Карпалак

клисура во западна Македонија

Карпалак — месност односно клисура околу средината на автопатот Скопје - Тетово. Во непосредна близина се наоѓа планината Жеден. Селата околу Карпалак се со исклучително албанско население.

Автопатот „Мајка Тереза“ делница Скопје - Тетово во теснината-клисура Карпалак, каде се случи заседата на македонските бранители
Почнување на клисурата Карпалак

За време на воениот конфликт во 2001 година, месноста Карпалак за македонската јавност и пошироко стана позната откако на автопатот во заседа е нападнат армискиот конвој, при што подмолно и на кукавички начин се масакрирани десет војници од резервниот состав на АРМ. Настанот се случил надвор од воената зона. Припадниците на терористичката ОНА не само што ја изврши заседата, исто така го имаат минирано целиот автопат, но не успеаа да го дигнат автопатот во воздух и да го спречат доведувањето на единиците од Скопје за Тетово иако имаа подготвено и поставено 200 килограми експлозив.[1]

Причината што не успеаа е поради тоа што хеликоптерите беа во воздух за пратење на колоната тенкови и транспортери за планираната операција и за 10 - 15 минути отпочнаа со борбено дејство во реонот каде што беше организирана заседата и не успеаа да го активираат експлозивот. Подоцна, на позициите каде што беа терористите, пронајдени беа жиците за активирање на експлозивот и по нив беше пронајден експлозивот во каналот на автопатот веднаш деминиран, поставен во пропусниот канал под автопатот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Масакрот кај Карпалак беше местенка за рамковниот договор“. Јанко Бачев за mkd.mk. 9 август 2012. Архивирано од изворникот на 2012-11-03. Посетено на 2016-06-10.