Јосип Јурановиќ

хрватски фудбалер

Јосип Јурановиќ (роден на 16 август 1995 г.) — хрватски професионален фудбалер кој игра како десен бек за германскиот бундеслигаш Унион Берлин и за репрезентацијата на Хрватска.

Јосип Јурановиќ
Јурановиќ во 2022 година
Лични податоци
Роден на 16 август 1995(1995-08-16)(29 г.)
Роден во Загреб, Хрватска
Висина 1.73 м[1]
Позиција Десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Унион Берлин Унион Берлин
Број 18
Младинска кариера
2004–2011 Дубрава Дубрава
2011 Кроација Сесвете Кроација Сесвете
2011–2013 Дубрава Дубрава
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013–2015 Дубрава Дубрава 36 (14)
2015–2020 Хајдук Сплит Хајдук Сплит 136 (3)
2020–2021 Легија Легија Варшава 28 (1)
2021–2023 Селтик Селтик 36 (4)
2023– Унион Берлин Унион Берлин 7 (2)
Репрезентација
2017– Хрватска Хрватска 29 (0)

Клупска кариера

уреди

Роден во Загреб, Јурановиќ поминал низ редовите на третолигашот Дубрава, со двомесечен престој во блиската академија на Кроација Сесвете. Дебитирајќи за Дубрава во третата хрватска лига во сезоната 2012–13, тој за прв пат го привлекол вниманието кон себе со победата во хрватското издание на натпреварувањето „Nike Chance“ за аматерски играчи во 2014 година, добивајќи право да се натпреварува за место во академијата „Nike Academy“.[2] Неговите клупски настапи биле и понатаму забележителни, а од дел од медиумите бил прогласен за најдобар играч во есенскиот дел на третата хрватска лига - запад во сезоната 2014–15,[3][4] што го привлекло вниманието на Хајдук Сплит.

Откако потпишал трииполгодишен договор со Хајдук Сплит во почетокот на 2015 година, тој првично се приклучил на нивниот Б тим кој се натпреварувал во третата хрватска лига, но набрзо бил префрлен во првиот тим, во април 2015 година од страна на новиот тренер Горан Вучевиќ, и својот прв настап во првата хрватска лига го имал во поразот од 2–1 од Ријека.[5]

Во јуни 2018 година Јурановиќ бил избран во тимот на сезоната во хрватската прва лига за неговите настапи во сезоната 2017–18.[6]

Легија Варшава

уреди

На 31 јули 2020 година, Јурановиќ потпишал тригодишен договор со полскиот клуб Легија Варшава. Тој го постигнал својот прв гол за Легија во победата од 2–1 над Шлонск Вроцлав. Со клубот тој ја освоил титулата во полската Екстракласа на крајот од сезоната.

Селтик

уреди

Јурановиќ потпишал петгодишен договор со шкотскиот премиерлигаш Селтик вреден 2.5 милиони фунти во август 2021 година. И покрај тоа што најголем дел од својата професионална кариера го одиграл како десен бек, Јурановиќ заиграл како лев бек во почетоците во Селтик, вклучително во деби натпреварот против ривалите Ренџерс на Ајброкс. Тој ја преземал улогата на изведувач на пенали за Селтик во својата прва сезона, забележително постигнувајќи голови против Реал Бетис,[7] Бајер Леверкузен[8] и уште во три наврати во шкотската премиер лига. Во декември, тој бил дел од составот на Селтик кој ја освоил титулата во лига купот на Шкотска во победата над Хибернијан. Неговиот придонес во одбраната на Селтик му донело место во најдобриот тим на сезоната 2021–22 во шкотската премиер лига.[9]

На 6 септември 2022 година, Јурановиќ го одиграл својот прв натпревар во Лигата на шампионите, против Реал Мадрид на Селтик Парк.[10]

За време на Светското првенство 2022, Јурановиќ бил поврзуван со трансфер во редовите на Барселона, Атлетико Мадрид и Челси.[11] Шпекулациите се засилиле откако Селтик го ангажирал канадскиот интернационалец Алистер Џонстон од Монтреал, кој се сметал за потенцијална замена на Јурановиќ на позицијата десен бек.[12]

Унион Берлин

уреди

На 22 јануари 2023 година, Јурановиќ потпишал за германскиот бундеслигаш Унион Берлин за 7,5 милиони фунти, плус 2,5 милиони дополнителни бонуси.[13][14] Со овој трансфер Унион Берлин го срушил својот клупски рекорд за најскап трансфер, со што Јурановиќ станал најскапиот играч во историјата на германскиот клуб.[15]

