Пакистан
Исламската Република Пакистан — држава во Јужна Азија. На југ излегува на Арапското Море, на запад се граничи со Иран и Авганистан, на исток со Индија, а на североисток со Кина. Главен град е Исламабад.
Исламска Република Пакистан اسلامی جمہوریۂ پاكستان (урду) Islāmī Jomhuri-ye Pākistān |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: اتحاد، تنظيم، يقين محکم Ittehad, Tanzim, Yaqeen-e-Muhkam (Urdu) "Единство, дисциплина и вера" |
||||||
Химна: „Кауми тарана“ |
||||||
Главен град | Исламабад 33°40′N 73°10′E / 33.667° СГШ; 73.167° ИГД | |||||
Најголем град | Карачи | |||||
Службен јазик | урду, англиски | |||||
Други јазици | пенџапски, паштунски, синдски, сераики, | |||||
Демоним | Пакистанец | |||||
Уредување | Полупретседателски систем, сојузна исламска република | |||||
• | Претседател | Ариф Алви | ||||
• | Премиер | Анваар ул Хак Какар (Привремен) | ||||
• | Претседател на Сенатот | Садик Санџрани | ||||
• | Претседател на Народното собрание | Раџа Перваиз Ашраф | ||||
• | Врховен Судија | Кази Фаез Иса | ||||
Основање | ||||||
• | Независност | од Обединетото Кралство | ||||
• | Обајвена | 14 август 1947 | ||||
• | исламска република | 23 март 1956 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 803,940 км2 (36-та) | ||||
• | Вода (%) | 3.1 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2023 г. | 241,499,431[1] | ||||
• | Густина | 273.8 жит/км2 (56-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупен | $1.568 Трилиони[2] (24-та) | ||||
• | По жител | $6,773[2] (138-ма) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупно | $340.636 милијарди[2] (46-та) | ||||
• | По жител | $1,471[2] (161-ва) | ||||
Џиниев коеф. (2018) | 31.6[3] среден |
|||||
ИЧР (2022) | ▬ 0.544[4] низок · 161-ва |
|||||
Валута | Пакистанска рупија (PKR ) |
|||||
Часовен појас | PST (UTC+5) | |||||
• | (ЛСВ) | PDT (UTC+6) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .pk | |||||
Повик. бр. | 92 |
Независност стекнува на 14 август 1947 година, како Доминион Пакистан. На 23 март 1956 година се преименува во Исламска Република Пакистан. До 1971 година во нејзин состав е и денешен Бангладеш, дотогаш познат како Источен Пакистан.
На 12 октомври 1999 година генералот Первез Мушараф доаѓа на власт преку воен удар. Подоцна ја презема функцијата претседател на државата и се наоѓа на власт до 2008 г.
Етимологија на име
уредиИмето на Пакистан значи „земја на чистите“ на урду и персиски јазик. Името е создадено во 1934 од Чоудари Рахма Али, што го објавил ова во неговиот памфлет „Сега или Никогаш“. Името претставува „30 милиони муслимани од Пакистан кои живеат во петте единици на британската колонија — Пенџаб, Авгана, Кашмир, Синд и Белочистан.
Историја
уредиГеографија и клима
уредиПакистан опфаќа облст од 803.940 км2. Источниот Регион на Пакистан се наоѓа на индиската тектонска плоча, западните и северните региони се наоѓаат на евроазиската тектонска плоча. Пакистан има 1.046 километри долга поморска граница на Арабиското Море, додека вкупната земјена граница брои 6.774 километри. Пакистан географски е разновидна земја. На југ се наоѓаат долини и рамнини, песокливи плажи и пријатна клима, додека на северот се наоѓа ланецот Хималаи со врвови високи над 8.000 метри. Пакистан брои околу 108 планински врвови со преку 7.000 метри и пет врвови со преку 8.000 метри (К2 и Нанга Парбат). Реката Инд тече низ Пакистан. Северниот дел на земјата е многу привлечно туристичко место и Мека за планинари. Западно од Инд се наоѓа покраината Белуџистан со сува клима и зелени долини, додека на исток се песочните дини и пустината Тар во областа Тарпаркер. [[Податотека:Tvrdjava Tar.jpg|200п|мини|лево|Тврдина околу градот кој се наоѓа во пустината Тар (на урду تھرپارکر) во јужната покраина Синд е седма по големина и единствената плодна пустина во светот.
Климата варира заедно со географијата. Стидените зими и топлите лета доминираат на северот, додека благата клима доминира на југот. Во централните делови не е реткост во летните месеци живата да е над 45-{°C}-, а во зимските месеци да е под нулата. Во текот на доцните месеци од летната сезона, непредвидливите монсунски ветрови можат да донесат од 250 милиметри до 1.250 милиматри дожд.
