Париз

главен град на Франција
Оваа статија е за главниот град на Франција. За други значења видете Париз (појаснување).

Париз (француски: Paris) — главен град на Франција, а воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на реката Сена во северниот дел на Франција, во регионот Ил де Франс т.е. парискиот регион.

Париз
Paris
Надесно: Пирамида пред Лувр, Триумфалната порта, Дефанс, панорама на Париз на реката Сена и Ајфеловата кула - сликите водат кон соодветни статии
Надесно: Пирамида пред Лувр, Триумфалната порта, Дефанс, панорама на Париз на реката Сена и Ајфеловата кула - сликите водат кон соодветни статии
Знаме на ПаризГрб на Париз
Гесло: Fluctuat nec mergitur
(латински: „Брануван од брановите, но не потонува“)
Париз is located in Франција
Париз
Париз
Местоположба во регионот Ил-де-Франс
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Île-de-France" does not exist|270px|Париз во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Île-de-France" does not exist]]
Париз
Координати: 48°51′24″N 2°21′03″E / 48.8567° СГШ; 2.3508° ИГД / 48.8567; 2.3508
ЗемјаФранција
РегионИл де Франс
ДепартманПариз
Единици20 арондисмани
Управа
 • Градоначалник (2008–14) Бертран Делано (PS)
Површина1 [1]105,4 км2 (407 ми2)
 • Градска (2010)2.844,8 км2 (10,984 ми2)
 • Метро (2010)17.174,4 км2 (66,311 ми2)
Население (2010[2])22.243.833
 • Ранг1. во Франција
 • Густина2,100/км2 (5,500/ми2)
 • Градскo (Јан. 2009)10,413,386[3]
 • Метро (Јан. 2009)12,161,542[4][5]
Час. појасCET (UTC +1)
INSEE/Пошт. бр.75056 / 75001-75020, 75116
Мреж. местоwww.paris.fr
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Големината на градското подрачје е ограничено уште во 1860 година и поради тоа Париз е со константен број на население од околу 2.200.000 жители. Меѓутоа во поширокото градско урбано опкружување, живеат над 12 милиони жители и со тоа овој регион е еден од најнаселените региони во Европа, по регионите околу Москва и Лондон.

Париз веќе неколку столетија наназад има значење за економијата, културата, политиката, образованието, уметноста и науката во светот. Во најново време Париз е и седиште на високата мода, модните брендови, како и луксузот и естетиката на живеењето.

Според податоците од 2005 година,[6][7] Париз од градовите во Европа е со најразвинена економија и највисок БДП. Париз и парискиот регион со 534 милијарди € (2007) учествува со четвртина од вкупниот БДП на Франција. Во Париз се сместени и работат 37 од 500-те најголеми компании во светот според списокот Fortune Global 500.

Во Париз се сместени и многу меѓународни организации како УНЕСКО, Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Меѓународната комора за трговија (ICC), како и неформалниот Париски клуб, додека пак во еден период тука било сместено и седиштето на НАТО.

Со годишна бројка од над 45 милиони туристи Париз е најпосетуваниот град во светот, како резултат на многубројните културни, историски и уметнички знаменитости, како и поради парковите и други атракции во градот. Поради тој факт Париз се нарекува и град на светлината или најромантичниот град во светот.

Потекло на поимот

уреди

Денешното име на Париз потекнува од старите жители што живееле на тој простор -Пинтерското племе и Ризкото племе. Градот бил наречен Лангезим (или поточно Langе Ziorum)во текот на првите шест века под окупација на Римското Царство. Името на градот го менува Јулијан Отпадникот (1703-1759) во сегашното име Париз. Некои научници сметаат дека името на племето Пинтерското племе потекнува од келтско-галаски збор пинтер - „pinteresio“, што во превод значи „богата земја“ или “богатства“.Затоа можеме да кажеме дека Франција е позната по градот Париз. од До раниот 20 век, Париз бил познат и по името Панам (на француски: Paname) во францускиот жаргон (File:ltspkr.pngMoi j'suis d'Paname, т.е "Јас сум од Панам"),јас сум панам.

Географија

уреди

Градот Париз е сместен на реката Сена. На реката се наоѓаат и два острова во самиот центар на градот, еден помал островот Сен-Луј и другиот поголем островот Ил-де-ла-Сите, кој воедно претставува и атракција за туристите, бидејќи на него се наоѓа познатата Богородична црква, (Нотр-Дам) и мостот Понт-Неф (Новиот мост), кој денес впрочем е најстариот мост на реката Сена, изграден уште во 1607 година. Најниската точка на градот е на 35 метри надморска височина, додека највисоката е 130 метри надморска височина (ридот Монмартр).

Надвор од Париз постојат два големи парка и тоа, Булоњската шума и Винсенската шума. Тие зафаќаат површина од 86,92 км2. Во 1929 година двете шуми официјално биле споени со градот.

Клима

уреди

Париз има океанска клима и е под влијание на атлантската струја и тоа доведува да нема некои големи температурни разлики во текот на годината.

Париз има релативно топли лета со просечна највисока температура од 25 °C (77 °F) и просечна најниска температура од 15 °C (59 °F). Зимите се студени, меѓутоа без поголеми минусни температури, со просечни температури од 3 °C (37 °F) до - 8 °C (46 °F). Пролетните и есенските денови се претежно со блага температура и со умерени студени ноќи. Врнежите се чести во текот на целата година и често може да дојде до ненадејни врнежи во текот на денот. Годишниот просек на врнежи е 642 mm/m2. Снегот е релативно ретка појава во Париз.

Највисоката температура некогаш измерена во Париз е 40.4 °C (105 °F), измерена на 28 јули 1948, додека најниската била −23.9 °C (−11 °F), изнерена на 10 декември 1879. Париз годишно просечно има околу 1789 сончеви часови, најмогу сонце има во јули, просечно по 240 часа месечно, а најмалку во декември 53 сончеви часа месечно.

Климатски податоци за Париз (парк „Монсури“), 1981–2010
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 16.1
(61)
21.4
(70.5)
25.7
(78.3)
30.2
(86.4)
34.8
(94.6)
37.6
(99.7)
40.4
(104.7)
39.5
(103.1)
36.2
(97.2)
28.4
(83.1)
21
(70)
17.1
(62.8)
40.4
(104.7)
Прос. висока °C (°F) 7.2
(45)
8.3
(46.9)
12.2
(54)
15.6
(60.1)
19.6
(67.3)
22.7
(72.9)
25.2
(77.4)
25.0
(77)
21.1
(70)
16.3
(61.3)
10.8
(51.4)
7.5
(45.5)
16.0
(60.8)
Сред. дневна °C (°F) 5.0
(41)
5.6
(42.1)
8.8
(47.8)
11.5
(52.7)
15.3
(59.5)
18.3
(64.9)
20.6
(69.1)
20.4
(68.7)
16.9
(62.4)
13.0
(55.4)
8.3
(46.9)
5.5
(41.9)
12.5
(54.5)
Прос. ниска °C (°F) 2.7
(36.9)
2.8
(37)
5.3
(41.5)
7.3
(45.1)
10.9
(51.6)
13.8
(56.8)
15.8
(60.4)
15.7
(60.3)
12.7
(54.9)
9.6
(49.3)
5.8
(42.4)
3.4
(38.1)
8.5
(47.3)
Најниска забележана °C (°F) −14.6
(5.7)
−14.7
(5.5)
−9.1
(15.6)
−3.5
(25.7)
−0.1
(31.8)
3.1
(37.6)
6
(43)
6.3
(43.3)
1.8
(35.2)
−3.1
(26.4)
−14
(7)
−23.9
(−11)
−23.9
(−11)
Прос. врнежи мм (ин) 53.7
(2.114)
43.7
(1.72)
48.5
(1.909)
53
(2.09)
65
(2.56)
54.6
(2.15)
63.1
(2.484)
43
(1.69)
54.7
(2.154)
59.7
(2.35)
51.9
(2.043)
58.7
(2.311)
649.6
(25.575)
Прос. бр. врнежливи денови 10.2 9.3 10.4 9.4 10.3 8.6 8 6.9 8.5 9.5 9.7 10.7 111.5
Сред. бр. сончеви часови месечно 62.5 79.2 128.9 166.0 193.8 202.1 212.2 212.2 167.9 117.8 67.7 51.4 1.661,7
Извор: Метео Франција[8]

Историја

уреди

Почетоци

уреди
 
Римска бања во Латинскиот кварт.

Најраните археолошки откритија кои содржат траги за постоење на населби во денешниот регион на Париз датираат уште од 4200 година п.н.е., додека податоците за племето Паризи, кои биле познати морепловци и трговци, се од 250 п.н.е..

Римјаните го зазеле Париз околу 52 п.н.е. и го прошириле градот на левата страна на реката Сена и на островот Ил де ла Сите. Гало-римскиот град бил наречен Лутеција. Во наредните векови Париз константно се ширел и прераснал во град со убави градби како палати, бањи, театри, форуми, амфитеатри и друго. Распадот на Западното Римско Царство и заземањето од страна на Германите довело до стагнација на градот. Градот го добива своето сегашно име Париз по падот на Западното Римско Царство. Франечкиот крал Клодвик I го прогласува Париз за главен град во 508 година.

Среден век и периодот до 19 век

уреди

Чумата се појавува во Париз во 1348 година, од којашто настрадале многу луѓе. Во 1466, пак од чума и од глад умреле 40.000. Во тој период Париз имал околу 400.000 жители.

Париз ја губи титулата на главен град за време на Стогодишната војна меѓу Франција и Англија. Приматот му го враќа кралот Карло VII Победникот во 1437 година. Подоцна центарот на државата се префрла во долината на Замоците на Лоара. Во 1528, кралот Франсоа I го пренесува центарот на моќ од Лоара повторно во Париз. За време на Француската религиозна војна (1562-1598) во градот се наоѓало седиштето на Католичката партија на Франција. За време на владеењето на Карло IX, додека се подготвувала венчалната церемонија на наследникот на престолот Анри IV, започнала Вартоломејската ноќ (ноќта меѓу 23 и 24 август 1572) и набргу масакарот врз протестантите се проширил низ целата земја. Во тој масакар биле убиени 50.000 протестантски верници. Во 1682, кралот Луј XIV го префрлил своето седиште од Париз во дворецот во Версај.

Околу сто година подоцна, во Париз се случила и познатата Француска револуција со напад на затворот Бастилја на 14 јули 1789 година, а во 1792 кралската монархија била гилотирана. На 31 март Париз паднал под владение на Русите, за првпат по 400 години градот бил освоен. Војските на Козаците и Калмиците влегуваат во градот.[9]

19 век

уреди

Парижаните револтирани од монархијата кренале Јулска револуција во 1830. Кралот Шарл X бил принуден да абдицира од престолот. Со Февруарската револуција во 1848 година завршила монархијата на Луј-Филип I и се пристапило кон создавање на Втората Француска Република.

Индустриската револуција и Француската втора империја довеле до голем и брз развој на Париз. Преку железничките врски се овозможиле непречени миграции кон Париз и развој на индустријата во предградијата на градот.

Париз доживува масовна реконструкција за време на владеењето на Наполеон III Бонапарт. Со планот на архитектот барон Осман се изградиле нови улици, широки булевари и авении, се подобрила комуникациската врска со внатрешноста на земјата, се обновиле фасадите на зградите, се изградила водоводна и канализациона мрежа. Со тоа кралот се надевал дека ќе ги смири народните маси и ќе обезбеди нивна поддршка.

Во периодот од 1870 и 1871 година, градот се наоѓа под опсада, со која завршила и Француско-пруската војна. Со падот на кралот Наполеон III Бонапарт се формирала Париската комуна, при што народот ја презел власта, протерувајќи ја владата надвор од градот. Во борбите меѓу комуните и царската гарда загинале повеќе од 22.000 парижани.

Париз бил домаќин на Универзалната изложба одржана по повод на стогодишнината од Француската револуција. За таа изложба била изградена и прочуената Ајфелова кула, главен архитект на кулата бил Густав Ајфел по кого градбата го добила името. За време на изложбата во 1900 година било отворено и париското метро.

20 век

уреди

За време на Првата светска војна, Париз бил во близина на фронтот меѓу Франција и Англија од една страна, и Германија од друга. Со победата во Првата битка на Марна било спречено навлегувањето на германската војска кон Париз. Во повоениот период Париз станува главен центар на уметниците. Тука твореле: Стравински, Пикасо, Хемингвеј и многу други познати уметници од целиот свет.

На 14 јуни 1940 година, Париз паѓа во рацете на германските окупациски сили и останува сè до август 1944 кога бил ослободен, два месеца по инвазијата во Нормандија.

По војната, Париз започнува да се развива со забрзано темпо. Париските предградија започнале да се шират и се изградил најголемиот деловен кварт во Европа, Ла Дефенс (La Défense) со високи облакодери и модерни зданија.

Сè до 1970-тите повеќе предградија не биле индустријализирани, посебно северните и источните, и со доселувањето на емигрантите се зголемил бројот на невработени лица. Но со развојот на индустријата и високата технологија, во париската област се создал и напредок на оваа поле, па така денес Париз има најголем БДП, поголем од сите други градови во Европа.

21 век

уреди

Со цел да се намалат социјалните тензии во приградските зони и да се ревитализира економијата на Париз, се планираат неколку мерки од владата на Франција. Планот на претседателот на Франција, Никола Саркози е формирање на интегрирана метропола наречена Grand Paris со развој на предградијата каде живеат многу луѓе и отворање на работни места, како и инвестирање во софистицирана висока индустрија, и развој на научната дејност.

Во план за изградба се и неколку висококатници (над 300 m), кои биле одобрени во 2006 да се градат во деловниот кварт La Défense.

Култура

уреди

Опера и театар

уреди
 
Опера Гарние

Во Париз има големи оперски куќи, тука пред сè треба да се спомене Опера Гарние изградена во 19 век, исто така и модерната Опера Бастилја. Во 19 век постоеле и други оперски куќи како Опера на комиката, и театарот Лирик, којшто денес е познат како Градски Театар.

Театрите традиционално заземаат значајно место во културата на Париз, а тоа и денес е случај. Некои од главните театри во градот се Бобино, театрите Магадор и Гете-Монпарнез. Многумина од француските музички легенди својата слава ја стекнале во париските концертни сали, како Едит Пјаф, Морис Шевалије, Шарл Азнавур и многу други.

Храна

уреди

Париското кулинарство има голема традиција. Во градот има безброј ресторани и кафулиња, каде што туристите можат да уживаат во Француската кујна и нејзините специјалитети. Во градот се застапени и многу други кујни од светот.

Хотели

уреди
 
"Les Deux Magots" кафе.

Хотелите се уште една причина за ширењето на туризмот во Париз. Во градот има многу луксузни хотели, но може да се најдат и просечни апартмани. Најлуксузен и најпознат е хотелот Риц (Hôtel Ritz), кој се наоѓа на плоштадот Вандом, а е отворен во 1898 година. Познат хотел е и хотелот Де Крилон (Hôtel de Crillon) сместен на плоштадот Конкордија (Place de la Concorde), отворен во 1909 година.

 
Авенијата Елисејски Полиња од Плоштадот Конкордија, (Champs-Élysées)

Туристички атракции

уреди

Централно подрачје

уреди
  • Ајфелова кула (Eiffel Tower) е железна кула изградена на Марсовото поле, покрај реката Сена. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи не само на Париз туку и во светот. Кулата е именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел. Кулата е висока 300 метри, што одговара на околу 75 ката. Заедно со 24 метарската антена (72 стапки), структурата е висока 324 метри што одговара на околу 81 кат. Во времето кога завршила нејзината изградба во 1889 година, кулата била највисоката градба во светот, а останала највисока сè до 1930 година. Денес претставува една од најпосетените туристички атракции.
  • Лувр (Louvre) е најголемиот музеј во светот. Сместен е во дворецот Лувр. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Делови од Лувр за првпат биле отворени за јавноста како музеј на 8 ноември 1793 година, за време на Француската револуција. Централниот двор, во кој се наоѓа пирамидата Лувр изградена во 1989, служи како влез во музејот. Музејот чува некои од најпознатите уметнички дела, како Мона Лиза, Девицата и Детето со Св. Ана на Леонардо да Винчи и Венера од Милос на Александрос од Антиок.
  • Плоштад Конкорд (Place de la Concorde) е најголемиот плоштад во Париз. Се наоѓа во центарот на градот и од него започнува авенијата Елисејски Полиња. После плоштадот во Бордо, Плоштадот Конкорд е најголем во Франција. На плоштадот бил убиен на гилотина францускиот кралот Луј XVI. На ова место се наоѓа и египетскиот обелиск.
  • Елисејските Полиња (Champs-Élysées) е широка авенија со многу луксузни продавници, кина, кафулиња, ресторани. Тоа е една од најпознатите улици во светот. Авенијата е долга 2 километри и тргнува од Плоштадот Конкорд на исток, па сè до Плоштадот Шарл де Гол на запад, каде се наоѓа и Триумфалната Порта.
  • Плоштад Бастилја (Place de la Bastille)- каде се наоѓал познатиот затвор Бастилја, уништен за време на Француската револуција.
  • Богородичната црква (Notre Dame de Paris) е готска катедрала на источната половина на островот Ил де ла Сите на реката Сена, со главен влез од западната страна. Ова е катедрала на Париз и седиште на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓa“ (Богородица или Дева Марија).
  • Ил де ла Сите (Île de la Cité) е еден од двата природни острови во Париз. Ил де ла Сите бил местото каде е основан градот Париз уште во праисторијата и од каде што започнал да се шири градот. Денес островот е познато туристичко одредиште, бидејќи на него се наоѓаат неколку симболи на градот.
  • Триумфалната Порта (Arc de Triomphe) е споменик на плоштадот Шарл де Гол, познат и како плоштад Етоал. Се наоѓа на источната страна на Елисејските Полиња. Оваа порта ја изградил Наполеон Бонапарт, како израз на благодарност кон неговата војска, по неговите походи низ Европа. Тука е сместен и гробот на незнајниот јунак. Триумфалната Порта е висока 51 метар, а широка 45 метри.
  • Монмартр (Montmartre) е рид на надморска височина од 130 метри, кој се наоѓа во северниот дел од градот, во осумнаесеттиот округ (arrondissement), од десната страна на реката Сена. Монмартр е познат најмногу по базиликата Сакр-Кер (Свето срце) која се наоѓа на неговиот врв, но и како место за ноќен живот, познато по славните париски кабареа. Другата, постара позната црква на ридот е Сент Пјер де Монмартр, за која се тврди дека била место каде бил основан редот на Езуитите. Многу уметници имале атељеа и живееле на Монмартр, како на пример Салвадор Дали, Клод Моне, Пабло Пикасо, Винсент ван Гог и многу други.
 
Триумфалната порта
  • Монпарнас (Montparnasse) е кварт во Париз на левиот брег на Сена. Во овој кварт се наоѓа Пастеровиот институт. Под земја се наоѓаат познатите париски катакомби. Во почетокот на XX век, Монпаранс бил центар на интелектуалниот и уметничкиот живот во Париз, кои главно ги сочинувале сиромашните емигранти.
  • Латински кварт (Quartier Latin) е схоластички центар уште од 12 век. Сместен е на левата страна на Сена, во близина на Универзитетот Сорбона. Во овој кварт има многу ресторани, училишта и универзитети.

Париската област

уреди
  • Ла Дефенс (La Défense) е предградие на Париз и претставува најголем бизнис центар во Европа и е меѓу најголемите во светот. Во Ла Дефенс има многу современи градби, висококатници, кои се едни од највисоките во Европа. Многу светски познати фирми тука имаат свои претставништва.
  • Вал де Сен (Val de Seine) е една од најважните бизнис одредници во Париз. Тука се сместени и многу телевизиски куќи како Француската телевизија, ТФ1, Канал +, Евроспорт и многу други.
  • Сен-Дени (Saint-Denis) е предградие на Париз, во кое се сместени многу филмски студија. Предградието е познато и по тоа што е дом на најголемиот француски стадион Стад де Франс (Stade de France).

Паркови и градини

уреди

Во Париз има многу јавни паркови и градини. Меѓу познатите е Луксембуршка Градина, која се наоѓа во близина на Луксембуршката Палата. Во градот има и шума-паркови, како што се Булоњската Шума, Винсенската Шума и др.

Демографија

уреди

Според пописот од 1999, во Париз живеат 2.125.000, што е помалку од историски најголемиот број од 2,9 милиони во 1921 година. Париската урбана зона зафаќа површина од 2.723 км2 и е 26 пати поголема од самиот град. Париз и регионот околу градот се една од најголемите мултикултурни области во Европа. Според пописот од 1999 година, 19,4% од целокупното население во Париз е родено надвор од Франција. Најголем број од нефранцуското население го сочинуваат доселеници од Кина и Африка.

 
Поглед на Париз - Градот на светлината.

Администрација

уреди

Париз е главен град на Франција и седиште на владата на Франција. Претседателот на Франција е сместен во Елисејската палата која се наоѓа во осмиот округ, додека седиштето на премиерот се наоѓа во Хотел Матињон (Hôtel Matignon) во седмиот округ. Министерствата се сместени на неколку локации од градот. Сенатот е сместен во Луксембуршката Палата, во шестиот округ, а долниот дом на парламентот во Палатата Бурбон. Најголемите француски судови се наоѓаат во Париз. Касацискиот суд кој е највисок суд во земјата се наоѓа во Палатата на Правдата на Ил де ла Сите.

Стопанство

уреди

Со БДП од 2007 во износ од 533,6 милијарди евра, регионот на Париз е со најголем БДП во Европа. Кога регионот би бил држава, би била 17-та најголема економија во светот, приближно голема колку холандската економија. Парискиот регион е главен француски економски центар. Париз нема специјализирана индустрија како некои други големи градови, туку повеќе индустриски гранки (финансии, ИТ сервис, технологија, висока мода и друго).

Според податоците од пописот, извршен во 1999 година, околу 5.100.000 луѓе се вработени во парискиот регион. Од нив, 16,5% работат во бизнис секторот, 13,0% во комерцијалниот сектор, 12,3% во производство, 10% во јавна администрација и одбрана, 8,7% во здравство, 8,2% во транспорт и комуникации, 6,6% во образование и 24,7% во други економски сектори. Од производствените сектори најголем е електронскиот со 17,9% од вкупната работна сила. Туризмот е значајна гранка и во неа се вработени околу 3,6% од работниците од парискиот регион.

Образование

уреди

На почеток на 9 век, императорот Карло Велики наредил во црквите да се даваат часови по читање, пишување и други образовни и научни вештини. Париз уште тогаш бил значаен црковен центар во Франција и постепено прераснувал во схоластички центар. Во раниот 13 век, во црковното училиште во Нотр Дам настава одржувале многу познати учители, но многу од нив под влијание на црквата предавале контроверзни учења.

Во Париз има многу основни и средни училишта, престижни образовни центри како Lycée Louis-le-Grand, Lycée Henri-IV и други. Во академската 2004-2005 година во градот со својата околина имало 17 јавни универзитети со 359.749 студенти. Тоа е најголема концентрација на студенти во Европа.

Катедралата Нотр Дам била првиот високообразовен центар пред формирањето на Парискиот Универзитет. Сорбона е најпознатиот универзитет во Париз, кој е основан од страна на Роберт де Сорбон, кој бил теолог и схоластичар, а живеел и творел во средниот век.

Спорт

уреди

Најпопуларен спортски клуб во Париз е фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен, кој е еден од најпознатите во Франција и игра на стадионот Парк на Принцовите. Познат кошаркарски клуб е Париз Баскет Рејсинг. Градот има и рагби тим Стад Франс Пари (Stade Français), кој е меѓу најпознатите во Европа.

Во предградието Сен-Дени се наоѓа најголемиот стадион во Франција Стад де Франс со капацитет од 80.000 гледачи и 5 ѕвезди на УЕФА. Тука се одигра финалето на светското првенство во фудбал во 1998. На овој стадион значајни натпревари играат француската фудбалска и француската рагби репрезентација.

Градот Париз бил домаќин на две Олимпијади, во 1900 и 1924, а во него се одиграле натпревари и од две светски првенства во фудбал, во 1938 и 1998 година. Париз е познат и по велосипедската трка Тур де Франс, која се вози низ цела Франција, а последната етапа од трката завршува на Елисејските Полиња.

Сообраќај

уреди
 
Vélib'.

Улогата на Париз како светски центар, наметнува потреба од квалитетен транспорт до и надвор од градот. Градот има повеќе видови на јавен превоз со цел брзо и квалитетно превезување на патиници од едно до друго место во градот. RATP e државна компанија за масовен превоз во Париз. Таа вклучува 654 автобуски линии, метро, трамвајски линии, RER железничка мрежа во густо населените области и OPTIL, приватна мрежа од автобуски линии.

Париското метро е назначајниот транспортен систем, со 300 станици, поврзани со 214 км мрежа и со 16 линии низ целиот град. Во Париз има 4 трамвајски линии, а во план е отворање на уште шест. Во Париз популарен е и велосипедскиот превоз со изнајмување на велосипед, познат како Велиб (Vélib'), со над 20.000 велосипеди дистрибуирани на 1450 јавни паркинг места. Во 2008 година е воведен и фери систем Вогу (Voguéo) на реките Сена и Марна.

Париз е поврзан со другите Француски и Европски градови со железница, со супер брзите TGV возови, како и со обични возови.

Париз има два големи аеродрома: Орли и Шарл де Гол (еден од најголемите аеродроми во светот, по број на слетувања и по број на примени патници). Во близина на градот се наоѓаат и два помали аеродрома.

Париз има и развиена мрежа од автопатишта, кои го поврзуваат градот со големите градови во Франција и Европа, како Лион, Лил, Стразбур, Нант и европските како Брисел, Франкфурт и др.

Збратимени градови

уреди

Париз има еден сестрински град и многу партнерски градови.[10][11]

Сестрински град

уреди
  •   Рим, Италија, од 1956 (Seule Paris est digne de Rome; seule Rome est digne de Paris / Solo Parigi è degna di Roma; Solo Roma è degna di Parigi / "Само Париз е вреден за Рим; Само Рим е вреден за Париз").

Партнерски градови

уреди

Париз како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Париз како тема во книжевноста

уреди

Париз претставува инспирација за голем број писатели, кои искажуваат различни оцени за градот. На пример, американскиот писател Хенри Милер го опишува Париз како „претежно сив град“,[12] „нездраво место“,[13] „смрди“,[14] но „кој е навистина волшебен ноќе“[15] и „изгледа прекрасно“.[14] За Монмартр, тој вели дека е „мрзелив, рамнодушен, некако остарен, не е толку магичен колку што е заводлив, не пушта искри туку тлее со пригушен пламен.“[16] Понатаму, тој пишува дека „Монмартр е целиот пропаднат, избледен, запуштен, нескриено порочен, алчен, порочен. Сè на сè, повеќе е одбивен отколку привлечен, но подмолно одбивен, како и самиот порок.“[17] Во расказот „Вселување“ од збирката „Писма од мојот млин“, францускиот писател Алфонс Доде го опишува Париз како „бучен и црн“,[18] додека во романот „Зази во метрото“, Ремон Кено пишува дека „Париз е големо село“.[19] Во новелата „Исповедта на Лусио“,португалскиот писател Марио де Са-Карнеиро пишува за „космополитскиот Париз – снобовски и генијален“.[20] Од друга страна, во романот „Записките на Малте Лауридс Бриге“, германскиот писател Рајнер Марија Рилке го опишува Париз како „голем град, голем, полно со значајни искушенија“,[21] додека Фридрих Ниче вели дека уметникот нема друга татковина освен Париз, зашто на ниту едно друго место нема таква страсност во поглед на формата, а Париз се одликува со сериозност par excellence.[22] Во романот „Госпоѓа Бовари“, Гистав Флобер го опишува Париз како „поголемо пространство од океанот“.[23] Во расказот „Месојадно растение“, македонската писателка Наташа Сарџоска го опишува Париз со следниве зборови: „Париз беше predator. Свирепо и крволочно животно. Месождер. Отров во мало шишенце. Остров во нечовечко море. Привлечен и загадочен. Туѓ и недофатлив.“[24]

Париз се јавува како тема во повеќе книжевни дела, како:

Париз како тема во музиката

уреди
  • Париз (англиски: Paris) — американска рок-група, основана во 1975 година.[39]
  • „Елисејски полиња“ (француски: Champ Elysees) — песна на британската панк-рок група Адиктс (The Adicts).[40]
  • „Април во Парис“ (англиски: April in Paris) — популарна песна на композиторот Вернон Дјук (Vernon Duke) и текстописецот Јуп Харбург (Yip Harburg) од 1932 година.[41]
  • „Париски локал“ — песна на југословенската пејачка Оливера Катарина.[42]
  • „Париз 1919“ (англиски: Paris 1919) — песна од истоимениот албум на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1973 година.[43]
  • „Вечност во Париз“ (англиски: Eternity in Paris) — песна на британската рок-група Клок ДВА (Clock DVA) од 1983 година.[44]
  • „Злосторствата на Париз“ (англиски: Crimes of Paris) — песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1986 година.[45]
  • „Слободен човек во Париз“ (англиски: Free Man In Paris) — песна на американската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1974 година.[46]
  • „Мулен Руж како холандска дискотека“ (англиски: Moulin Rouge as a dutch discoteque) — песна на македонската музичка група Фолтин од 2003 година.[47]

Париз како тема во филмот

уреди

Наводи

уреди
  1. INSEE локални статистики Архивирано на 29 декември 2009 г..
  2. (француски) Institut National de la Statistique et des Études Économiques. „Chiffres clés évolution et structure de la population - Commune de Paris (75056)“. Посетено на 7 јули 2013.
  3. „Unité urbaine 2010 : Paris (00851)“ (француски). INSEE. Посетено на 3 јули 2012.
  4. „Aire urbaine 2010 : Paris (001)“. INSEE. Архивирано од изворникот на 2012-05-12. Посетено на 21 октомври 2011.
  5. „Aire urbaine 2010 : Paris (001)“ (француски). INSEE. Посетено на 3 јули 2012.
  6. „London ranked as world's six largest economy“. ITWeek. Посетено на 2008-08-04.
  7. PriceWaterhouseCoopers, "UK Economic Outlook, March 2007", page 5. "Table 1.2 – Top 30 urban agglomeration GDP rankings in 2005 and illustrative projections to 2020 (using UN definitions and population estimates)" (PDF). Посетено на 2007-03-09.
  8. „Климатолошки податоци за Париз, Франција“. Метео Франција. August 2011.
  9. „Battle of Paris 1814“. Napoleonistyka.atspace.com. Посетено на 2009-05-05.
  10. „Les pactes d'amitié et de coopération“. Mairie de Paris. Архивирано од изворникот на 2010-01-22. Посетено на 2007-10-14.
  11. „International relations : special partners“. Mairie de Paris. Архивирано од изворникот на 2008-12-25. Посетено на 2007-10-14.
  12. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 7.
  13. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 77.
  14. 14,0 14,1 Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 101.
  15. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 54.
  16. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 8.
  17. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 8-9.
  18. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 26.
  19. Rejmon Keno, Caca u metrou (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1992, стр. 32.
  20. Марио де Са-Карнеиро, Исповедта на Лусио. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 27
  21. R. M. Rilke, Zapisci Maltea Lauridsa Brigea. Beograd: Rad, 1964, стр. 44.
  22. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 56.
  23. Гистав Флобер, Госпођа Бовари. Нови Сад: Матица српска, 1951, стр. 52.
  24. Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 46.
  25. Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 43-44.
  26. Pol Verlen, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 18-21.
  27. Пол Елијар, Времето не проаѓа. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 61-62.
  28. Марсел Еме, Париски приказни. Скопје: Темплум, 2008.
  29. Лилјана Узуновиќ, „Читателот во земјата на романите или за нишката на Шехерезада“, во: Итало Калвино, Ако една зимска ноќ некој патник. Скопје: Магор, 2012, стр. 227.
  30. Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 64.
  31. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987.
  32. Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010.
  33. Džordž Orvel, Životinjska farma. Beograd; BIGZ, 1985, стр. 101.
  34. Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 29-31.
  35. Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 19-20.
  36. Божидар Настев, „Поговор - Виктор Иго (1802 - 1885) Клетници“, во: Виктор Иго, Клетници. Скопје: Матица македонска, 2003, стр. 495.
  37. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 37.
  38. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 148-149.
  39. Paris (19) (пристапено на 26.2.2024)
  40. YouTube, The Adicts - Champs Elysees (пристапено на 29.12.2016)
  41. Count Basie And His Orchestra* – April In Paris (пристапено на 25.9.2024)
  42. OLIVERA KATARINA - Pariski Lokal (пристапено на 15.12.2016)
  43. YouTube John Cale - Paris 1919 (пристапено на 26.1.2018)
  44. Clock DVA - Eternity in Paris - YouTube (пристапено на 15.11.2016)
  45. YouTube, Elvis Costello & the Attractions - "Crimes of Paris" (пристапено на 19.3.2018)
  46. DISCOGS, Joni Mitchell ‎– Court And Spark (пристапено на 19.8.2018)
  47. Foltin, Donkey Hot, Kukuzel IX002, 2003.
  48. kinoteka.mk (пристапено на 5.10.2019)
  49. IMDb, Midnight in Paris (2011) (пристапено на 14.5.2017)
  50. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 45.

Надворешни врски

уреди
  Статијата „Париз“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).