Меѓународна кариера

уреди

На 14 јануари 2017 година, Јурановиќ го одиграл својот прв натпревар за хрватската репрезентација на пријателскиот турнир Кина куп 2017 против Кина.[16]

На 17 мај 2021 година, тој бил именуван во хрватскиот состав од 26 играчи за Европското првенство 2020. Тој одиграл два натпревари за својата репрезентација, и тоа во победата од 3–1 против Шкотска во групната фаза и против Шпанија во осминафиналето каде што Хрватска загубила со 5–3 и била елиминирана од турнирот.

На 9 ноември 2022 година, Јурановиќ бил именуван во хрватскиот состав од 26 играчи за Светското првенство 2022. Тој бил во почетниот состав на хрватската репрезентацијата во шест од седумте натпревари на првенството и со својата репрезентација го освоил бронзениот медал, откако Хрватска забележал победа од 2–1 против Мароко во натпреварот за третото место.

Успеси

уреди

Легија Варшава

Селтик

Хрватска

Индивидуални

  • Тим на годината во Првата хрватска лига: 2015,: 2017–18[6]
  • Тим на годината во Шкотскиот премиершип: 2021–22[20]

Наводи

уреди
  1. Јосип Јурановиќ на soccerway
  2. 2014.03.05. - Josip Juranović Jopa - pobjednik projekta Nike Chance 2014. at Dubrava official site
  3. POJAČANJE IZ TREĆE LIGE Josip Juranović iz Dubrave potpisuje za Hajduk: 'To je prilika života' Архивирано на 3 март 2016. Jutarnji List
  4. J. Juranović najbolji zagrebački amater: Još malo u Dubravi pa gore Архивирано на 4 март 2016. at Sportnews.hr
  5. Poljud: Hajduk-Rijeka 1:2 Hajduk Split official site
  6. 6,0 6,1 „Najbolji hrvatski igrač je Luka Modrić, a HNL-a Hilal Soudani!“. 24Sata (хрватски). 10 јуни 2018. Посетено на 27 јули 2021.
  7. Martin Watt (16 септември 2021). „Makeshift Celtic let a two-goal lead slip as they fell to defeat against Real Betis in a Europa League thriller“. BBC Scotland.
  8. Ron Walker (26 ноември 2021). „Bayer Leverkusen 3-2 Celtic: Moussa Diaby scores late winner to knock visitors out of Europa League“. Sky Sports.
  9. @PFAScotland (26 април 2022). „Your Premiership @PFAScotland Team of the Year“ (Tweet). Посетено на 10 мај 2022 – преку Twitter.
  10. UEFA.com. „Celtic-Real Madrid | Line-ups | UEFA Champions League 2022/23“. UEFA.com (англиски). Посетено на 2022-12-30.
  11. „Josip Juranovic: Chelsea, Barcelona interested in Celtic right-back“. Sky Sports (англиски). Посетено на 2022-12-30.
  12. „Alistair Johnston on Josip Juranovic encounter following Celtic move“. Glasgow Times (англиски). Посетено на 2023-01-04.
  13. „Josip Juranovic Signs for Union“. www.fc-union-berlin.de (англиски). Посетено на 2023-01-23.
  14. „Josip Juranovic transfer: Union Berlin complete signing of Croatia international from Celtic“. Sky Sports (англиски). Посетено на 2023-01-23.
  15. Унион Берлин сруши клупски рекорд и го доведе хрватскиот бек gol.mk; 22 јануари 2023
  16. 中国杯-95后救主 国足赢点球战5-4克罗地亚获第3. Sina (кинески). 2017-01-14. Посетено на 2017-01-14.
  17. „Dundee United 1–1 Celtic: Ange Postecoglou's side reclaim league title“. BBC Sport. 11 мај 2022. Посетено на 12 мај 2022.
  18. „Hibernian 1–2 Celtic“. BBC Sport.
  19. Smyth, Rob (17 декември 2022). „Croatia 2-1 Morocco: World Cup 2022 third-place playoff – as it happened“. the Guardian. Посетено на 17 декември 2022.
  20. @PFAScotland (26 април 2022). „Your Premiership @PFAScotland Team of the Year“ (Tweet). Посетено на 26 април 2022 – преку Twitter.

Надворешни врски

уреди