Политички систем
уредиСпоред уставот од 10.4.1973 г.(привремено суспендиран поради државниот удар извршен на 12.10.1990 г.) Пакистан е федеративна исламска република. Право на глас имаат сите пакистански државјани со возраст над 18 години.
Претседателот на републиката го избира изборен колегиум на секои пет години, кој е составен од членови на двата дома на Сојузниот парламент и парламентите на четирите покраини; претседателот на републиката може да биде избран само еднаш. Тој задолжително треба да биде муслиман на возраст над 45 години. Тој е извршител на извршната власт, на сојузно ниво , а власта ја спроведува заедно со владата. Во одредени случаи може да ги распушти Националното собрание и Владата и да прогласи вондредна состојба. Дводомниот парламент е составен од Национално собрание и Сенат. Националното собрание (Majlis-e Shoora) има 342 пратеници, кои се избираат на општи избори на пет години според мнозински систем; две места се резервирани за жени, а десет пратеници се избираат од немуслиманското население.
Сенатот има сто членови. тие ги избираат парламентите на покраините, како и претставници на племенските области и на главниот град.
Административна поделба
уредиПакистан е сојузна држава составена од 4 покраини, престолнинската територија и од племенските територии на СЗ. На чело на покраините се наоѓаат управници, кои ги именува претседателот на републиката. Покраините имаат сопствена законодавна (на општи избори избран еднодомен покраински парламент) и извршна власт. Племенските области се под непосредна управа на сојузната влада, но одделни племенски заедници имаат голема самоуправа. Под непосредна управа на сојузната влада се наоѓаат и т.н Северни територии (Гилгит, Дијамар и Балтистан).
Посебен статус имаат и западните делови на Кашмир, кои во 1947 г. ги окупира пакистанската војска. Статусот на територијата останува спорен, бидејќи во резолуцијата на ООН се бара за идниот статус на Качмир да речи населението на референдумот. Западен Кашмир има сопствен Парламент и Влада со седиште во Музафарабад.
- Покраини
- Територии
Стопанство
уредиПо поделбата на Британската Индија (1947 г.), пакистанското стопанство остана без поранешните стопански центри(на пр. Бомбај и Калкута), а со заминувањето на Индусите загуби голем дел и од образовната работна сила. Поради напрегнатите односи со Индија, Пакистан постојано го оптоваруваат големи давачки за војската, а проамериканската насоченост во времето на Студената војна му донесе значителна странска помош. Пакистанското стопанство се заснова, пред се, на приватниот сектор (освен во времето на З.А.Буто). Тоа имаше и недостатоци, особено натрупувањето на капиталот во рацете не неколку богати семејства, големата задолженост на државата поради малите буџетски приходи (земјоделсвото е речиси ослободено од плаќање на даноци) и во врска со тоа, малите инвестиции во инфраструктурата и образованието и многу раширената „црна“ и „сива“ економија.
Население, јазик и религија
уредиБр. | Покраина | Нас. | Бр. | Покраина | Нас. | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Карачи Лахор |
1 | Карачи | Синд | 14,916,456 | 11 | Бахавалпур | Панџаб | 762,111 | Фејсалабад Равалпинди |
2 | Лахор | Панџаб | 11,126,285 | 12 | Саргода | Панџаб | 659,862 | ||
3 | Фејсалабад | Панџаб | 3,204,726 | 13 | Сијалкот | Панџаб | 655,852 | ||
4 | Равалпинди | Панџаб | 2,098,231 | 14 | Сукур | Синд | 499,900 | ||
5 | Гујранвала | Панџаб | 2,027,001 | 15 | Ларкана | Синд | 490,508 | ||
6 | Пешавар | Хајбер-Пахтунва | 1,970,042 | 16 | Шеикхупура | Панџаб | 473,129 | ||
7 | Мултан | Панџаб | 1,871,843 | 17 | Рахијар Хан | Панџаб | 420,419 | ||
8 | Хајдерабад | Синд | 1,734,309 | 18 | Џанг | Панџаб | 414,131 | ||
9 | Исламабад | Престолнинска територија | 1,009,832 | 19 | Дера Гази Хан | Панџаб | 399,064 | ||
10 | Квета | Белуџистан | 1,001,205 | 20 | Гуџрат | Панџаб | 390,533 |
Спрема пописот од 1998 година, 96,3% од населението на Пакистан се изјаснило како припадници на исламот, 2% како индуисти и 1,7% како христијани.
Култура во Пакистан
уредиМузика во Пакистан
уредиСпорт во Пакистан
уредиНаводи
уреди- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеref1
. - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Pakistan“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
- ↑ „GINI index (World Bank estimate)“. World Bank. Посетено на 28 February 2017.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ https://www.citypopulation.de/Pakistan-100T.html
Надворешни врски
уредиПоврзано
уредиОваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |