Телстар е името на цела низа комуникациски сателити лансирани од НАСА во текот на 1960-тите, а подоцна 80-тите и 90-тите, вклучувајќи го и првиот воопшто комуникациски сателит Телстар-1 кој бил лансиран во 1962., и преку кој се остварени првите сателитски телевизиски преноси и телефонски разговори преку Атлантикот.

Првиот сателит Телстар-1 имал форма на топка, со сончеви плочи за производство на електрична енергија.

Експериментални сателити

уреди

Програмата Телстар била меѓународен експериментален проект на АТиТ, Бел Лаборатории, НАСА, Британските пошти и Франс телеком за развој на сателитски телекомуникациски врски преку Атлантикот. Покрај сателитите, кои ги лансирала НАСА, биле изградени и три земни комуникациски станици во САД, Британија и Франција.

Сателитите биле конструирани од Бел Лаборатории, имале сферична форма, обем од околу 88см и тежина од 77кг.[1]

Телстар-1 бил лансиран на 10 јули 1962, и првиот телевизиски пренос преку сателит бил остварен на 23 јули, а исто така преку него биле остварени и првите телефонски разговори, испратени податоци и факсови.

Телстар-1 станал жртва на Студената војна: неговата чувствителна електроника била непоправливо оштетена од зрачењето од јадрените проби во вселената што ги извршиле во 1963 година најпрво САД, а потоа и СССР.

Телстар-1 бил во функција до 21 февруари 1963., а потоа бил лансиран и Телстар-2, идентичен на Телстар-1, лансиран на 7 мај 1963. кој бил во функција до 16 мај 1965.

Технички недостатоци

уреди

За разлика од современите телекомуникациски сателити кои се геосинхрони, Телстар се движеле по елиптична орбита на висина помеѓу 1000 и 6000 километри над Земјата, и ротирале околу Земјата секои 2,5 часа. Преносите преку Атлантикот можеле да се вршат само во текот на 20 минути при секоја револуција.[2] Поради тоа, антените на земјата морале постојано морале постојано да ги следат, односно антената морала да се движи со брзина од 1,5 аглови степени во секунда, со грешка помала од 0,6 степени. Покрај тоа, поради мошне слабата предавателна моќ на сателитот, земните антени морале да бидат огромни: со пречник од околу 54м и тежина околу 380 тони, што го правело следењето на сателитот (движењето на антената) многу комплицирано.

Подоцнежни лансирања

уреди

Втората серија сателити Телстар биле за комерцијална намена: Телстар 301 во 1983, Телстар 302 во 1984 и Телстар 303 во 1985. Третата серија биле Телстар 401 во 1993 и Телстар 402 кој бил лансиран во 1994, но набрзо бил уништен.[3] Бил заменет во 1995 со Телстар 402Р, подоцна преименува во Телстар 4.

Телстар 10 бил лансиран во Кина во 1997 година.

Во 2003. биле лансирани Телстар 4-8 и 13, а во јуни 2004. Телстар 18.

Наводи

уреди
  1. Helen Gavaghan (1998). Something New Under the Sun: Satellites and the Beginning of the Space Age. Springer. ISBN 0387949143.
  2. An Introduction to Satellite Communications, page 3, D. I. Dalgleish, 1989
  3. SAT ND[мртва врска]