9 август — 221-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (222-и во престапна година). Остануваат 144 денови до крајот на годината.

<< август >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
2024

Настани

уреди
 
Царот Хирохито сликан во Кјото, 1928
 
Квин (1984)

Настани:

681  По победата над Византиските војски на царот Константин IV, Аспарух го формирал канството Бугарија на јужниот брег од делтата на Дунав, со престолнина во Плиска.
1173  Започнала изградбата на ѕвоникот на катедралата во Пиза, кој подоцна ќе стане Кривата кула во Пиза.
1842  Потпишан е договорот за источниот дел од границата помеѓу САД и Канада, односно помеѓу државата Мејн од САД и провинциите Квебек и Њу Бранзвик од Канада, со што се окончани долгогодишните погранични судири.
1930  Бети Буп за првпат се појавува на малите екрани во цртаниот филм Чинии со вртоглавица (англ. Dizzy Dishes).
1942  Махатма Ганди е уапсен во Бомбај од страна на британските сили. Започнува движењето Напуштете ја Индија!.
1945  Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки, кој беше урнат до темел. Притоа, загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа повредени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито ја објави безусловната капитулација на Јапонија.
1969  Членовите на кланот на Чарлс Менсон, во Лос Анџелес, убиваат шест луѓе, меѓу кои и бремената глумица Шерон Тејт, сопруга на полскиот режисер Роман Полански.
1986  Во Књуборт Парк, Стивенејџ, Велика Британија ја гледа последната жива изведба на рок групата Квин со нивниот пејач Фреди Меркјури.

Родени:

1386  Хенри Vанглиски крал.
1631  Џон Драјденанглиски поет.
1776  Амадео Авогадроиталијански хемичар.
1861  Џон Вилијам Годварданглиски неокласичен академски сликар.
1883  Панко Брашнаров — македонски комунист.
1912  Бојан Адамич - словенечки композитор.
1931  Марио Загало — бразилски фудбалер и тренер.
1938  Род Лејверавстралиски тенисер.
1938  Леонид Кучма — вториот украински претседател.
1939  Романо Продииталијански премиер и претседател на Европската Комисија.
1942  Џек Диџонет — американски џез-музичар.
1943  Кен Нортон — американски боксер.
1945  Ваит Насуфи — македонски писател.
1947  Рој Хоџсон — англиски фудбалер и тренер.
1953  Жан Тирол — француски економист, добитник на Нобеловата награда.
1963  Витни Хјустонамериканска пејачка и глумица.
1971  Андреј Кабанов — руски кануист-спринтер .
1972  Хуанес — колумбиски поп пејач.
1973  Филипо Инѕаги — италијански фудбалер.
1982  Тајсон Геј — американски атлетичар.
1985  Филипе Луис — бразилски фудбалер.
1986  Роберт Кишерловски — хрватски велосипедист.
1988  Мијушко Бојовиќ — црногорски фудбалер.
1988  Вилијан — бразилски фудбалер.

Починале:

916  Свети Климент Охридски — родоначалник на словенската книжевност и на црковното беседништво, прв оригинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот и заштитник на Охрид. Роден е во Охрид, околу 840 година.
1048  Дамас IIримски папа.
1919  Руџеро Леонкавалоиталијански композитор.
1921  Јован Атанацковиќ — српски генерал.
1962  Херман Хесегермански писател, добитник на Нобеловата награда за литература.
1995  Џери Гарсија — американски рок-музичар, член на групата „Грејтфул дед“ (Grateful Dead).
2008  Махмуд Дарвиш — палестински поет.
2019  Фахрудин Јусуфи — југословенски фудбалер.