, каде негов најдобар резултат бил третото место на Флеш Валон.[31]

Прв позначаен резултат за Мартин во сезоната била етапната победа на Волта ао Алгарве.[32] Во април завршил втор зад Алехандро Валверде на обете трки, Флеш Валон 2017 и Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2017.[33][34] Во јуни, неговиот доцен напад на завршната етапа го довела до подиум, на третото место, на Критериум ди Дофине, претекнувајќи го Крис Фрум за една секунда.[35]

На Тур де Франс 2017, Мартин бил вклучен во пад со Ричи Порт на деветтата етапа. И покрај болката, завршил шести во генералниот пласман, а по етапата дознал дека имал два скршени пршлена.[36] Повредата го спречила да вози на Класика де Сан Себастијан 2017.

 
Мартин на Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2018

Во август 2017 година, Мартин објавил дека ќе се приклучи на ОАЕ Тим Емирати потпишувајќи двегодишен договор, почнувајќи од сезоната 2018.[37]

Сезоната ја започнал на Волта ао Алгарве.[38] Завршил четврти на втората етапа, губејќи ја спринтерската завршница со Михал Квјатковски,[39] а на крајот завршил на 14. место на трката.

На Париз-Ница, Мартин ја напуштил трката поради лошите временски услови и болест на седмата етапа,[40] Мартин на претходната етапа изгубил време поради механички проблем на неговиот велосипед.[41]

На Волта а Каталуња, Мартин заостанал на четвртата етапа, завршувајќи 1 минута и 29 секунди зад етапниот победник Алехандро Валверде, на 19. место.[42]

Првата победа во сезоната ја остварил на етапа на Критериум ди Дофине. На 12 јули, Мартин ја освоил втората етапа во кариерата на Тур де Франс со победа на шестата етапа на Тур де Франс 2018.[43][44]

Бил именуван за најборбен возач на Тур де Франс на цела трка.[45]

Во 2020 година, Мартин се приклучил на Израел старт-ап нејшн со двегодишен договор.[46]

Во 2020 година, Мартин го освоил петтото место на Флеш Валон, додека на Вуелта а Еспања завршил трет на секоја од првите две етапи, пред да ја освои третата етапа. На крајот завршил четврти во генералниот пласман.[4][47]

На 26 мај 2021 година ја освоил етапата 17 на Џиро д’Италија, со што освоил етапна победа на сите три големи трки.[48][49] На крајот на Џиро завршил на 10. место во генералниот пласман.[50]

Во септември 2021 година, Мартин објавил дека ќе се повлече од натпреварувањата на крајот на сезоната.[51]

Личен живот

уреди

Мартин го задржал двојното државјанство на Велика Британија и Ирска.[8] Откако станал професионалец, Мартин престојува во Жирона, Каталонија, Шпанија,[52] пред да се пресели во Андора во 2014 година.[53] Женет е со британската тркачка Џес Мартин.[54][55] Во септември 2018 година им се родиле близначки, Дејзи и Ела Мартин.

