Одоакар на германски, на латински Flavius Odovacаr, Odovacеr или Fl. Odovac ,[1] (* околу 433; † вероватно на 15. март 493 во Ravenna) бил еден западно римски официр кој го срушил Западното Римско Царство. На 4 септември 476 година[2] го симнал од престолот последниот западноримски цар Ромул Августул и станал првиот варварски крал на Италија, иако формално ја признавал власта на византискиот цар.

Падот на Западното Римско Царство уреди

Формален владетел на Западното Римско Царство бил Орест, чиј син Ромул Августул бил малолетен. Тој одбил да им додели земја на Херулите и на другите германски платеници, што довело до бунт на варварските платеници под водство на Одоакар. Тие брзо ја зазеле Равена, која била седиште на царот уште од 402 година.

Потпаѓање под Византија уреди

 
Солидот на Одоакар искован во име на царот Зенон. Парите ја потврдуваат формалната власт на Зенон над Одоакар.

По симнувањето од престолот на Ромул Августул, Одоакар имал избор или да владее преку некој цар, кого би го контролирал, или да владее како клиент на византискиот цар. Одлучил формално да му ја врати царската власт на византискиот цар Зенон во Цариград. Царот Зенон го прогласил за воен командант (dux) на Италија и го ставил меѓу патрициите. Одоакар ковал златници во име на Зенон, со што покажувал дека ја почитува формалната власт на Византија. До 480 г. Јулиј Непот му бил формално легитимно надреден, а од 480 г. Одоакар се нарекува крал на Италија.

Војната со Остроготите уреди

Односите меѓу Одоакар и Византија се влоѓувале, најмногу поради тоа што Одоакар не се држел според постигнатите договори. Во 489 г. царот Зенон ги повикал Остроготите и Теодорих Велики да му помогнат, и тие се согласиле, и по 4-годишно војување, во 493 г. Одоакар ја изгубил Равена. Теодорих Велики го повикал на вечера и при тоа лично го убил со меч, па го презел целото кралство.

Наводи уреди

  1. Предлошка:AE, на неговите парички со името Fl. Odovac, Odovacar rex во една повеља од година 489 (PDF; 4,2 MB).
  2. Odoacer (c. 433–493), The Free Dictionary Архивирано на 9 август 2011 г. (анг.)