Ван Морисон

музичар од Северна Ирска

Ван Морисон (анг: Van Morrison ; роден како Џорџ Ајван Морисон (George Ivan Morrison) на 31 август 1945)[2] — пејач, музичар и текстописец од Северна Ирска.

Ван Морисон
Морисон на настап во 2015
Животописни податоци
Родено имеЏорџ Ајван Морисон
Познат(а) и какоVan the Man
Каубојот од Белфаст (The Belfast Cowboy)
Лавот од Белфаст (The Belfast Lion)
Роден(а)31 август 1945(1945-08-31)(78 г.)
Белфаст, Северна Ирска
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • музичар
Инструменти
  • Вокал
  • гитара
  • армоника
  • саксофон
Период на активност1958–денес
Издавачи
Мреж. местоvanmorrison.com

Морисон својата кариера ја започнал во 1950-тите, кога уште како тинејџер свирел на различни инструменти, како гитара, хармоника, клавијатури и саксофон во различни ирски шоугрупи кои ги пееле популарните хитови од тоа време. Неговите обожаватели го нарекуваат „Van the Man“.[3] Својата популарност Морисон ја стекнал кон средината на 1960-тите како фронтмен на северноирската ритам и блуз група Them, со која ја напишал и отпеал песната „Gloria“, која се смета за една од класиците на гаражниот рок.

Својата соло кариера ја започнал во 1967 година. Под водство на менаџерот Берт Бернс го објавил неговиот прв сингл „Brown Eyed Girl“ кој веднаш станал хит. По смртта на Бернс, Warner Bros. Records го откупил неговиот договор и на Морисон му дозволил три сесии за да го сними албумот Astral Weeks (1968).[4] Иако на почетокот слабо се продавал, албумот денес се смета за класика. [5] Со албумот Moondance (1970) Морисон веќе почнал да се вбројува меѓу истакнатите уметници,[6] а својата репутација ја надоградувал во текот на 1970-тите со низа пофалени албуми и многу настапи во живо.

Музиката на Морисон најчесто ги следи стандардите на соул музиката и раниот ритам и блуз. Подеднаков дел од неговиот музички каталог се состои од долги, духовно инспирирани музички патувања во кои се чувствува влијанието на келтската традиција, џезот и наративот за текот на свеста, што најмногу е изразено во албумот Astral Weeks.[7] [8] Комбинацијата на овие две струни понекогаш се нарекува „Келтска душа“,[9] а неговата музика се опишува како постигнување на „еден вид насилна трансценденција“.[10]

Албумите на Морисон добро котирале во Ирска и во Обединетото Кралство. Над 40 негови песни се нашле на британската топ-40 листа. Во четири последователни децении неговите албуми се пласирале во топ-10 листата за албуми во ОК.[11] Осумнаесет негови албуми се пласирале во топ-40 во САД, дванаесет од нив во периодот од 1997 до 2017 година.[12] И откако наполнил 70 години во 2015 година, тој издава – во просек – повеќе од еден албум годишно.

Морисон има добиено две Греми награди,[13] Британска музичка награда за исклучителен придонес во музиката во 1994 година, како текстописец во 2017 година ја добил Наградата за животно дело во музиката од Американа, а примен е и во Куќата на славата на рокенролот и во Куќата на славата на текстописците. Во 2016 година, за придонесите за музичката индустрија и туризмот во Северна Ирска бил прогласен за витез.[14] [15]

Дискографија

уреди
  • Blowin' Your Mind! (1967)
  • Astral Weeks (1968)
  • Moondance (1970)
  • His Band and the Street Choir (1970)
  • Tupelo Honey (1971)
  • Saint Dominic's Preview (1972)
  • Hard Nose the Highway (1973)
  • It's Too Late to Stop Now (1974; live)
  • Veedon Fleece (1974)
  • A Period of Transition (1977)
  • Wavelength (1978)
  • Into the Music (1979)
  • Common One (1980)
  • Beautiful Vision (1982)
  • Inarticulate Speech of the Heart (1983)
  • A Sense of Wonder (1985)
  • No Guru, No Method, No Teacher (1986)
  • Poetic Champions Compose (1987)
  • Irish Heartbeat (In collaboration with The Chieftains) (1988)
  • Avalon Sunset (1989)
  • Enlightenment (1990)
  • Hymns to the Silence (1991)
  • Too Long in Exile (1993)
  • Days Like This (1995)
  • How Long Has This Been Going On (1995)
  • Tell Me Something: The Songs of Mose Allison (1996)
  • The Healing Game (1997)
  • Back on Top (1999)
  • You Win Again (2000)
  • Down the Road (2002)
  • What's Wrong with This Picture? (2003)
  • Magic Time (2005)
  • Pay the Devil (2006)
  • Keep It Simple (2008)
  • Born to Sing: No Plan B (2012)
  • Duets: Re-working the Catalogue (2015)
  • Keep Me Singing (2016)
  • Roll with the Punches (2017)
  • Versatile (2017)
  • You're Driving Me Crazy (2018)
  • The Prophet Speaks (2018)
  • Three Chords & the Truth (2019)
  • Latest Record Project, Volume 1 (2021)
  • What's It Gonna Take? (2022)
  • Moving On Skiffle (2023)
  • Beyond Words: Instrumental (2023)

Наводи

уреди
  1. Blueyed-soul singer sir Van Morrison Retrieved 21 June 2022
  2. Van Morrison biographyAllMusic (англиски)
  3. „Sir Van overjoyed at knighthood“. BBC News. 4 February 2016. Посетено на 26 August 2018.
  4. Turner (1993). pages 86 – 90
  5. „Van Morrison: Astral Weeks“. BBC Radio 6 Music. Посетено на 20 July 2021.
  6. Eskow, Gary (1 April 2005). „Classic Tracks: Van Morrison's Moondance“. Mix (magazine). Архивирано од изворникот на 19 April 2005. Посетено на 26 May 2009.
  7. „SHOF: Van Morrison biography“. Songwritersshalloffame.org. Архивирано од изворникот на 7 June 2011. Посетено на 7 July 2008.
  8. Ballon, John (28 December 2008). „Musthear review: Veedon Fleece“. Musthear.com. Архивирано од изворникот на 30 May 2001. Посетено на 18 May 2010.
  9. Празен навод (help)
  10. Hale, James. „Van Morrison: "The Healing Game (Deluxe Edition)". soundstageexperience.com. Посетено на 20 July 2021.
  11. „Van Morrison“. Officialcharts.com. Посетено на 21 June 2021.
  12. Празен навод (help)
  13. „Artist: Van Morrison“. National Academy of Recording Arts and Sciences. Посетено на 17 August 2017.
  14. Rayner, Gordon (13 June 2015). „Queen's Birthday Honours: Van Morrison knighted“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 10 January 2022. Посетено на 13 June 2015.
  15. „The Queen's Birthday Honours 2015“. Government of the United Kingdom. Посетено на 3 July 2018.

Надворешни врски

уреди