Достигнувања

уреди
2004
1.   Национално јуниорско друмско првенство
1.   Краен пласман Трка околу Велс за јуниори
2005
9. Краен пласман Ронд де л’Изар
2006
2. Национално друмско првенство под 23 години
2. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1. Етапа 6 (ITT)
6. Трофео Интернационале Бастијанели
8. Краен пласман Ронд де л’Изар
2007
1.   Краен пласман Тур де Савоја
1. Етапа 4
4. Краен пласман Ронд де л’Изар
5. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
9. Трофео Интернационале Бастијанели
2008
Национални друмски првенства
1.   Друмска трка
1.   Друмска трка под 23 години
1.   Краен пласман Рут ди Сид
4. Краен пласман Трка околу Британија
6. Рут Адели де Витре
8. Краен пласман ГП Кореиос де Португал
10. Краен пласман Волта а Португал
2009
2. Краен пласман Волта а Каталуња
3. Краен пласман Средоземна трка
1.   Пласман за млад возач
5. ГП Западна Франција
8. Џиро ди Ломбардија
2010
1.   Трка околу Полска
1. Етапа 5
1. Тре Вали Варезине
1. Јапонски куп
Тур Серис Ирска, Даблин
1. Критериум
1. Спринтови
2. Џиро дел’Емилија
3. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Трка Бриксија
2011
1. Џиро дела Тоскана
1. Етапа 9 Вуелта а Еспања
2. Национално друмско првенство
2. Краен пласман Волта а Каталуња
2. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 6
2. Џиро ди Ломбардија
3. Меморијал Марко Пантани
8. Светска турнеја на UCI
2012
2. Јапонски куп
4. Краен пласман Трка околу Пекинг
1.   Планински пласман
4. Краен пласман Волта а Каталуња
5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
6. Флеш Валон
2013
1.   Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 4
1. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
1. Етапа 9 Тур де Франс
2. Краен пласман Трка околу Пекинг
4. Џиро ди Ломбардија
4. Флеш Валон
6. Светска турнеја на UCI
8. Краен пласман Тур де Свис
2014
1. Џиро ди Ломбардија
2. Краен пласман Трка околу Пекинг
1. Етапа 4
2. Флеш Валон
3. Краен пласман Тур де л’Ен
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
9. Светска турнеја на UCI
2015
7. Краен пласман Критериум ди Дофине
7. Класика де Сан Себастијан
10. Краен пласман Волта а Каталуња
2016
1. Етапа 2 Волта а ла Комунитат Валенсијана
3. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 3
3. Флеш Валон
3. Краен пласман Критериум ди Дофине
9. Краен пласман Тур де Франс
10. Светска турнеја на UCI
2017
2. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
2. Флеш Валон
3. Краен пласман Париз-Ница
3. Краен пласман Критериум ди Дофине
5. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
6. Краен пласман Тур де Франс
6. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 2
6. Краен пласман Волта а Каталуња
8. Светска турнеја на UCI
2018
4. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Етапа 5
8. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 6
  Награда за борбеност на цела трка
9. Џиро ди Ломбардија
10. Краен пласман Тур де Романди
2019
2. Краен пласман Трка околу Баскија
4. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
5. Гран Пиемонт
7. Краен пласман Трка ОАЕ
8. Краен пласман Критериум ди Дофине
2020
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 3
4. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
5. Флеш Валон
2021
6. Џиро дел’Емилија
7. Краен пласман Трка околу Британија
10. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 17

Распоред на резултатите на етапните трки

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
  Џиро 57 СО 10
  Тур 35 33 39 9 6 8 18 41 40
  Вуелта 53 13 СО 7 СО СО 4
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
  Париз-Ница СО 69 3 СО
  Тирено-Адријатико 20 55 25
  Волта а Каталуња 24 2 2 4 1 16 10 3 6 38 23 НСО 25
  Трка околу Баскија 14 СО СО 11 СО 2
  Тур де Романди 58 14 104 10
  Критериум ди Дофине 32 33 106 7 3 3 4 8 СО
  Тур де Свис 8 НСО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Распоред на резултатите на класиците

уреди
Монумент 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
Милано-Санремо не настапил во текот на неговата кариера
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 118 99 58 5 1 39 СО 47 2 18 СО 11
Џиро ди Ломбардија 8 СО 2 16 4 1 52 48 9 18 38
Класик 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
Амстел Голд Рејс СО СО 75 СО 15 СО СО НСО
Флеш Валон 56 17 СО 6 4 2 СО 3 2 61 СО 5
Класика де Сан Себастијан 18 25 7 12 НСО
Класик Бретања 5 64 81 40

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

уреди
  1. Галагер, Брендан (28 август 2011). „Вуелта а Еспања 2011, етапа девет: Бредли Вигинс и Крус Фрум влегоа во борба за генералниот пласман“. Лондон: The Daily Telegraph. Посетено на 29 август 2011.
  2. 2,0 2,1 „Daniel Martin - UAE team Emirates“. Архивирано од изворникот на 30 January 2018. Посетено на 4 July 2019.
  3. 3,0 3,1 Кромвел, Џерард (29 август 2011). „Martin claims maiden Grand Tour stage victory in style“. Irish Independent. Посетено на 30 август 2011.
  4. 4,0 4,1 „Dan Martin wins Stage 3 of the Vuelta a Espana“. RTE. 22 October 2020. Посетено на 22 October 2020.
  5. 5,0 5,1 John MacLeary (8 August 2010). „Tour of Poland 2010: Dan Martin wins his maiden UCI ProTour stage race in Krakow“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group Limited. Посетено на 22 April 2013.
  6. 6,0 6,1 „Dan Martin reigns supreme in Catalunya“. RTE Sport. 24 март 2013. Посетено на 25 март 2013.
  7. 7,0 7,1 Браун, Грегор (21 април 2013). „Победата на Ден Мартин во Лиеж е остварување на сонот“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 21 април 2013.
  8. 8,0 8,1 „Профил на Даниел Мартин“. Cycling Weekly. IPC Media. 29 август 2011. Посетено на 19 јули 2013.
  9. Мекграт, Енди (30 декември 2011). „Dan Martin looking for more success in 2012“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 19 јули 2013.
  10. „Roche expects big things for Dan Martin in Tour de France“. Cyclingnews.com. Future plc. 25 јуни 2013. Посетено на 19 јули 2013.
  11. „Gutsy Vuelta stage win for Martin“. RTÉ Sport. 28 август 2011. Посетено на 30 август 2011.
  12. „Тим Гармин-Шарп-Баракуда го претстави составот за 2013“. Гармин-Шарп. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 28 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-02. Посетено на 6 јануари 2013.
  13. „Ден Мартин победи на кралската етапа на Каталуња“. Cycling News. 21 март 2013. Посетено на 25 март 2013.
  14. „Tour de France 2013: Dan Martin wins stage nine — as it happened“. Guardian. 7 јули 2013. Посетено на 8 јули 2013.
  15. „Stage 9 as it happened“. BBC Sport. 7 јули 2013. Посетено на 8 јули 2013.
  16. Рајан, Бери (7 јули 2013). „Martin victorious in Bagnères-de-Bigorre“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 7 јули 2013.
  17. „Dan Martin surges to victory in mountains as Team Sky flounder“. Guardian UK. 7 јули 2013. Посетено на 8 јули 2013.
  18. „Dan Martin's Diary, Stage 18: Everything changes when you are sick“. Ден Мартин. 19 јули 2013. Посетено на 19 јули 2013.
  19. Шејн Стоукс (20 јули 2013). „Dan Martin 'in survival mode,' aiming simply to make it to Paris“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 20 јули 2013.
  20. Бен Аткинс (8 октомври 2013). „Irishman hoping to take the "opportunity" to meet a real panda after Liège final kilometre“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 24 октомври 2013.
  21. О’Шеа, Садб (14 октомври 2013). „Мартин задоволен со второто место на Трката околу Пекинг“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 октомври 2013.
  22. Fotheringham, William (9 мај 2014). „Daniel Martin's homecoming ends abruptly on Giro time trial in Belfast“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на 2 јуни 2014.
  23. „14 септември 21 етапа: Сантјаго де Компостела (ITT) 9,7 км“. Cyclingnews.com. Future plc. 14 септември 2014. Посетено на 5 октомври 2014.
  24. Пит Косинс (5 октомври 2014). „Мартин победи на Џиро ди Ломбардија“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 5 октомври 2014.
  25. Најџел Вин (26 април 2015). „Алехандро Валверде победи на Лиеж-Бастон-Лиеж 2015“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 26 април 2015.
  26. „News shorts: Astana respond to reasoned decision“. Cyclingnews.com. Future plc. 6 мај 2015. Посетено на 6 мај 2015.
  27. Кларк, Стјуарт (28 август 2015). „Етикс-Квик-Степ потпиша двегодишен договор со Ден Мартин“. Cycling Weekly. Посетено на 28 август 2015.
  28. „Dan Martin gains confidence with early season victory“. cyclingnews.com. 4 февруари 2016. Посетено на 28 март 2016.
  29. „Dan Martin soars to mountain top win in Volta a Catalunya“. cyclingnews.com. 23 март 2016. Посетено на 28 март 2016.
  30. Фотерингем, Аласдер (27 март 2016). „Quintana wins Volta a Catalunya“. cyclingnews.com. Посетено на 28 март 2016.
  31. Стоукс, Шејн (20 април 2016). „Даниел Мартин заврши трет на Флеш Валон“. irishtimes.com. Посетено на 22 мај 2016.
  32. „Stage 2 Individual Standings“. Classificações.net (португалски). Classificações. 16 февруари 2017. Посетено на 1 август 2017.
  33. Рајан, Barry (1 август 2017). „Valverde wins his record fifth Fleche Wallonne“. Cyclingnews.com. Посетено на 1 август 2017.
  34. „Liege-Bastogne-Liege: Alejandro Valverde wins after tributes for Scarponi“. BBC Sport. BBC. 23 април 2017. Посетено на 1 август 2017.
  35. „Jakob Fuglsang wins Criterium du Dauphine“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 11 јуни 2017. Посетено на 1 август 2017.
  36. „Dan Martin diagnosed with two fractured vertebrae after Tour de France top 10“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 27 јули 2017. Посетено на 1 август 2017.
  37. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име UAE.
  38. https://www.irishtimes.com/sport/other-sports/roche-and-martin-lay-out-early-season-programmes-1.3345297?mode=amp
  39. http://www.the42.ie/dan-martin-volta-ao-algarve-3854357-Feb2018/
  40. „Dan Martin among mass of riders abandoning Paris-Nice in bad weather conditions“. 10 март 2018.
  41. „Irish cyclist Dan Martin loses time on Paris-Nice stage 6“. www.stickybottle.com.
  42. „Dan Martin fails to keep second Volta a Catalunya hopes alive“.
  43. „Dan Martin wins stage six of the Tour de France 2018 – as it happened“. Guardian. 12 јули 2018. Посетено на 13 јули 2018.
  44. „Ireland's Dan Martin wins Tour de France stage with perfectly-timed attack“. Irish Examiner. 12 јули 2018. Посетено на 13 јули 2018.
  45. „Geraint Thomas on the verge of Tour de France victory“. The Irish Times (англиски). Посетено на 28 јули 2018.
  46. Farrand, Stephen; Malach, Pat (16 September 2019). „Israel Cycling Academy poised to buy out Katusha to secure place in 2020 WorldTour“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 December 2019.
  47. „Official classifications of Vuelta a España 2020“. Вуелта а Еспања. Amaury Sport Organisation. Посетено на 22 October 2020.
  48. „Ireland's Dan Martin wins stage 17 of the Giro D'Italia“. The 42. 26 May 2021. Посетено на 27 May 2021.
  49. „Giro d'Italia: Bernal finally shows fallibility as Martin wins stage 17“. Guardian. 26 May 2021. Посетено на 27 May 2021.
  50. „Rankings in the Giro d'Italia 2021“. Џиро д’Италија. RCS Sport. Посетено на 30 May 2021.
  51. Ostanek, Daniel (3 September 2021). „Dan Martin announces retirement at the end of 2021“. cyclingnews.com. Посетено на 19 September 2021.
  52. „Ден Мартин во Гармин-Шарп“. Гармин-Шарп. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 1 јануари 2014. Архивирано од изворникот на 2013-11-27. Посетено на 4 јануари 2014.
  53. Martin, Dan (12 July 2021). „Dan Martin's Tour de France diary: 'I have rarely seen storm damage like it in Andorra'. independent.ie. Посетено на 19 September 2021.
  54. Фордис, Том (21 мај 2016). „Jess Andrews wins British 10,000m title as Jo Pavey falters“. bbc.co.uk. Посетено на 22 мај 2016.
  55. „23/01/17 Weekend Update“. British Athletics. UK Athletics Limited. 23 јануари 2017. Посетено на 18 февруари 2017.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди